Македонија
Јандроковиќ: Потребни се напори, промени и реформи на патот кон ЕУ
NULL
Потребни се многу напори, промени и реформи, не само на политичката структура, туку и на целото општество на патот кон Европската Унија, гласи советот што шефот на хрватската дипломатија, Гордан Јандроковиќ денеска го пренесе на македонскиот вицепремиер задолжен за европски прашања, Васко Наумовски на нивната средбата во Загреб.Јандроковиќ, кој го понуди целокупното хрватско искуство во европската интеграција, порача дека, иако билатералните прашања не треба да се пречка за интеграција во Унијата, сепак треба да се изнајде некое решение што би овозможил процесот да се движи напред. „Во принцип билатералните прашања не би требало да влијаат на процесот на приближување на земјите во ЕУ, но праксата покажува дека такви работи се случуваат. Во такви ситуации треба да се изнајде едно решение кое ќе овозможи земјата да го продолжи процесот на интегрирање. Знам дека тоа ниту е лесно, ниту едноставно, но ние минавме низ слична ситуација, успешно ја решивме со компромис и верувам дека и македонската страна ќе има доволно знаење, способност и подготвеност за договор и компромис и да го реши тоа прашање и да стане членка на НАТО и ЕУ“, изјави Јандроковиќ.Наумовски, од своја страна порача дека искуството на Хрватска, која се очекува оваа година да го потпише пристапниот договор со унијата, е значајно за Македонија.„Сигурни сме дека од моментот кога Хрватска ќе стане полноправна членка на Европската унија, во неа ќе имаме уште еден цврст сојузник и партнер, кој дополнително ќе ни помага на нашиот пат“, изјави Наумовски.Во Загреб, заедно со вицепремиерот, допатува и голема делегација од Секретаријатот за европски прашања која треба да се сретне со хрватските преговарачи со цел подобра подготовка на процесот што Македонија ја очекува. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„ССМ и Трендафилов одбија 40% зголемување на платите во следните 2 години на штета на работниците, а по партиски диктат на СДС, ДУИ и Левица“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Слободан Трендафилов со плата 3-4 пати поголема од минималната, е единствениот синдикалец на светот кој е против поголеми плати за работниците и е политичка маша на СДС, ДУИ и Левица. ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40% покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците. Слободан Трендафилов како прв синдикалец не застана во одбрана на работниците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ССМ и Трендафилов не го поздравија досега ниту еднаш колективниот договор во образованието и здравството, ниту пак ги поздравија зголемените плати во МВР, Министерство за одбрана и во центрите за социјална работа.
Трендафилов е политичка марионета на СДС, а доказ за тоа е што договорот кој тој лично заедно со екс министерката за труд и социјална политика, а сегашна потпретседателка на СДС, Јованка Тренчевска го потпишале е истечен, со што се отвора можност за нов колективен договор, за кој Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ предлага административните службеници да добијат 40% повисоки плати за 2 години.
Иако Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ понуди конкретно и јасно решение, 40% зголемување на платите на административните службеници во следните две години преку нов колективен договор, ССМ и Слободан Трендафилов одбија да го прифатат предлогот, оставајќи ги работниците без повисоки примања.
Одбивањето да се потпише нов колективен договор, иако стариот е истечен, јасно покажува дека кај ССМ нема волја за подобрување на стандардот на работниците. Трендафилов е политичка марионета на СДС, ДУИ и Левица“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
Истото, може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)

