Македонија
Државниот архив подари артефакти на МЦ на Холокаустот на Евреите
NULL
За потребите на Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија, Државниот архив денеска отстапи околу 40 артефакти.Директорот на Државниот архив Зоран Тодоровски на денешното свечено примопредавање во еврејската заедница рече дека предметите се подаруваат врз основа на универзално правило што постои не само со Законот за културно наследство, туку и во смисла дека местото на предметите им е во музеите, а на документите во архивите. „Подаруваме околу 40 предмети, меѓу кои 26 се пликоа кои содржат предмети кои што при апсењето на Евреите во 1943 им биле одземани. Меѓу овие пликоа има и една детска белегзија, една златна турска паричка и една обетка и осум златни навлаки за заби. Тоа е се што било останато од тој огромен број предмети кои им биле одземени на Евреите“ – рече Тодоровски.Меѓу пишаните документи кои биле сочувани во Државниот Архив се наоѓаат три еврејски дипломи од 1929 година, како и правни документи кои биле донесени меѓу двете светски војни. Во Меморијалниот центар ќе се најдат и документи за правила и организација на работата на клубот на скопските Евреи, основан во 1920 година, Закон за еднократен данок на имот на лица од еврејско потекло од 1941 година, книга со сметкопотврди за извршени наплати, значки за одбележување на Евреите и список на издадените значки во 1941 година, картони за одбележување на еврејските домови во 1941 година и купони за снабдување на еврејското население со леб од 1943 година.„Овие пликоа имаат голема вредност за нас затоа што тоа се пликоа кои се пополнувани со лични предмети во самиот Монопол, пред товарење во вагоните и ракописот на нив е последното нешто што го направиле тие луѓе пред да бидат убиени. Овие автентични ракописи за нас се навистина многу вредна колекција“ – истакна Лилјана Мизрахи од Управата на Фондот на ХолокаустотМеморијалниот центар на Холокаустот ќе биде отворен на 10 март. крај/к.с
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, до 100 метри на патните правци Делчево – Македонска Каменица и Катланово – Велес и од 100 – 150 метри на патните правци Градско – Неготино и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.

