Македонија
Владата ќе ја дисциплинира јавната администрација
Владата со предлог измени на повеќе закони ќе ја дисциплинира јавната администрација
Премиерот Никола Груевски заедно со сите министри од Владата попладнево околу 40-тина минути ги презентираше предлог измените и дополнувањата на околу осум закони кои вчера поминале на владината седница. Освен измените на овие закони, кои се чадор закони од оваа област, Груевски најави предлог измени и за уште десетици други материјални закони.Првата измена се однесува на постапката за вработување на јавните службеници. Во насока на подобрување на постапката за селекција и вработување се воведува т.н психолошки тест и тест за интегритет, кој ќе го полагаат само избраните службеници во јавната администрација, односно оние кои ги положиле стручните тестови или оние кои сакаат да напредуваат.Доколку пријавениот службеник ги положил сите стручни тестови, но не го положил психолошкиот тест или тестот за интегритет, тогаш ќе биде дисквалификуван. Со ова треба да се докаже дека идните вработени ќе бидат психолошки здрави личности и чиј интегритет е доволно висок за да станат дел од државната администрација.Со измените, се воведува обврска за пробна работа на службениците во времетраење од една година, а ќе се однесува на лицата кои првпат се вработуваат или се пријавуваат за работа на повисоко место.За време на пробната работа тече работниот стаж на работникот. Со измените исто така се поедноставува постапката за престанок на вработување на јавен службеник, ако јавниот службеник несовесно и нестручно ги извршува работните задачи,„Честопати досега кога некој службеник ќе добиеше решение за неопределено време комплетно го менуваше темпото и начинот на работа кон негативно, верувајќи дека законите толку многу го штитат што во никој случај не може да ја загуби работата“ вели Груевски.Во иднина, доколку некои граѓани имаат потреба да извадат документ, ќе треба да поднесат само барање до институцијата која ја издава службената исправа, а потоа самата институција ќе има обврска сама да ги собере сите останати документи од другите институции по службена должност и да им го издаде на граѓаните документот.Доколку не се електронски поврзани, документите ќе ги собираат преку пошта или курир. Се очекува за неколку месеци сите институции да бидат електронски поврзани.„Ако досега се чекало и шетало по десет шалтери по стапувањето на сила ќе одат само на еден шалтер“ вели Груевски.Ако во законски утврдениот рок државниот орган не се произнесе по барањето наГраѓанинот во рок утврден со закон, тогаш по истекот на рокот, граѓанинот има право во рок од три дена да може да достави жалба до раководното лице на органот, а раководното лице има обврска во рок пет дена да му одговори на граѓанинот дали неговото барање е прифатено или одбиено.Доколку не одговори, граѓанинот има право да се жали и до државниот управен инспекторат, по што ќе следуваат казни за несовесните службеници.Во ваква ситуација, службеникот би бил казнет со парична казна од 1.500 до 3.000 евра, за раководното лице на секторот од 3.000 до 6.000 евра, а за раководителот на институцијата ќе следува казна од 7.500 до 15.000 евра.Со овие строги казни и санкции, владата има за цел да создаде ефикасна и професионална администрација која ќе им служи на граѓаните
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

