Македонија
Иванов: Се уште постои сомнеж за смртта на Трајковски

NULL
Сомнежи и различни верзии за тоа што се случи пред седум години во Ротимље, местото каде што падна владиниот „Кингер“, несреќа во која животот го загубија претседателот Борис Трајковски, неговите соработници и двајцата пилоти.На местото на несреќата, повторно беа екипи на босанските телевизии. Снимател од државната босанска телевизија кој требало да ја снима Меѓународна конференција за инвестирање во Босна и Херцеговина, стигнал половина час откако се случила несреќата. Седум години по несреќата тој тврди дека кога стигнал, претставници на КФОР не му дозволиле да дојде до местото на несреќата, туку ги пренасочувале кон Столац. Хеликоптери летале горе, доле, но не местото на несреќата, туку кај селото Столац. Мештаните, од селото Ротимље, пак велат дека времето било многу лошо, тие до следниот ден до 14 часот не знаеле воопшто што се случило.Претседателот Ѓорге Иванов, кој што денеска го посети местото на несреќата вели дека истрагата во Македонија се уште не е завршена и потврди дека се уште постои сомнеж за тоа што се случило.„Не, истрагата не е завршена. Има комисија, комисијата ги собира сите можни документи , соработува со сите фактори. Веројатно и комисијата треба да разговара со надлежните во Босна и Херцеговина, бидејќи колку што сум во тек се уште не се завршени тие увиди во сите можни документи и материјали“ изјави Иванов.На прашање на новинарите од Босна дали се уште постои сомнеж, што се има случено тука, во близина на Мостар. Иванов одговори „Веројатно да“.Постои надлежна комисија формирана од владата со вклучени претставници на релевантните институции, која работи на прибирање на факти, информации и докази, поврзани со авнионската несреќа.Неколку дена пред одбележувањето на седумгодишнината од несреќата на Трајковски, неговиот брат – близнак, Александар Трајковски изјави дека неговиот брат е убиен. „Врз мојот брат беше извршен атентат. Тој е убиен и неговото загинување не беше случајност. Некому му пречеше неговата работа, неговата искреност и успесите и најдобро беше физички да го отстрани. Тоа е трагедија за семејството и за државата, меѓутоа за мене тоа е атентат и не е случајност, убиство на претседателот“ изјави Трајковски.Сомнежите дека загинувањето на Трајковски не е несреќен случај, туку убиство ги поттикна швајцарскиот пратеник во европскиот парламент Андреас Грос.Тој беше и иницијаторот за формирање на анкетната комисија која ги истражува околностите под кои загина претседателот Трајковски.Владиниот “Кингер” со којшто патуваше претседателот Трајковски, кој требаше да стигне на Меѓународна конференција за инвестирање во Босна и Херцеговина на 26 февруари 2004 година се урна во близина на Мостар. Беше предвидено авионот да слета на мостарскиот аеродром во осум часот по локално време. Остатоците беа пронајдени 24 часа по паѓањето на авионот.Во несреќата покрај Трајковски животот го загубија Димка Илкова – Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан – Лозановска од Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерство за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски, членови на обезбедувањето, и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.На седумгодишнината од смртта на Борис Трајковски, сегашниот претседател, Ѓорге Иванов го посети местото на несреќата, за да му оддаде почит на својот покоен колега. На местото каде се урна владиниот авион немаше преставници на семејствата на загинатите. На Ротимље, освен Иванов се обрати и градоначалникот на Мостар, Љубо Бешалиќ и Претседателот на Владата на херцеговачко-неретванската жупанија, Среќко Борис, каде положија и венец.И двајцата претставници од босанските власти претседателот Трајковски го паметат како политичар кој се залагал за градење на добри односи со Босна и Херцеговина, како и во целиот регион./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДИК: Вкупно 8.848 болни или немоќни лица денес можат да го остварат своето право на глас

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа, соопшти Државната изборна комисија.
Вкупно 8.848 болни или немоќни лица, како што велат од ДИК, можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори.
Со почеток во 7:00 часот во 14 казнено поправни установи, своето право на глас можат да го остварат 2162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор.
Од ДИК информираат дека 442 лица сместени во установите за вонсемејна грижа своето право на глас може да го остварат во вкупно 13 центри за вонсемејна грижа.
Гласањeто денес започна во 7 часот утринава, а завршува во 19 часот.
Македонија
Од средината на следната недела ќе биде потопло

Следува период на стабилно време, освен во среда, кога ќе има локални врнежи од дожд. Дневната температура од четврток ќе биде во пораст, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Макималната температура ќе достигне до 16 степени.
Македонија
ОЈО Струга отвори предмет за спомен-куќата на Владо Малески

Основното јавно обвинителство Струга оформило предмет во врска со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во близина на објектот од страна на лице од Велешта.
Јавен обвинител, како што соопшти денеска Основнот јавно обвинителство, на 16 октомври извршил увид на лице место во присуство на вешто лице од градежната струка.
„Наредено е вештачење, а се преземаат и други дејствија за испитување на околностите под кои се случил настанот“, стои во соопштението на ОЈО.
При изведба на градежни работи на индивидуален објект во старото градско јадро беше срушен јужниот ѕид и дел од кровната конструкција од куќа заштитена како културно наследство.
Министерот за култура најави изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Малевски со цел да се зачува автентичниот изглед и историјскиот дух.