Македонија
Селмани: Груевски да не фрла бензин на меѓуетничките односи
Нова Демократија на Имер Селмани ја обвини владата дека синоќа околу полноќ ангажирала 10-тина градежни работници преку ноќ да продолжат со градежните работи на црквата-музеј на Кале.„Му порачувам на Груевски да не фрла бензин и во онака провоцираните етнички односи од страна на истата влада. Не е ниту време да се профитира со политички поени“, изјави Селмани.Тој не знае која е групата и кои се луѓето што упаднале синоќа на Кале, но вели дека тие на сосема легитимен начин реагирале со тоа што дошле да спречат, според неа, поголемо зло. На објектот чија градба беше стопирана беа забележителни траги од оксиген на влезната врата и беа турнати дел од соѕиданите тули.Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, чиј проект е изградбата на објектот е на службено патување во Германија и не го коментира инцидентот. Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, е недостапен за коментар, со образложение дека е на состанок. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

