Македонија
Уставен: Внесувањето на Бадентер е внесување на политика во судот
Воведувањето на Бадентеровиот принцип на одлучување во Уставниот суд е внесување на политика во судот, смета претседателот на Уставен, Бранко Наумовски
„Воведувањето на Бадентеровиот принцип односно гласањето и надгласувањето во една ваква институција сметам дека е внесување на политика во одлучувањето. А внесувањето на политика во одлучувањето мислам дека е опасна работа и дека не и е местото тука. Местото на политиката е во Собранието, за одредени прашања околу кои може да се постигне консензус и внесување во соодветна норматива, а во одлучувањето на судот мислам дека тоа значи поместување на концепцијата на уставното судство во Уставот и не би можел да претпоставам како тоа би функционирало. Тоа е мое лично мислење“ рече претседателот на Уставниот суд на редовната годишна прес-конференција посветена на работата на судот за 2010 г.Инаку ДУИ минатата недела побара Бадентер да влезе и во Уставниот суд, како услов за натамошна поддршка на измените на Уставот. ДУИ бара Судскиот совет да одлучува со двојно мнозинство при разрешувањето на судиите, како и Бадентеровото гласање да се применува и во Уставен суд за закони што Собранието ги донело според тој принцип на одлучување.На годишната прес конференција судиите ја претставија целокупната работа на судот во текот на претходната година.Во текот на мината година судот постапувал по 371 предмет. Од нив завршил 245 предмети, а останатите 126 се пренесени за работа за оваа година. Укинал вкупно 51 закони и други прописи, со одлука за поништување завршиле шест предмети, со одлука за утврдување повреда на слободи и права завршил еден предмет. Со решение за неповедување на постапка за оценување на уставноста завршени се 112 предмети, а отфрлени се иницијативите за 70 предмети.Претседателот на судот нема податок дека некоја од одлуките не се извршила, иако има примери, кога одредени закони и покрај тоа што паднале на Уставен, потоа со повторни иницијативи, сепак се донесуваат.„Откако ќе се донесе одлука со која ние сме укинале или сме поништиле акт нормално треба да се постапи. Во меѓувреме ако се изигра таа одредба, па се донесе нова, тогаш ние ако имаме иницијатива дека тоа е сторено, нормално дека ќе реагираме и соодветно ќе одлучиме. Инаку изигрувањето, носењето на оваа одредба практично создава една нова правна ситуација во која ако не се постапило по одлуката на судот, тогаш ние имаме повторно одлучување по таа иницијатива и оспорениот акт и соодветно да реагираме. Доколку, нема ниедна измена во тоа значи се повторува истата таа одредба, мислам дека слободно може да речеме дека тоа е непочитување на одлуките на Уставниот суд, непочитување на институцијата и ние немаме друг механизам освен да постапиме по тоа, односно да одлучиме во однос на таквите иницијативи и повреди што се прават дали намерно или ненамерно“ вели Наумовски.Во однос на политичките притисоци, Наумовски вели дека досега врз него немало политички притисок. Според него демократски е да се изразува одреден став, по одредени одлуки, но ако сето тоа е правно аргументирано.„Доколку ги помине тие демократски линии, може да го сметаме како атак на судот нешто што се случуваше во изминатава година во одредени случаи. Мислам дека политичките притисоци се работа на поединецот односно на секој судија, колку ќе одолее на таквите притисоци и како ќе ги разбере“ вели Наумовски.На прес-конференцијата, претседателот укажа на кадровската неекипираност на судот, недоволните финансии на судот, како и застарената техника.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.
На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.
Македонија
Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација
Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека досега повеќе од 150 македонски државјани, ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби, околу можностите за евакуација.
Со сите нив се одржува постојан контакт и доколку се пријават за евакуација ќе се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција за нивно безбедно враќање, наведуваат од МНР.
– Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму останува целосно на располагање на граѓаните. Уште еднаш ги повикуваме сите наши државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните надлежни безбедносни органи, велат од Министерството.
Поради ситуацијата на Блискиот Исток, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија од вчера функционира кризен штаб кој е на 24 часовно располагање на граѓаните за сите информации.
За дополнителни информации и помош, на располагање се:
СОС дежурен телефон (МНРНТ):
075/273-732
Амбасада на Република Северна Македонија во Доха
Тел: +974 50 173 111
Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби
Тел: +971 56 441 7532
Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив
Тел: +972 54 500 8566
Тел: +972 54 967 0546.
Македонија
Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи
Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше на можност за самоубиство од страна на малолетен корисник.
Полицијата веднаш ги презеде сите неопходни мерки за утврдување на идентитетот и локацијата на лицето, кое за кратко време беше пронајдено. Малолетникот е во добра состојба, а родителите се известени и запознаени со понатамошните чекори за негово ментално здравје.
Овој настан уште еднаш ја нагласува важноста од внимателно следење на однесувањето на младите во дигиталниот простор. Родителите треба редовно да комуницираат со своите деца, да се интересираат за нивните активности на социјалните мрежи и да реагираат веднаш при забележување загрижувачки објави или несвојствено однесување – апелираат од Секторот за компјутерски криминал.
Апел е упатен и до пријателите, соучениците и сите корисници на социјалните мрежи: доколку забележат објави што упатуваат на самоповредување, безнадежност или најави за самоубиство, веднаш да ги искористат механизмите за пријавување на платформата или да известат родител, наставник или најблиска полициска станица.
-Навремената реакција може да спаси човечки живот. Секторот за компјутерски криминал ќе продолжи со засилени активности за рано откривање и превенција на ризични појави во дигиталниот простор, велат од МВР.

