Македонија
Груевски повика на предвремени парламентарни избори
Премиерот Никола Груевски вечерва во интервју за Телевизија Сител го повика лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски да се врати во Собранието, да се усвои законот за избори, по што би се организирале предвремени парламентарни избори.„Тој цело време за нас говори ние сме биле ненародна власт, немаме поддршка од граѓаните, еве Бранко дојди, да видиме на избори кој е ненародна власт, кој ја има поддршката. Извади програма зошто никогаш досега нема извадено програма, ќе ја извадиме ние нашата програма, што планираме за идниот период“, порача Груевски во интервјуто за Сител.Веднаш по настапот на Груевски, СДСМ се огласи преку членот на извршниот одбор на партијата, Јани Макрадули, кој на гостување на А1 Телевизија рече дека утре ќе го официјализираат ставот по вечерашниот повик на Груевски.„Секако ние сме спремни да победиме на првите наредни избори. Овој ненароден режим мора да се промени на избори. Ќе го официјализираме нашиот став утре но, СДСМ е спремен да победи кога и да бидат изборите“, рече Макрадули за А1. /крај/сител/а1/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

