Македонија
МОН : Граѓаните ги поддржуваат измените во Законот за високо образование
Според анкетата која ја направил Институтот за политички истражувања , осумдесет отсто од граѓаните се изјасниле позитивно за промените во законот за високо образование а негативно 14, 8 отсто.
Истражувањето кое го нарачало Министерството за образование , покажува дека 79, 5 отсто од испитаните граѓани сметаат дека со предложените измени во Законот, ќе се добие поквалитетно образование а 14, 8 отсто биле со негативен став.
Концептот за екстерна евалуација на професорите, кој беше прилично критикуван од страна на универзитетите, го поддржуваат 73, отсто а против се изјасниле 20 отсто од испитаниците.
Деведесет и два отсто од анкетираните сметаат дека јавните универзитети треба да дадат отчет за сработеното додека само пет отсто се против тоа.
Забраната за непотизам на универзитетите , ја поддржале 83, 2 отсто додека 13 отсто се изјасниле негативно по ова прашање.
И студиските програми на англиски јазик кој се дел од измените во Законот, ги поддржале високи 80, 6 отсто од испитаниците додека 15, 4 не се согласуваат.
„Убеден сум дека законот за високо образование , за десетина години ќе овозможи многу поквалитетно високо образование во Македонија, и многу поквалитетни услови за општествен и економски развој“, рече Министерот за образование и наука, Никола Тодоров кој ги соопшти резултатите од истражувањето.
Истражувањето е спроведено минатата недела , во телефонската анкета, врз 1110 репрезентативни примероци во целата држава.
Поради измените на Законот за високо образовани кои беа изгласани на 9. февруари , голем дел од академската заедница влезе во отворен конфликт со Министерот Тодоров а дел од професорите измените ги сфатија како упад во автономијата на универзитетите./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

