Контакт

Македонија

Кривична пријава за поранешен градоначалник на Карпош

Објавено пред

Одделението за економски криминал при МВР поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Сашо Димиќ, соопштуваат од МВР

Освен за него кривична пријава е поднесена и против поранешен помошник раководител  на Секторот за урбанизам при Општина Карпош, поради постоење на основано сомнение дека извршила кривично дело „Помагање“.Според МВР, Димиќ во 2009 година ставил печат и се потпишал како градоначалник на одобрение за употреба на градежен објект-зграда лоцирана на ул. “Даскал Камче“ бр.3.„Со тоа овозможил противзаконско примопредавање на објектот, негово евидентирање во јавните книги во Катастарот и покрај тоа што знаел дека решението за локациски услови на истиот објект со пресуда на Управен суд на РМ од 20.02.2009 год. и со решение на Секторот за управно надзорни работи при Министерството за транспорт и врски од 30.03.2009 год. било укинато“ соопштуваат од МВР.Со негова помош инвеститорот земал пари со незаконско продавање на станови во истиот објект.Во кривичното дело му помогнала Раководителката на секторот за урбанизам при општина Карпош.

Македонија

За шест часа, казнети 66 возачи за брзо возење на автопатот Скопје-Велес и скопската обиколница

Објавено пред

Полицијата за шест часа казни 66 возачи за брзо возење на автопатот Скопје-Велес и скопската обиколница, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Денеска од 14 до 20 часот Мобилната единица за безбедност во сообраќајот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Скопје-Велес и скопската обиколница, при што санкционирани се 66 возачи“, се наведува во соопштението.

62 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а 17 за дури над 70 километри на час над дозволената.

Од МВР најавија дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Прикажи повеќе...

Македонија

На ГП Табановце се чека по 20 минути за влез во државата

Објавено пред

На граничниот премин Табановце со Србија се чека по 20 минути за влез во државата, информира АМСМ.

„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во државата е околу 20 минути“, информира АМСМ.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Регионалниот пат Ресен – Охрид (преку Галичица) е отворен за сообраќај. Препорака до возачите да пристапуваат внимателно на овој патен правец поради можната појава на помали одрони.

Прикажи повеќе...

Македонија

Топол бран од вторник со температури до 40 степени

Објавено пред

Од вторник под влијание на многу топла воздушна маса од југ, времето ќе биде стабилно и многу топло со натпросечни температури за овој период од годината, информира УХМР.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 а максималната од 27 до 36 степени.

Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде околу 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Во следните денови, под влијание на многу топла воздушна маса од југ, времето ќе биде стабилно и многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Во вторник насекаде ќе бидат над 30, а во следните денови во повеќе места над 35, додека во најтоплите делови од земјата ќе достигнат околу 40 степени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

За шест часа, казнети 66 возачи за брзо возење на автопатот Скопје-Велес и скопската обиколница

Полицијата за шест часа казни 66 возачи за брзо возење на автопатот Скопје-Велес и скопската обиколница, соопшти Министерството за внатрешни...

Спорт6 часа

„Гранде“ Пандев потврди дека утре го игра последниот меч за Македонија!

Легендарниот македонски капитен Горан Пандев, потврди дека утре против Холандија ќе го одигра својот последен меч за македонската репрезентација, заминувајќи...

Регион10 часа

Џамбаски: Македонија е бугарска, од двете страни на границата Деве Баир живее една нација

Една нација живее на двете страни од границата Деве Баир, а тоа е бугарската, ова го напиша бугарскиот европратеник, Ангел...

Македонија10 часа

Нови осум заболени од Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.265 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 3,...

Свет11 час

(Видео) Петмина градежни работници загинаа при уривање на училиште во Белгија

Најмалку пет лица загинаа а девет се повредени кога училишна зграда во белгискиот град Антверпен се сруши за време на...

Македонија11 час

Николоски: Нема да дозволиме избори без евидентирање на граѓаните со отисок од прст

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи локални избори без евидентирање на граѓаните со отисок од...

Топ12 часа

Австралијка приведена на скопскиот аеродром

Државјанка на Австралија ноќеска била приведена на скопскиот аеродром, откако при извршена пасошка контрола и проверка во службените евиденции било...

Регион13 часа

(Видео) Тројца работници повредени во експлозијата во фабриката во Чачак

Тројца работници се полесно повредени, а еден е задржан на одделение за интензивна нега на лекување, по вчерашните низа експлозии...

Свет14 часа

(Видео) Незапаметени поплави на Крим, еден загинат и 24 повредени

Едно лице загина, две се исчезнати, а 24 се повредени по поплавите предизвикани од поројните дождови во близина на Јалта...

Свет14 часа

(Видео) Пукање на роденденска забава во Торонто, повредени три деца и еден маж

Три деца и еден маж се повредени во пукање на роденденска забава на отворено, што се случи во западниот дел...

Свет14 часа

(Видео) Камион прегази двајца учесници на Парадата на гордоста во Мајами, едниот почина

Камион прегази двајца учесници на вчерашната Парада на гордоста во Мајами, при што едниот почина а другиот е тешко повреден,...

Топ15 часа

Над 200 возачи санкционирани во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На...

Македонија1 ден

Индискиот сој потврден кај уште едно лице во земјава

Уште еден случај на индискиот сој на коронавирус е потврден во земјава. Се работи за уште еден Македонец кој дошол...

Топ1 ден

Починат затвореник пронајден во кумановскиот затвор

Во затворот „Кшање“ во Куманово ноќеска бил пронајден мртов 58-годишен затвореник од с.Старо Нагоричане. „ На 19.06.2021 во 02.45 часот...

Македонија1 ден

Еден починат и четири нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени четири нови случаи на коронавирус, едно лице почина, а 68 оздравеа, соопшти...

Македонија1 ден

Филипче: Не е вистина дека пациенти не се оперираат и дека скопските клиники се во колапс

Не е вистина дека пациенти не се оперираат и системот на скопските клиники е во колапс, тврди министерот за здравство,...

Спорт2 дена

Македонците за четири дена го „испиле целото пиво“ во Букурешт

Фудбалската репрезентација на Македонија, во четвртокот, го напушти Букурешт и се пресели во Амстердам, каде ќе го одигра последниот натпревар...

Свет2 дена

(Видео) Трамп се огласи за спремните одговори на Бајден: Затоа државата оди по ѓаволите

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, се огласи за видеото на кое се гледа неговиот наследник, Џо Бајден, со спремни...

Македонија2 дена

За еден ден казнети 627 возачи за брзо возење

Полицијата за еден ден казни 627 возачи за брзо возење на територија на целата држава, соопшти Министерството за внатрешни работи....

Регион2 дена

САД ја поздравија Резолуцијата за Сребреница усвоена во Парламентот на Црна Гора

Американскиот Стејт департмент ја поздрави Резолуцијата за Сребреница усвоена во Парламентот на Црна Гора во петокот. „Позицијата на САД во...

Досие