Македонија
Адвокатите на Бучковски бараат разрешување на судијата што го суди
NULL
Денес адвокатите на Владо Бучковски и останатите обвинети за случајот тенковски делови во Судскиот совет поднесоа барање за поведување постапка за утврдување нестручно и несовесно вршење на судиската функција на судијата Дијана Груевска Илиевска заради суштествени повреди на постапката. За овој случај на нестручно и несовесно вршење на судиската функција, писмено е информиран и Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски. Барањето е поради последните настани кои наместо до судење, доведоа до кавги во судница. Поради отсуство на Бучковски заради службено патување, судиката нареди негово стражарно приведување. Потоа откако пратеникот Бучковски го оправда патувањето и судењето требаше да започне, еден од обвинетите не се појави во судница оти бил хоспитализиран. Но судиката иако отсуствуваше обвинет се обиде да го започне судскиот процес. Тогаш жестоко реагираа адвокатите дека судиката ги крши законите. Побараа изземање од процесот за што одлука треба да донесе Претседателот на судот. Од друга страна судиката, пак, на секое судење појаснуваше дека судскиот процес не може да го сработи бидејки 13 пати го одлагала. Причини за одложувањето беа влошена здравствена состојба на дел од обвинетите. Таа добиваше лекарски потврди дека вечерта пред судењето на обвинетите им се слошило, за следниот ден биле пуштани на домашно лекување. Судијата Дијана Груевска Илиевска на последното рочиште кажа дека лекарските потврди биле од амбулантски извештаи. Бучковски и останатите обвинети одговараат за финансиски малверзации при набавка на резервни делови за тенкови од времето кога пратеникот беше министер за одбрана. Ова е повторена постапка Бучковски еднаш беше осуден на три и пол години затвор, но пресудата ја укина Апелациониот суд. Предметот го работеше одделот за организиран криминал, а сега се суди во обичен. /крај/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, до 100 метри на патните правци Делчево – Македонска Каменица и Катланово – Велес и од 100 – 150 метри на патните правци Градско – Неготино и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.

