Македонија
Коњановски: Две категории на луѓе различно гледаат на реформи во одбраната
Министерот за одбрана, Зоран Коњановски денеска се сретна со Комората за обезбедување на лица и имот за да разговараат околу вработувањето на професионалните војници на кои им престанува службата во АРМ, како обезбедувачи.
Министерот за одбрана, Зоран Коњановски денеска се сретна со Комората за обезбедување на лица и имот за да разговараат околу вработувањето на професионалните војници на кои им престанува службата во АРМ, како обезбедувачи.
Независниот синдикат за професионални војници вчера излегоа со став дека со овој предлог на Министерството за одбрана, професионалните војници на кои им престанува службата во АРМ, да се вработуваат во приватни фирми кои ќе добиваат субвенции од државата, не се решава статусот на професионалните војници. Но министерот за одбрана вели дека ова е трајно решение за професионалните војници.
„Ова е начинот за трајно решавање на проблемот. Ние влеговме во фаза на реформа и секојдневно сме посветени на решавањето на проблемите. Има две категории на лица кои различно гледаат на реформите. Една е Веле Крбалески и дел од политичарите, кои со еден тон зборуваат за реформите, а другата категорија на лица се познати стручњаци и познати началници на генералаштабови на армиите, министри и мои колеги кои најпозитивно зборуваат за реформите во министерството за одбрана“, изјави Коњановски.
Од комората за обезбедување велат дека кај нив има веќе вработено голем број на професионални војници и дека голем број од нив се заинтересирани за вработување.
Професионалните војници на кои им престанува службата во АРМ со навршени 38 години ќе можат да се пријавуваат на конкурс за вработување во компании коишто ќе ги субвенционира државата.
Професионалните војници се пријавени како дефицитарно занимање во Агенцијата за вработување и со дополнителни обуки ќе може да се пријавуваат за да бидат вработени во компании, на кои државата ќе им дава по 15.000 денари месечно во период од шест месеци.
Војниците пак вчера излегoа со неколку барања и точки кои сè уште не им се решени, со што констатираат дека статусот на професионалните војници е далеку од решен.
„Станува збор за обид да се отстранат професионалните војници од касарните и со тоа да им се намали проблемот со нас. Тоа го толкуваме како обид да се направи маркетиншки потег, дека се обезбедува место за војниците, а ние знаеме што значи излегувањето од армијата и барањето начин да се вработиме“ вели Веле Крбалески, претседател на Синдикатот./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Апасиев: Семејното насилство да се казнува повеќе од обичното, итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа
„Како што дрска кражба се казнува повеќе, а не помалце од обична; како што убиство со умисла се казнува повеќе, а не помалце од убиство на миг; така и семејно насилство треба да се казнува повеќе, а не помалце од обично насилство – оти една од основните функции на семејството е заштитната! А каква “заштита” имаш ако дома маж ти те тепа секој ден?“, пишува претседателот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи.
Тој порача дека „под итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа, кои се напикани со неспособни и нестручни партиски штабци! Под итно!!!“
Македонија
Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, велат од СДСМ
Максим Димитриевски – Максо го гледаме како кука по телевизија, како да не е дел од криминалната власт, велат од СДСМ.
„Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, но не му успеа.
Очигледно сега, кога граѓаните знаат дека бил кукавичко јајце и дека ЗНАМ како партија повеќе нема никаква поддршка од граѓаните, бара да си ги наплати своите „заслуги“ за ВМРО-ОКГ.
Дури Максо зборува и за Груби, дека е дома, во куќен притвор, а неговиот шеф Мицкоски стои позади тој дил.
Што глуми Максим Димитриевски?
Или не му дале некој нов тендер па мора малку да плаче по телевизија за да го добие?
Како оној во Пошта, од 1,2 милиони евра што го доби фирма блиска до ЗНАМ во време кога вработените не можат навреме ниту плата да поделат“.
Максим, додаваат од опозициската партија, е познат по тоа што јавно призна дека не живее од плата.
„Затоа не мисли тој на работниците и тоа што тој и неговата влада одбиваат да им ја покачат минималната плата на 600 евра.
За тоа не се жали Димитриевски, не знае што е плата и како е да се преживее од први до први во месецот, како што се мачат над 200 илјади работници.
Сè е приватен бизис во тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ, никој од нив не живее од плата, само од тендери“.
Македонија
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања во областа на науката, уметноста, спортот, образованието и заштитата на животната средина.
Признанијата се доделуваат за остварувања во претходната и тековната година, како и за подолг период на работа и творештво, вклучително и постхумни награди.
„Кандидатите можат да се пријават лично или да бидат предложени од правни и физички лица.
Рокот за поднесување пријави е седум работни дена од денот на објавувањето на повикот.
Пријавите се доставуваат по пошта на адреса: Општина Аеродром, бул. „Јане Сандански“ 109Б, 1000 Скопје, или лично во архивата на Општината, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот.
Подетални информации и потребните обрасци се достапни на: http://aerodrom.gov.mk/vest/9566“.

