Македонија
Антикорупциска ги затвори предметите за Мијалков, Канчевска и Тодоровски
Антикорупциската комисија ги затвори предметите, за директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, за министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и директорот за Јавна безбедност Љупчо Тодоровски
Во сите три случаи антикорупционерите утврдиле дека нема елементи за понатамошно постапување и дека сите тројца се чисти.По добиените документи од политичката партија Обединети за Македонија за утврдување на имотната состојба на Сашо Мијалков, ДКСК ги доставила документите кои беа напишани на чешки јазик до судски преведувач, извршила увид во комерцијалниот регистер на Чешка за трговското друштво „Сервице Поинт ММ“, како и во анкетниот лист на неговиот имот и имотот на неговото семејство.Поради значителната разлика на износот на финансиските средства од документите добиени од Обединети за Македонија и анкетните листови доставени од Мијалков, ДКСК побарала од Мијалков да даде информација зошто истата сума била наведена и во делот на побарувањата и во делот на други приходи.„Како содружник кој поседувал 50 отсто од трговското друштво ’Сервице Поинт ММ’ одлучил да го продаде својот удел во фирмата, по што било донесено решение неговиот дел како содружник во друштвото да се раздели на два дела и истите да се пренесат на другите двајца содружници. Склучил два поединечни договори со двајцата содружници за пренос на трговскиот дел на друштвото, со кои тие се обврзале да му платат секој по 500.000,00 евра. Едниот содружник му ја исплатил договорената сума од 500.000,00 евра, поради што во анкетниот лист е даден тој податок во делот други приходи, додека вториот содружник сè уште не му ја исплатил договорената сума од 500.000,00 евра, поради што во анкетниот лист е даден тој податок во делот побарувања“ образложил Мијалков.Во врска со предметот на министерката Елизабета Канческа – Милевска околу нејзиното членување и работа во стручни комисии на Министерството за култура со паричен надомест, Комисијата констатирала дека Милевска по изборот за министер доставила писмена изјава за враќање на сите парични средства земени по основ на членување во комисии.„Како израз на лична определба е пристапено кон враќање на средствата добиени на законска основа и тоа е сторено на начин, со документ Каса прими, што не е спорно од законски аспект. Со оглед на тоа што изјавата е самоволно преземена обврска, со враќањето на средствата во касата на Министерството за култура истата е исполнета. Враќањето на овие средства значи приход на Буџетот на РМ“ констатирала Комисијата.Според антикорупционерите нема корупција и во случајот со Љупчо Тодорвски, кој според некои информации не ја пријавил во анкетниот лист, хациендата во Горно Нерези.„На посоченото земјиште се наоѓаат три незавршени објекти, и тоа: еден приземен објект со површина од 150 м2, монтажен објект од 30 м2 и Параклис Свети Кузман и Дамјан со големина од 12 м2. Значи не станува збор за хациенда од 1900 м2 како што беше објавено. Градбата на овие објекти е започната во 1994 година, а прекината во 2005 година, а постапката за обезбедување на услови за градба била во тек поради што, Љупчо Тодоровски за нив не поседувал имотен лист со кој би ги пријавил во анкетниот лист и би докажал дека ги поседува. Поради тоа во анкетниот лист навел дека тоа земјиште има пазарна вредност од 6.000.000,00 денари бидејќи во тоа ги вклучил и наведените градежни промени врз земјиштето“ рече претседателот на ДКСК, Илми Селами.ДКСК побара преиспитување на работата на заменик министерот за култура Драган Недељковиќ по информациите дека ја користи својата положба за вршење влијание на нему блиско здружение граѓани, да бидат одделени средства од неговото министерство.Побараа и разрешување на Јордан Ангеловски, директор на Работнички Универзитет „Кочо Рацин“ во Скопје. Според нив, Државниот инспектор за труд во текот на 2009 година, извршил надзор и констатирани биле недостатоци и неправилности во врска со работниот однос на директорот Ангеловски, кој иако имал наполнети 64 години возраст и над 15 години пензиски стаж, сè уште бил директор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Ако Македонија е како Иран, дали Заев е ајатолахот?
ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешната изјава на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој Македонија ја спореди со Иран и Венецуела.
По ваквата изјава од владејачката партија велат дека СДСМ е потоната во свој микро свет, во кој сите се лоши, а само тие се добри.
„Кој мисли дека му верува на Филипче кога кажува дека Македонија е како Иран? Ако Филипче вели Македонија е како Иран, дали со оглед на тоа што СДС беше на власт 7 години, а во влада скоро 9 со техничката, ова значи дека Заев е Ајатолахот, а Филипче неговиот прв проповедник?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
На новинарско прашање во врска со отворената поддршка на Македонија кон САД за нападите кон Иран, лидерот на опозицијата кажа оти Соединетите Американски Држави, како наш стратешки партнер треба да знаат дека во нашата земја има власт со многу слични карактеристики на тие авторитарни режими со кои тие се справуваат.
Елаборирајќи го својот став, тој ги повтори критиките дека Владата на чело со ВМРО-ДПМНЕ ја турка земјата кон изолација, дека преку вицепремиер во извршната власт има контакти со рускиот претседател Владимир Путин, како и дека целосно го партизира правосудството.
„Имаме власт и премиер којшто ја бутка земјата во изолација, притоа знаејќи дека во стратешки интерес на Соединетите Американски Држави е интергацијата во ЕУ и на нашата земја и на целиот регион“, рече Филипче.
Македонија
Пуштена во употреба реконструираната обиколница во Крива Паланка
Реконструираната обиколница во Крива Паланка е пуштена во употреба.
На настанот присуствуваше премиерот, Христијан Мицкоски, кој нагласи дека Владата продолжува со реализација на капитални инвестиции.

Тој посочи дека ваквите проекти претставуваат додадена вредност за граѓаните и за економијата и најави дека во наредниот период во Крива Паланка и во регионот ќе се реализираат инвестиции во вредност од неколку стотици милиони евра.
„Крива Паланка е влезна точка на делот од Коридорот 8 во Македонија“, рече Мицкоски, додавајќи дека меѓу приоритетите се третата фаза од железничката пруга, забрзување на втората фаза, како и нови патни делници кои ќе го заобиколат влезот во Куманово за сообраќајот кон исток.

Премиерот истакна дека Владата останува фокусирана на капитални инвестиции, при што како клучни ги наведе Коридорите 8 и 10, со приоритет на патничко, железничко и енергетско поврзување.
Мицкоски оцени дека инвестициите ќе придонесат за економски раст и ќе создадат услови за развој на локалните заедници, изразувајќи очекување дека дел од иселените граѓани ќе се вратат и ќе продолжат да живеат и работат во земјата

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој се обрати од настанот, рече дека со изградбата на експресниот пат Страцин–Крива Паланка, реконструкцијата на обиколницата и модернизацијата на граничниот премин Деве Баир целосно се развива источното крило на Коридор 8.
Тој посочи дека реконструкцијата на обиколницата, во должина од 4,5 километри, е инвестиција од 1,2 милиони евра и претставува значајно поврзување со Бугарија како витален дел од Коридор 8. Додаде дека во тек е модернизација и проширување на граничниот премин Деве Баир, при што првата фаза се очекува да заврши до јуни, а потоа ќе следи проширување на капацитетите.

Николоски нагласи дека во соработка со ЕУ се бара решение и за модернизација на делницата Страцин–Романовце, како и дека интензивно се работи на железничкото поврзување кон Исток. Потпишан е договор со Бугарија за прекуграничниот тунел, а се очекува Крива Паланка да биде поврзана со Скопје со дневна железничка линија.
Македонија
Кривични пријави за 10 возачи поради возење без возачка дозвола
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода 10 возачи, од кои пет лица за возење под дејство на алкохол, на територија на Куманово, Кривогаштани, Битола и двајца во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Исто така, четири лица се санкционирани затоа што управувале возило без возачка дозвола, на територија на тетовско, Гостивар, Гевгелија и Кавадарци. Еден возач е лишен од слобода поради возење со забрана за управување возило од Б категорија, и тоа во Скопје. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, посочува МВР.
Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

