Македонија
Повредени во инцидент на скопско Кале
Мирните протести закажани за денеска на скопското Кале се претворија во инцидент, во кој според непотврдени информации има неколку повредени лица, а едно е прободено со нож
Двете спротивставени групи кои сакаа да го искажат своето незадоволство од изградбата и од рушењето на црквата – музеј бесот го истурија со канонада од камења кои ги фрлаат едни врз други.Голем број униформирани полицајци се обидуваа да ги смират граѓаните кои дојдоа на скопската тврдина да го искажат својот револт.Како што неофицијално дознаваме повредени се неколку лица од двете групи. Има потврда за седум лица, од кои еден е полицаец. Едно лице е задржано во болница но не се соопштува тежината на неговата повреда, додека другите се пуштени на домашно лекување.За денеска во 12 часот најпрво беше закажан мирен протест на навивачката група „Комити“. Тие одбија да дадат изјава за медиумите и да кажат зошто се тука. На конструкцијата од музејската црква поставија знаме со сонцето од Вергина, но за кусо време го тргнаа.За еден час подоцна беше најавен и мирен протест на група Албанци, претставници на невладини организации.Двете групи истовремено се најдоа на скопското Кале, по што избувна тешкиот инцидент. Интервенцијата на полицијата спречи поголем инцидент.Во моментов ситуацијата на Калето е мирна, а местото на инцидентот го обезбедуваат полииски единици. Министерството за внатрешни работи најави дека наскоро ќе излезе со повеќе информации за инцидентот.Засега нема информации кој прв нападнал и што е причината за ваквата пресмета.Во моментов затворени се сите приоди до тврдината за посетители, а затворена е и улицата што минува покрај Кале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.
Македонија
(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини
Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и Центар Жупа.
Врапчиште (излезност 32,37%)
– Исен Шабани (НАИ) – 5.355 гласа
– Зулхајрат Демири (Група избирачи) – 3.028 гласа
Гостивар (излезност 30,34%)
– Ваљбон Лимани (НАИ) – 14.519 гласа
– Невзат Бејта (ВЛЕН) – 7.174 гласа
Маврово Ростуше (излезност 28,51%)
– Онер Јакуповски (ВМРО-ДПМНЕ) – 1.906 гласа
– Анес Ахмети (СДСМ) – 938 гласа
Центар Жупа (излезност 13,26%)
– Аријан Ибраим (Демократска партија на Турците во Македонија) – 973 гласа
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, рече во текот на утрешниот ден Комисијата ќе ги соопшти првичните официјални резултати, по приемот и обработката на записниците од сите избирачки места.

