Македонија
Шестчлена криминална група затаила илјадници евра данок

NULL
Шестчлена група, управители и основачи на фирми во Скопје со затајување на данок, фалсификување или уништување на деловни книги и перење пари го оштетиле буџетот на државата за околу 43.000 евра, соопштуваат од МВР.
Центарот за сузбивање на организиран криминал поднесе кривична пријава против шестмината.
Кривично ќе одговара поранешниот и сегашниот управител на „Маел Рој“, управител и основач на „Елина компани“ и управителите на фирмите „Еллинг“, „Бубел – Монт и „Трафо – вод“ сите од Скопје.
Од 2001 до 2009 година пријавените набавувале трговска стока на црно, најчесто електро материјали, а потоа со помош на фирмите изготвувале фалсификувани фактури за легализирање на ваквата стока.
Преку нивните фирми ја внесувале стоката во легалниот промет, а паричните средства ги подигале во готово. /крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Гази Баба денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта промена на затварач (шибер) од Ф 80мм на ул.Јани Лукровски бр.1 (кај Б.П Мак Петрол), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јани Луковски, улицата 16-та Македонска Бригада, улицата Трифун Хаџијанев и улицата Лазар Поптрајков, општина Гази Баба.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување.
Македонија
Сончево и топло, максималната температура до 27 степени

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Времето во наредните денови
И во сабота ќе се задржи стабилно и топло време со засилен јужен ветер (над 60 km/h). Во недела локално, а во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, краткотрајно во форма на невреме. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува засилен северен ветер и дневните температури ќе опаднат за 7 до 10 степени.
Македонија
Карпош, Аеродром и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 09.00 до 13.30 часот, корисниците од М.В. Село, Злакуќани, засегнати и корисниците кои се напојуваат од МРО-4 на фундамент пред ATLANTIK MARCELLA (општина Карпош)
-во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул. Врполе, дел од ул. Илија Димовски-Гоче, дел од ул. Мите Богоевски и дел од ул. Михаил Глинка (општина Аеродром)
-во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Шандор Петефи (општина Кисела Вода)
-во периодот од 11.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул. Ацо Шопов и Марк Твен (општина Карпош)