Македонија
Врховниот суд утре ќе пресече – дали Трендафил Ивановски бил кодош или не
Врховниот суд утре се очекува официјално да ја соопшти одлуката за случајот со уставниот судија и поранешен претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски кој се товари дека е поранешен соработник на тајните служби.
Врховниот суд утре се очекува официјално да ја соопшти одлуката за случајот со уставниот судија и поранешен претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски кој се товари дека е поранешен соработник на тајните служби.
Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски за Макфакс потврди дека вчера заседавал советот и дека донел одлука за овој случај. Тој вели дека денеска не може да ја соопшти конечната одлука, сè додека не биде писмена и не ја потпишат членовите на советот, бидејќи во меѓувреме може да бидат направени и одрeдени промени.
Ивановски вели дека не добил никакво решение во врска со одлуката и најави прес – конференција за утре, на која ќе го соопшти својот став во врска со ова.
Ако Врховниот суд ја одбие жалбата на Ивановски, тој ќе треба правдата да ја бара во меѓународните институции.
Ивановски тврдеше дека не бил соработник со тајните служби и дека во тој период бил малолетник и дека тајните служби врз него вршеле тортура.
Трендафил Ивановски е единствениот функционер во Македонија за кого Комисијата за лустрација донесе решение дека бил соработник со тајните служби. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

