Македонија
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ повикаа да се смират страстите
Владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ преку заедничко соопштение го осудија денешниот инцидент на скопското Кале и да се смират страстите.
„Ваквите чувствителни прашања можат и мораат да се решаваат само по пат на отворен политички дијалог и тоa во институциите на системот. Не смее никој вакви сензитивни прашања да ги користи за други цели. Уверуваме дека институциите имаат капацитет да го решат ова чувствително прашање во корист на демократската иднина на оваа заедничка држава“, се наведува во соопштението.
Тие уверуваат дека негувањето на културните права и културното наследство од сите етнички заедници останува еден од главните приоритети на програмата на двете партии.
„Мултикултурниот и мултиконфесионалниот карактер на општеството се важен столб на демократскиот амбиент. Ги повикуваме сите политички парти и невладиниот сектор со разум да пристапуваат кон сите прашања кои се од ваква природа“, велат од двете партии.
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ додаваат „ќе ги користат нивните политички и институциoнални капацитети овој изолиран настан дополнително да не ескалира и нема да дозволат сето ова да биде злоупотребено од политички партии и од поединци“./крај/со/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

