Македонија
Огненовска: Во Градски аптеки немаше фиктивни фактури
Поранешната директорка на ЈЗО Градски аптеки, Весна Огеновска, тврди дека немаше дупли фактури, на рочиштето против неа и Ѓорги Тренкоски
Во Oсновниот суд 1 во Скопје продолжи судскиот процес против поранешните директори на Фондот за здравство Ѓеорѓи Тренкоски и на Градски аптеки Весна Огненовска, обвинети за злоупотреба на службената должност и овластување.Беше сослушана Огненовска која пред судот неколку пати повтори дека е невина, односно дека не учествувала во продажбата на Градски аптеки. Според нејзиниот исказ Владата била сто проценти сопственик на аптеките и ги продала, а таа во никој случај не учествувала во продажбата.За делот каде е обвинета дека правела двојни фактури за лекови Огненовска тврди дека тоа не е точно и се повика на вештачење од кое никаде не се гледа дали кога и како евентуално биле направени двојните плаќања. Парите од продажбата биле приход на фондот, а доказ за тоа била картица која не била земена за увид која се наоѓа во Фонот за здравствено осигурување.Судскиот процес продолжува со сослушување на сведоци. Тренкоски и Огненовска се обвинети за финансиски малверзации тешки 450 илјади евра, за наводно двојно плаќање на лекови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.
Македонија
(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини
Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и Центар Жупа.
Врапчиште (излезност 32,37%)
– Исен Шабани (НАИ) – 5.355 гласа
– Зулхајрат Демири (Група избирачи) – 3.028 гласа
Гостивар (излезност 30,34%)
– Ваљбон Лимани (НАИ) – 14.519 гласа
– Невзат Бејта (ВЛЕН) – 7.174 гласа
Маврово Ростуше (излезност 28,51%)
– Онер Јакуповски (ВМРО-ДПМНЕ) – 1.906 гласа
– Анес Ахмети (СДСМ) – 938 гласа
Центар Жупа (излезност 13,26%)
– Аријан Ибраим (Демократска партија на Турците во Македонија) – 973 гласа
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, рече во текот на утрешниот ден Комисијата ќе ги соопшти првичните официјални резултати, по приемот и обработката на записниците од сите избирачки места.

