Македонија
ВМРО-НП најостро ги осуди настаните на скопско Кале
„ВМРО-Народна партија, најостро ги осудува вчерашните настани, кадешто на највандалски начин, од страна на неартикулирана група, предводена од високи владини функционери, членови на ДУИ, беше спречена изградбата на црквата – музеј на Скопското Кале“, се наведува во писмената реакција на ВМРО-НП.
Тие велат дека се изненадени од, како што стои во реакцијата, игнорантскиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, по однос на овој вандалски чин од страна на нивниот братски владин партнер.
„Едноставно вчерашниот настан и молчењето на надлежните институции, за ВМРО-Народна партија претставува единствено начин како да се влошат меѓунационалните односи, а истовремено и братските владини односи во пресрет на предвремените парламентарни избори“, се додава во реакцијата на партијата.
Тие прашуваат во која функција беа полицајците, кои беа видени на ТВ снимките, дали во функција на спречувачи на толпата или во функција на поддржувачи и стимулатори на истата таа толпа?
„Го повикуваме јавното Обвинителство да превземе соодветни мерки по службена должност, бидејќи целата македонска јавност беше сведок на уништување на државен имот од неколку десетици партиски активисти“, велат од ВМРО-НП.
Според партијата доколку изостане реакција од официјалните државни органи се констатира дека работи за како што велат евтина режија за смислено сценарио на владејачките партнери, се со цел да го зголемат нивниот рејтинг кај сопствениот електорат. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.
Македонија
(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини
Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и Центар Жупа.
Врапчиште (излезност 32,37%)
– Исен Шабани (НАИ) – 5.355 гласа
– Зулхајрат Демири (Група избирачи) – 3.028 гласа
Гостивар (излезност 30,34%)
– Ваљбон Лимани (НАИ) – 14.519 гласа
– Невзат Бејта (ВЛЕН) – 7.174 гласа
Маврово Ростуше (излезност 28,51%)
– Онер Јакуповски (ВМРО-ДПМНЕ) – 1.906 гласа
– Анес Ахмети (СДСМ) – 938 гласа
Центар Жупа (излезност 13,26%)
– Аријан Ибраим (Демократска партија на Турците во Македонија) – 973 гласа
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, рече во текот на утрешниот ден Комисијата ќе ги соопшти првичните официјални резултати, по приемот и обработката на записниците од сите избирачки места.

