Македонија
Во Истанбул ќе се одржи шопинг фест со 30 % попуст

Сите кои ќе патуваат за Истанбул во периодот од 18 март до 26 април ќе можат да купуваат стоки со попуст до 30%.
Сите кои ќе патуваат за Истанбул во периодот од 18 март до 26 април ќе можат да купуваат стоки со попуст до 30%.Освен тоа, странските гости ќе плаќаат цени без пресметан ДДВ. Како што соопштуваат од турската амбасада во Скопје, попустите се дел од проектот „Истанбул шопинг фест 2011“. „Како што знаете на крајот на шопинг сезоната насекаде се случуваат рутински попусти. Оваа година за прв пат ќе се наруши рутината во однос на шопингот, со цел на сите ценети гости во Истанбул да им обезбедиме драгоцени и незаборавни спомени, пријатен и несекојдневен шопинг на „шопинг фестивалот во Истанбул“, изјави советник за култура и информации при амбасадата на Република Турција во Скопје. Фестивалот вклучува богата програма со многу различни активности и прославување на верските празници. Проектот е во организација на министерството за туризам и култура на Турција и гувернерот на градот Истанбул.Проектот чини околу 50 милиони долари./крај/пк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ноќеска пукање во Топанско Поле, мртви две лица

Двајцата убиени во кои ноќеска беше пукано се од Скопје, на возраст од 24 и 28 години, велат од МВР за „Макфакс“. Тие биле пронајдени мртви, а пукањето било пријавено од лица кои случајно се затекнале на местото и слушнале пукање. На местото се пронајдени повеќе чаури од пиштол и автоматска пушка. Убиството се случи доцна ноќеска, пред три часот, на улицата „Македонско-косовска бригада“.
Убиените се превезувале со патничко моторно возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки. Итната медицинска помош констатирала само дека двете лица не давале знаци на живот. Остануваат непознати причините за двојното убиство, а од полицијата велат дека се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.
Уште доцна ноќеска многубројни полициски екипи се излезени на терен за расчистување на убиството. Сведоци на крвавиот настан биле и соседи кои биле разбудени од гласните пукотници.
Увидот на терен и натаму трае, а неофицијално, на разговор веќе се повикуваат лица од кои може да се дознаат повеќе детали за тоа што се случувало ноќеска при убиствата.
Македонија
Сончево со мала облачност и температури до 20 степени

Времето денеска претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 13 до 20 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.
Македонија
Без струја делови од Скопје

Од „ЕВН Македонија“ инфмормираат дека делови од Скопје денеска ќе останат без струја
Според информациите од оваа институција, без електрична енергија ќе бидат:
– во периодот од 8.30 до 11 часот корисниците од селата: Љубин, Глумово, Шишево, Матка, Арнакија, Семениште и Буковиќ, како и стопанските објекти: „Бис оил“, „Адријус“, и „Тиамо“ (општина Сарај),
– во периодот од 9.30 до 13.30 часот корисниците од селата: Добри Дол, Ракотинци и дел од Маркова Сушица, како и сите стопански и нестопански објекти на потегот од село Добри Дол до село Маркова Сушица (општина Сопиште),
– во периодот од 9 до 14 часот корисниците на дел од село Маркова Сушица (општина Сопиште),
– во периодот од 9.30 до 13.30 часот краткотрајни прекини ќе имаат корисниците од селото Маркова Сушица (општина Сопиште),
– во периодот од 9 до 12 часот корисниците од населбата Козле (општина Карпош),
– во периодот од 8.30 до 11 часот корисниците од улицата Кичевска, од бр. 4 до бр. 28 (општина Ѓорче Петров).
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер