Македонија
Скопје ќе се дели на квартови

Според првичните граници на Генералниот урбанистички план(ГУП), градот Скопје освен на општини и урбани заедници, ќе биде поделен и на квартови.
Според првичните граници на Генералниот урбанистички план(ГУП), градот Скопје освен на општини и урбани заедници, ќе биде поделен и на квартови.Ова денеска го соопшти градоначалникот Коце Трајановски, кој одржа седница на координативното тело со градоначалниците.Според Трајановски, општините ќе треба да ги донесат границите на урбаните заедници во рамките на ГУП-от, каде урбаните заедници ќе бидат поделени на квартови.Трајановски рече дека на општините веќе им се пратени прелиминарните граници на ГУП-от, кои во рок од два до три месеци треба да бидат опфатени.Тој истакна дека општините треба особено да внимаваат на промените на намените направени во ГУП-от.„Сега на некој начин ги воспоставуваме механизмите според кои градот ќе биде многу подобро организиран, а воедно со ГУП-от ќе се овозможат одредени намени што сега го кочат развојот на Скопје. Со нивната промена, повеќе ќе се инвестира во Градот“, рече Трајановски. /крај/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Заев побара парламентот да гласа за доверба на Владата

Премиерот Зоран Заев побара од пратениците да гласаат за доверба на Владата. Тој посочи дека во последниот период кружат лажни вести оти власта немала мнозинство во Собранието. Како што образложи Заев, барањето е за да се види дали тие вести се точни или не.
„Да побарам од вас пратениците да гласате за доверба на Владата. Ред е да се соочиме и расчистиме. Да го видиме на дело толку долго време најавуваното наводно мнозинство на опозицијата. Ова е момент кога ќе покажеме колку има вистина во најавата за мнозинство на опозицијата. Мора да е едно од двете, ако не и двете заедно. Покрај сите обиди за опструкции и блокади, граѓаните секој ден се изложени на лажни вести за некое ново и непостојно мнозинство, нова нестабилност. Тоа е само поради внатрепартиските цели на ВМРО-ДПМНЕ, а со цел да се претстави поинаква перцепција на граѓаните. Вистината е најсилното оружје. Парламентарното мнозинство, јас, Владата и коалицијата, нема да дозволиме неизвесност, сопки, блокади и опструкции“, рече Заев на собраниска седница.
Заев објасни дека без дебата, бара да се гласа за доверба на Владата.
„Во име на сето претходно кажано, во име на вистината, ја преземам обврската кон граѓаните, во согласност со член 93 став 1 од Уставот и член од 217 став 2 од Деловниот на Собранието, да побарам изјаснување на Собранието за доверба на Владата“, додаде Заев.
Инаку, Уставот предвидува дека доколку на биде изгласана доверба на Владата, тоа прашање не може повторно да биде поставено на дневен ред во наредните 90 дена. Во спротивен случај, доколку ѝ биде изгласана недоверба, тогаш Владата треба да поднесе оставка.
Собранискиот Деловник, пак, предвидува Собранието да гласа за доверба на Владата на истата седница доколку предлогот доаѓа од претседателот на Владата усно на собраниска седница, како што е случај сега.
Македонија
Сопругата на Пендаровски во посета на Центарот за жртви од семејно насилство во Струмица

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, го посети Ценатрот за згрижување жртви на семејно насилство во Струмица.
„Таа се запозна со лицата жртви на семејно насилство, како и со дел од тимот што им ја дава неопходната помош“, информираат од Кабинетот на претседателот.
Додаваат дека целта на посетата е да им се даде поддршка на жртвите на семејно и родово базирано насилство покажувајќи им дека сите заедно треба да работиме во подигање на свеста и унапредување на услугите за борба против насилството.
Од Центарот известуваат дека е забележано зголемување на бројот на случаи на семејно насилство поради пандемијата на Ковид-19 и поради рестриктивните мерки во однос на движењето и финансиските ограничувања.
Токму затоа, велат од таму, потребно е да се охрабрат жртвите на семејно и родово базирано насилство да го пријават и да ја добијат потребната заштита, како и згрижување и стручна советодавна помош за полесно справување со последиците од насилството.
Од Центарот информираат дека лицата жртви на семејно и родово базирано насилство, покрај згрижување, добиваат и заштита, психо-социјална помош и поддршка, третман за надминување на траумата, правно советување, вклучување во активните мерки за вработување со цел учество во пазарот на трудот и постигнување финансиска независност.
„Со овие активности им се овозможува за одреден период да бидат одвоени од средината во која се случило насилството, им се даваат услуги од стручната советодавна работа заради надминување на последиците од насилството и преку разновидни содржини се оспособуваат за разни социјални вештини“, велат надлежните од Центарот.
Македонија
Состанок на експертската група за правни лекови во борбата против трговијата со луѓе

Државната секретарка и национална координаторка за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, Магдалена Несторовска, го отвори регионалниот состанок на експертската група „Пристап до ефективни правни лекови за жртвите на трговија со луѓе во земјите на Југоисточна Европа“.
Според МВР, на состанокот присуствуваат повеќе од 100 учесници практичари од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Романија, Србија, како и Франција, Грција и од Словенија.
„По двајца претставници од сите земји ќе ги споделат добрите пракси во однос на национална пракса за процедурални права за пристап до правда и механизмите за помош и поддршка на жртви на трговија со луѓе“, додаваат од Министерството за внатрешни работи.
Состанокот е во организација на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал, во соработка и со поддршка и финансирање од Министерството за Европа и надворешни работи на Франција и Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција од РСМ и денеска и утре се одржува преку платформата КУДО, информираат од МВР.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер