Македонија
Соренсен: Ќе ги вложам сите мои напори да ја остварите европската перспектива
Евроамбасадорот Петер Соренсен денеска ги предаде акредитивите на претседателот Ѓорге Иванов, со што официјално стана Шеф на Делегацијата на Европската Унија во Македонија.
Евроамбасадорот Петер Соренсен денеска ги предаде акредитивите на претседателот Ѓорге Иванов, со што официјално стана Шеф на Делегацијата на Европската Унија во Македонија.Пред претседателот Иванов вети дека лично ќе ги вложи сите свои напори за остварување на европската перспектива на земјата. „Ќе ги вложам сите мои напори и капацитет за да и помогнам на вашата држава во напорите да ја оствари својата перспектива во Европската Унија и во воспоставувањето на најефикасни односи со институциите од Европската Унија. Широката поддршка од граѓаните од оваа држава за интеграција во ЕУ е голема предност за интегративниот процес и ќе ја направи мојата работа уште повеќе ценета“, рече Соренсен.Претседателот Иванов, од својат страна изрази очекување дека Македонија, во годината кога одбележува 20 години од независноста и 10 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ќе ги отпочне преговорите за пристапување кон Европската Унија.„За жал, донесувањето на одлуката го блокира една членка на Унијата, заради проблемот кој го има со името на мојата земја. Сакам да знаете дека Република Македонија е посветена и конструктивно учествува во разговорите под покровителство на Обединетите Нации со цел изнаоѓање на взаемно прифатливо решение. Ние сме подготвени за такво решение, нам ни треба деблокирање на интегративните процеси, час поскоро. Но, за решение е потребна конструктивност и од другата страна, Истовремено, бараме и очекуваме фер третман од Европската Унија и земјите членки“, рече Иванов. Соренсен на функцијата го наследи Ирецот Ерван Фуере. Тој во својата дипломатска кариера бил претставник на Унијата во Белград и Приштина. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

