Македонија
Наскоро сложени операции на око и во Македонија
Европска очна болница, што е дел од турската болница „Инџи Ѓоз “ од Турција , ќе биде отворена кон крајот на месецот и во Скопје.
Ова денеска го најави директорот на Европската очна болница и офталмолог, Фарук Семис, кој најави вработување на 80 медицински лица.
Операциите во новата Европска очна болница во прво време ќе ги изведуваат врвни турски офтамолози, а подоцна се очекува вработување и на домашни специјалисти офтамолози.
„Во болницата ќе се извршуваат сите операции и оние со висок ризик кои не се прават во Македонија, а граѓаните за нив одат во други земји. На граѓаните на тој начин ќе им се скратат патните трошоци, трошоците за сместување и слично“, рече Семис.
Болницата има склучено договор со ФЗОМ, така што се очекува дел од трошоците за операциите да бидат покриени од буџетот на Фондот. /крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајна несреќа на патниот правец Гостивар – Стража, сообраќајот во прекин
Сообраќајот на патниот правец Гостивар – Стража е во прекин поради случена сообраќајна несреќа.
Како што информираат од Автомото сојузот на Македонија сообраќајната несреќа се случила пред УО Империјал.
Сообраќајот на овој патен правец е во прекин од 12.30 часот.
Македонија
Иванов до Бочварски: Што направивте Вие изминатите 7 години, лицемерна и задоцнета е наводната грижа од Ваша страна за граѓаните на Штип
На денешната седница во Собранието на амандманската расправа за Буџетот пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Душко Иванов се обрати до поранешниот министер Благој Бочварски и му упати прашање во однос на тоа што правел тој и СДС во изминатите 7 години и му посочи дека лицемерна и задоцнета е наводната грижа за граѓаните на Штип.
„Како и до сега во општата расправа по предлог Буџетот по амандманската расправа во овие неколку денови би рекол, амандман со задоцнета и ненавремена загриженост за граѓаните на општина Штип. Министер за транспорт и врски од претходната влада кој што две години беше градоначалник на Штип и 5 години министер за транспорт и врски, господине Бочварски ќе споменам два моменти за лицемерието што беше минатите денови. Предлагате амандман кој што веќе 3 месеци има проектна задача согласно надлежностите на општина Штип, веќе има проектна задача и се работи инфраструктурен проект од сопствени средства на општина Штип за реализација на споменато булеварско решение. Второ, се поставува прашањето што правевте вие во изминатите 7 години? Од извори на општина Штип ниту имало идеја за ова булеварско решение како градоначалник на општина Штип ниту пак како министер, сте мислеле дека нема потреба воопшто ова да биде како идеја, булеварското решение за да може да продолжи да има проектна задача, инфраструктурен проект и потоа основен проект согласно кој ќе се издаде дозвола за градба и да може општина Штип да аплицира и да обезбеди средства од централниот буџет“ истакна Иванов и додаде:
„Дополнително веќе од пред три месеци имаме проектна задача и предвидливоста е дека во текот на наредната година ќе се отпочне со изградба на булеварското решение“ нагласи Иванов.
Македонија
Митрески: ВМРО-ДПМНЕ одби да обезбеди средства за подобрувања на инфраструктура во Дебарско
СДСМ предложи амандман со кој бара да се обезбедат средства за завршување на втората етапа на патот во село Долно Косоврасти.
– Бараме да се обезбедат средства и за мост на трасата на патот, кај село Долно Косоврасти, како и средства за изградба на локален пат во село Дишане, во општина Дебар. Покрај ова, бараме да се обезбедат средства за изградба на кружен тек во општина Маврово и Ростуше, рече пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, на комисијата за финансирање на буџет.
Заменик министерот за финансии ги одби сите три амандмани предложени од СДСМ.