Македонија
Советот на јавни обвинителиго осуди нападот на обвинителката
Советот на јавните обвинители најстрого го осудува вчерашниот физички напад на јавниот обвинител додека го застапувал обвинението на главниот претрес во Основниот Суд Скопје 1
Во соопштението испратено до медиумите се нагласува дека Јавното обвинителство како државен орган единствено е надлежно да ги гони сторителите на кривичните дела.„Во конкретниот случај, физичкиот напад ,над јавниот обвинител во судница, додека ја извршувал својата функција, како на орган надлежен да се грижи за извршувањето на јавнообвинителска функција, ни дава право најостро да реагираме, не само за овој напад над јавниот обвинител , туку и на непреземањето на соодветни мерки за осигурување на безбедноста при одржувањето на главниот претрес од страна на Судот.“, се вели во соопштението.Во средата во Апелациониот суд во Скопје каде се работат предмети од Основниот суд 1, се случи тежок инцидент кога во судница странки претепаа обвинителка. Обвинителката Џулијана М. била нападната, кубена за коса и клоцана од мајка на осуден малолетник за убиство. Инцидентот првично беше потврден само од страна на полицијата.Во судницата биле присутни судијата за малолетници Јулијана Ј. , малолетникот, неговите родители и адвокат. Кога судијката ја кажала одлуката дека на малолетникот му се продолжува престојот во установа за малолетници, мајката се налутила и скокнала кон обвинителката. Ја фатила за коса, ја легнала на подот и почнала да ја клоца со нозете.Во судницата немало присуство на судска полиција и обезбедување.Родителите излегле од судницата каде ги пречекале полицајци кои биле дојдени за друг судски процес. Обвинителката искубана и со модрици по телото станала од подот и во прв момент не сакала случајот да го пријави во полиција. Но судијката веднаш ги алармирала надлежните во матичниот суд и во Апелациониот.Полицијата до доцна попладнето вршеше увид во судницата, каде на подот се уште беа видливи траги од тепачката односно искубана коса на обвинителката и испревртени столици. Обвинителката била однесена на лекарски преглед и пуштена на домашно лекување.Во текот на денот ниту судијката, ниту надлежните од двата суда не сакаа да појаснат што се случило во судницата и кој е одговорен за инцидентот. Судската полиција од Апелација тврди дека тоа е надлежност на нивните колеги од Основен 1, од каде пак велат дека судијката била должна да побара заштита доколу смета дека постои ризик од инцидент во судницата.Основниот суд 1 во Скопје го обезбедуваат 8 полицајци кои работат на смени, и обезбедуваат над 80 судии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

