Македонија
Фуере: Градењето згради и споменици да се одвива со соодветна консултација
 
																								
												
												
											Градењето на згради и споменици со јавни пари треба да се одвива со соодветна консултација и јавна дискусија, вели евроамбасадорот Ерван Фуере, коментирајќи го неделниот инцидент на скопското Кале, поврзан со изградбата на црквата музеј
Повикува владата и чинители во општеството да работат заедно со цел спречување на сличен инцидент во иднина.„Ова е голема грижа, поради тоа што тензиите јасно ја подвлекоа длабоката недоверба што продолжува во општеството. Го поздравувам соопштението испратено од владината коалиција, но повеќе треба да се направи со цел да се осигура дека ваков инцидент нема да се случи повторно. Владата треба да работи повеќе со сите сектори во општеството и под никои околности не треба да има понатамошна акција во однос на градењето на тврдината се додека нема соодветна дискусија. Никој не може да биде против дискусија, дијалог со цел сите заинтересирани култури бидат земени в предвид. Затоа уште еднаш ја повикувам владата, владејачките партии заедно со сите партии и граѓанското општество да работат заедно и да спречат таков инцидент повторно да се случи, што може да ескалира и да создаде проблеми за оваа земја“, рече евроамбасадорот Ерван Фуере.Евроамбасадорот смета дека сите потези, вклучувајќи го подигнувањето на градби и споменици со јавни пари треба да се случуваат со соодветна консултација со општеството.„Одговорните треба да ја имаат на ум сериозноста на нивните потези. Затоа владата мора да го превземе водството во работата со сите сектори во општеството. Има градење на згради и споменици што се случува без соодветна консултација. За сите овие потези треба да има соодветна консултација, поради тоа што, покрај се, се користат јавни пари и граѓаните имаат право да знаат како овие јавни пари се трошат“, вели Фуере.Запрашан за улогата на вработен во холандската амбасада во неделниот инцидент, Фуере со став – треба да се работи на откривање на основната причина на проблемот, а не на стигматизирање на поединци.„Мислам дека холандската амбасадорка јасно се произнесе во врска со тоа. Во исто време, сметам дека е погрешно да се посочува на една индивидуа. Ова е генерална ситуација, каде има поделена одговорност и оваа одговорност мора да се адресира на вистински начин од страна на владата, но на начин кој навистина се однесува на основната причина на проблемот, без да се стигматизираат луѓето едни со други. Имаше многу групи што беа таму и со соодветна консултација овој многу сериозен инцидент можеше да биде избегнат“, рече Фуере.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Македонија
Тетовец се заканил со убиство на жена и функционери од политичка партија: Обвинителството поведе постапка
 
														Основното јавно обвинителство Тетово, постапувајќи по кривична пријава од СВР Тетово, поведе постапка против 49-годишен тетовец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 5 од Кривичниот законик.
Осомничениот, на 28 октомври, од профил на социјалната мрежа Фејсбук објавил видео и текст на албански јазик во кој отворено се заканил со убиство и други тешки кривични дела кон една жена и кон функционери од една политичка партија и лица со политичко уверување. Со објавата која имала навредлива, омаловажувачка, но и заканувачка содржина кај оштетената предизвикал чувство на вознемиреност и страв.
Јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судот го прифати предлогот и ја определи притворската мерка.
Македонија
Завршува кампањата за вториот круг од локалните избори, на полноќ почнува изборниот молк
 
														На полноќ завршува кампањата за вториот круг од локалните избори што ќе се одржат во недела, 2 ноември. Со тоа почнува изборниот молк, кој ќе трае до затворањето на избирачките места во 19 часот во недела.
Во вториот круг ќе се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, а на три избирачки места во Шуто Оризари ќе се спроведе прегласување за советници. Во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше ќе се повтори изборниот процес поради непостигнат цензус во првиот круг одржан на 19 октомври.
Синоќа во Скопје коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го одржа завршниот митинг, на кој зборуваа премиерот и лидер на партијата Христијан Мицкоски и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Мицкоски ги изрази очекувањата за историска победа во вториот круг, додека Ѓорѓиевски ги повика скопјани масовно да излезат на гласање и, како што рече, да покажат дека Скопје избира работа и човек кој знае и умее.
Движењето ЗНАМ најави мини митинг со обраќања на Мицкоски, Ѓорѓиевски и кандидатот за градоначалник на Центар, Мирослав Лабудовиќ, додека кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, во текот на денот ќе одржи завршна прес-конференција.
Во Град Скопје право на глас имаат 474.304 гласачи, кои во недела ќе избираат меѓу Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Амар Мециновиќ од Левица.
Македонија
Околу 130 килограми марихуана откриени на Табановце, поведена истрага
 
														Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
На 29 октомври, на граничниот премин Табановце, во камион со полуприколка (ладилник) со словенечки регистарски ознаки, тој се обидел да пренесе 129,7 килограми наркотична дрога марихуана. Дрогата, во 14 торби скриени во камионот во сопственост на превозна компанија од Словенија, ги пронашле царинските службеници при контрола на возилото.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											