Македонија
Бедем: Во 21 век нема место за верски фундаментализам

Здружението на припадниците на безбедносните сили „Бедем“ го осуди чинот на рушење на верскиот објект на скопско Кале, наведувајќи дека во 21 век нема место за верски фундаментализам
„Бедем најостро го осудува чинот на рушење на црквата на скопско Кале особено што тоа е од значење за верските чувства на христијаните“, се вели во реакцијата.Од Здружението укажуваат дека Mакедонија не смее да биде место каде што ќе се шири верски фундаментализам.„Ваквиот чин ни ги враќа спомените од 2001 година.Денес, десет години подоцна не смее да им дозволиме на разни поттикнувачи на насилство, да ограничуваат било чии права“, стои во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Центар, Карпош и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:00 до 14:00 часот, дел од ул. Мирослав Крлежа и дел од ул. Ленинова, реон кај кафе Правда, општина Центар;
– Во периодот од 08:00 до 14:00 часот, дел од Булевар Партизански Одреди од библиотека кон ул.Лениново, општина Центар;
– Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, дел од објектите со парни броеви од ул. Иван Цанкар и ул. Вангел Дину, како и дел од објектите со непарни броеви од ул. Франце Прешерн, општина Карпош;
– Во периодот од 09:00 до 14:30 часот, дел од корисниците на ул. Осло и ул. Будимпештанска, општина Карпош;
– Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, ул. Киро Фетак-1, општина Кисела Вода.
Македонија
Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ во официјална посета на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска ќе биде домаќинка на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава.
Хрватскиот претседател ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателката, по што ќе следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на македонската и хрватската делегација.
Во рамки на посетата, претседателот на Република Хрватска ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска поради уличен дефект ф-100 мм на улицата Васко Каранѓелевски 38, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од булеварот Јане Сандански, односно парните броеви од 34 до 64.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.