Македонија
Георгиев: Соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ врв на лицемерие
Потпретседателот на опозиционата СДСМ, Гордан Георгиев денеска оцени дека вчерашното заедничко соопштение на владеачките партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е врв на лицемерието, цинизмот и бесрамноста
„Ниедна изјава на владината коалиција не може да ја смени реалноста на која сите сме сведоци. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се директно одговорни за настаните на Кале и за политичката криза која прејде и во меѓуетничка тензија“, рече Георгиев.Тој ја повика власта веднаш да се нафати за итно решавање на новонастанатата ситуација, наместо повторно да бара дежурни виновници.„Наместо да ги повикувате институциите, кои директно ги контролирате, досега веќе требаше да ги разрешите министерката Јанкуловска, заменик министерот Бучи и идеологот на портокаловата антиквизација Паско Кузман“, му порача СДСМ на премиерот Никола Груевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Македонски Концепт: Бараме поддршка од стручната јавност и претприемачите за балансиран буџет
„Потребата од одговорното управување со јавните финансии, стои највисоко во нашите политики, за што како политичка партија Македонски Концепт бараме поддршка од стручната јавност и претриемачите за конечно донесување на балансиран буџет во Република Македонија. Тоа значи намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг, со цел да избегнеме прекумерно задолжување“, велат од Македонски Концепт.
„Подржуваме политики за рационализација на трошоците, строго управување со јавните средства и минимизирање на непотребните или неефикасни трошоци. Одржување на ниски даноци за да се поттикне економската активност, балансирање на приходите преку проширување на даночната основа и легализација на сивата и делови од црната економија.
Доколку ја немаме вашата поддршка, ние не сме во можност да спроведуваме политики кон обезбедување на долгорочна економска стабилност и одржливост на јавните финансии. Особено не ќе можеме да го ограничиме владиното вмешување во економијата и ставање на акцент на вас претриемначите, со цел приватниот сектор да стане двигател на растот. Само со заедничко дејствување, можеме да постигнеме зголемена отчетност и транспарентност во управувањето со јавните ресурси, за да ја спречиме корупција и злоупотребите на владините функционери.
Оваа филозофија на соработка помеѓу политичката партија и претриемачите е особено важна за Македонија како земја која се соочуваат со фискални предизвици, со цел да обезбедиме економска стабилност и доверба кај граѓаните и инвеститорите. Вие сте на потег. Ние стоиме на ваше располагање“, соопшти Македонски Концепт.
Македонија
Заев е единствениот политичар од Западен Балкан што Меркел го споменала во мемоарите, пишува германски новинар
Поранешниот македонски премиер, Зоран Заев е единствениот жив политичар од Балканот кого поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, експлицитно го споменува во своите меморари, пишува германскиот новинар Михаел Мартенс од „Франфуртер алгемајне цајтунг“ во својата објава на „Икс“.
Меркел го опишала поранешниот премиер како храбар и решителен, открива новинарот додавајќи дека таа не ги спомнува ниту српскиот претседател Александар Вучиќ, ниту премиерот на Албанија, Еди Рама, ниту Бојко Борисов ниту поранешниот српски претседател Борис Тадиќ. Не се споменува ниту поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц.
Мемоарите на Ангела Меркел насловени како „Слобода“ беа промовирани во Берлин, по три години откако таа ја напушти функцијата.
Former Austrian chancellor Sebastian Kurz: not mentioned. Former Greek finance minister Giannis Varoufakis: same. On the Western Balkans, the only (living) politician Merkel mentions in her memoirs is Zoran Zaev, whom she calls “courageous and determined”. That is about it.
— Michael Martens (@Andric1961) November 26, 2024
Македонија
Делови од Гази Баба и Аеродром без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваaт дека денеска (среда) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на ул.Панче Пешов бр.1,3,5и7 ( општина Гази Баба ).
– во периодот од 08.30 до 13.00 часот, бул.3-та Македонска бригада (кај ресторан Дион) ( општина Аеродром ).