Македонија
Преку 80 отсто од училиштата непристапни за учениците со посебни потреби
Пристапна рампа за учениците со посебни потреби имаат само 18,9 отсто од училиштата, покажува извештајот на „Отворете ги прозорците“, поддржан од УСАИД.
Пристапна рампа за учениците со посебни потреби имаат само 18,9 отсто од училиштата, покажува извештајот на „Отворете ги прозорците“, поддржан од УСАИД.Прилагодувања на внатрешните простории во училиштата како училниците, тоалетите и сл., со цел да излезат во пресрет на потребите на учениците со посебни образовни потреби направиле само 10,9 отсто од училиштата, се вели во извештајот за проценка на потребите од користење асистивна технологија во редовните основни училишта.Министерот за образование и наука, Никола Тодоров призна дека на ова поле се потребни промени во училиштата низ земјата.„Пристапот до училиштата или пристапните рампи е наша стратешка определба и сите нови објекти кои ги планираме, ги планираме со вакви пристапни рампи. Нормално не треба тука да се ограничиме само на новите објекти, треба да размислуваме и за таков проект кој ќе овозможи изградба на пристапни рампи во сите основни и средни училишта во Македонија и во наредниот период ќе се фокусираме на тоа поле“, рече тој.Родителите на децата со посебни потреби одамна порачуваат дека голем проблем за овие деца е и немањето дефектолози во училиштата, со кои децата и наставниците би работеле во текот на наставата.„Мојот син учи во редовно основно училиште, во Димо Хаџи-Димов, и ова училиште е вклучено во програмата за инклузија. Со посетата на програмата „Отворете ги прозорците“ тој има голем напредок во употребата на компјутерите и дома и на училиште. Сепак, во повеќето училишта нема дефектолози и тоа е најголемиот проблем, услови има, компјутерите се тука, децата можат да работат на компјутер, ама за децата со посебни потреби сепак треба дефектолог“, изјави за медиумите Лидија, мајка на ученик со посебни потреби. Во моментов во Македонија вработени се само 12 дефектолози, а од Министерството за образование и наука најавуваат дека наредната година ќе бидат вработени уште 25 дефектолози.Во рамките на програмата „Еднаков пристап за еднакви можности“, дваесет основни училишта низ Македонија ќе добијат асистивна информатичка технологија и обуки за примена во работата со учениците со посебни образовни потреби. Примена на новата технологија во основните училишта ја поздрави и американскиот амбасадор, Филип Рикер. Програмата за е-пристапни училишта „Еднаков пристап за еднакви можности“, ја организира УСАИД./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температута од 17 степени, за утре метеоролозите најавија повремени локални врнежи од дожд
Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos

