Контакт

Македонија

Коњановски: Две категории на луѓе различно гледаат на реформи во одбраната

Објавено пред

Министерот за одбрана, Зоран Коњановски денеска се сретна со Комората за обезбедување на лица и имот за да разговараат околу вработувањето на професионалните војници на кои им престанува службата во АРМ, како обезбедувачи.

Министерот за одбрана, Зоран Коњановски денеска се сретна со Комората за обезбедување на лица и имот за да разговараат околу вработувањето на професионалните војници на кои им престанува службата во АРМ, како обезбедувачи.

Независниот синдикат за професионални војници вчера излегоа со став дека со овој предлог на Министерството за одбрана, професионалните војници на кои им престанува службата во АРМ, да се вработуваат во приватни фирми кои ќе добиваат субвенции од државата, не се решава статусот на професионалните војници. Но министерот за одбрана вели дека ова е трајно решение за професионалните војници.

„Ова е начинот за трајно решавање на проблемот. Ние влеговме во фаза на реформа и секојдневно сме посветени на решавањето на проблемите. Има две категории на лица кои различно гледаат на реформите. Една е Веле Крбалески и дел од политичарите, кои со еден тон зборуваат за реформите, а другата категорија на лица се познати стручњаци и познати началници на генералаштабови на армиите, министри и мои колеги кои најпозитивно зборуваат за реформите во министерството за одбрана“, изјави Коњановски.

Од комората за обезбедување велат дека кај нив има веќе вработено голем број на професионални војници и дека голем број од нив се заинтересирани за вработување.

Професионалните војници на кои им престанува службата во АРМ со навршени 38 години  ќе можат да се пријавуваат на конкурс за вработување во компании коишто ќе ги субвенционира државата.

Професионалните војници се пријавени како дефицитарно занимање во Агенцијата за вработување и со дополнителни обуки ќе може да се пријавуваат за да бидат вработени во компании, на кои државата ќе им дава по 15.000 денари месечно во период од шест месеци.

Војниците пак вчера излегoа со неколку барања и точки кои сè уште не им се решени, со што констатираат дека статусот на професионалните војници е далеку од решен.

„Станува збор за обид да се отстранат професионалните војници од касарните и со тоа да им се намали проблемот со нас. Тоа го толкуваме како обид да се направи маркетиншки потег, дека се обезбедува место за војниците, а ние знаеме што значи излегувањето од армијата и барањето начин да се вработиме“ вели Веле Крбалески, претседател на Синдикатот./крај/фф

Македонија

Седумнаесет години од смртта на Борис Трајковски

Објавено пред

Денеска, ќе биде одбележана 17-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата.

Претседателот Стево Пендаровски ќе положи венци со свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски и на вечните почивалишта на загинатите членови на неговата делегација на градските гробишта „Бутел“ во Скопје.

Делегации од Кабинетот на претседателот ќе положат свежо цвеќе и пред спомен-обележјето на местото на несреќата во Ротимле, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина, и на гробот на еден од членовите на делегацијата во Велес.

Борис Трајковски заедно со осумчлената делегација трагично загина во авионска несреќа што се случи на 26 февруари 2004 година во Ротимле во близина на Мостар.

Прикажи повеќе...

Македонија

Бугарски медиум тврди дека Мицкоски е оженет со Бугарка

Објавено пред

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е оженет со Бугарка, напиша бугарската новинска агенција „Бгнес“.

„Стевица Јанева, која е сестра на сопругата на Христијан Мицкоски, Рози, има бугарско државјанство. Ова е јасно од избирачките списоци за претстојните парламентарни избори во Бугарија закажани за 4 април“, пишува агенцијата.

Во објавата на „Бгнес“ се наведува дека Стевица, кој работи како нотар во градот Струмица, има бугарски пасош, што може да го добие само врз основа на докажано бугарско потекло и самоопределување.

Нејзиниот сопруг Јорданчо Јанев, додава агенцијата, е сопственик на најголемиот ресторан во центарот на Струмица. Тој е исто така бугарски државјанин и се појавува на избирачките списоци во Благоевград.

„Ако Стевица Јанева има бугарско државјанство врз основа на докажано потекло, бидејќи такво се дава само ако вашите предци се Бугари, тогаш излегува дека и Рози Мицкоска е Бугарка“, заклучува агенцијата.

Според бугарскиот медиум, актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е познат по својата остра антибугарска реторика.

„Тој дури си дозволил неодамна да каже дека ако некој рече дека Гоце Делчев е Бугарин, тој ќе направи дипломатски скандал во светот. Сега, сепак, не е познато каков скандал ќе предизвика веста дека тој е оженет со Бугарка“, додава агенцијата.

По објавата на „Бгнес“, Мицкоски се огласи на социјалните мрежи.

„И јас и мојата сопруга имаме, единствено, македонски пасош. И ќе продолжам да се борам за македонските национални интереси. Колку повеќе лажат, толку повеќе ќе удираме по мафијата. Нема да му помогнат ниту браќата и пријателите на Заев, кои гледаат дека Владата е сериозно разнишана“, напиша Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Постапката за изградбата на клинички е транспарентна

Објавено пред

Конечно, треба да сфатите дека криминални зделки како на тоа што сте учени веќе нема во нашиот здравствен систем, рече министерот за здравство, Венко Филипче, одговарајќи му на пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, кој во Собранието постави пратеничко прашање за изградбата на новиот клинички центар.

„Клиничкиот центар што вие требаше да го правите беа само обични интерни клиники и требаше да нè чинат 120 милиони евра. Ние ги реновираме за не повеќе од 1 милион евра. Замислете колкава разлика е тоа? Договор потпишавте со компанија која, по неколку месеци, отиде во стечај, замислете каков договор направила претходната влада за таканаречениот нов клинички центар? Нормално е дека го прекинавме договорот. Зошто? Поради тоа што се направи соодветна ревизија на физибилити-студијата, која беше напарвена токму од претходната влада пред повеќе години, која јасно укажува дека гринфилд-инвестиција е многу подобро од браундфилд-инвестиција за клинички центар. Во тој проект влезе и се приклучи австриската влада лично преку канцеларот Курц и како донација ја ревидираа таа физибилити-студија и стигнавме до еден современ и модерен проект на клинички центар како што заслужуваат нашите граѓани, нешто што ќе служи во следните децении за да овозможи интегриран модел на здравствена услуга“, рече Филипче.

Министерот посочи дека е направена физибилити-студија со предлог-проект, а две најреномирани европски комапнии аплицираа и се квалификуваа во втората фаза на конкурентниот дијалог – германската „Вамед“ и француската „Буиг констракшн“.

Филипче уште еднаш ја повика опозицијата заедно да го сработат овој проект, односно да го поддржат законот.

„Во самиот закон ставивме дека ќе има независен финансиски ревизор заради тоа што сакаме со тој закон да дозволиме девете компании да дадат една понуда да не ги изгубиме врвните европски компании да ни го овозможат своето искуство и можностите, конечно, да направиме клинички центар каков што нашите граѓани заслужуваат. Ве повикувам да бидете дел од тој процес, да бидете дел од процесот што го мониторира и го следи изведувањето на проектот. Еднаш да покажеме дека нема разлика помеѓу власта и опозицијата кога станува збор за еден таков важен проект“, рече Филипче.

Министерот потенцира дека целиот процес е јавен и транспарентен укажувајќи дека поминало времето кога големи иновативни компании си оделе од нашата земја.

„Во ваше време замина ‘Астра зенека’, која сега, замислете, прозиведува вакцина, замина ‘Глаксо’ поради криминалниот увоз на паралелни лекови кога којзнае што носевте и ги труевте граѓаните на Република Северна Македонија“, рече Филипче.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

Потврдени 582 нови случаја на коронавирус во Македонија, починаа 13 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.972 тестирања, а регистрирани се 582 нови случаи на...

Македонија14 часа

(Видео) Заев за случајот со Мијалков: Испратена е порака дека системот функционира

Испратена е пораката дека системот функционира. Треба да знаат граѓаните дека сме на добар пат во јакнењето на правниот систем,...

Македонија16 часа

Тројца кумановци формирале терористичка група по примерот на Исламската држава

Тројца кумановци се обвинети за тероризам и формирање ќелија по примерот на познатата терористичка организација Исламска држава. Во терористичката група...

Македонија21 час

Денеска и утре состаноци на мешовитата комисија со Бугарија, ќе се разговара за Гоце Делчев

Учебниците за седмо одделение и прашањето за ликот и делото на Гоце Делчев се очекува да бидат ставени „на маса“...

Македонија21 час

Почната постапката за набавка на 100.000 дози од руската вакцина

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека вчера Владата го овластила да потпише договор за набавка на руската вакцина. „Станува...

Македонија21 час

Со британскиот вид се заразени 70 проценти од тестираните во „Жан Митрев“

Британскиот вид на коронавирусот е присутен во 70 отсто од случаите, покажале испитувањата на Клиничката болница „Жан Митрев’, кои денеска...

Македонија21 час

Захариева: Нема да подлегнеме на притисок за Северна Македонија, ЕУ не е Југославија

Бугарија нема да подлегне на притисок за интеграциите на Северна Македонија, изјави за БТВ вицепремиерката и министерка за надворешни работи,...

Европа22 часа

ЕУ е поделена околу сертификатот за вакцинација

Европските лидери денес ќе одржат состанок со цел да се договорат за сертификатите за граѓаните на Европската Унија кои биле...

Регион23 часа

Бугарија ја критикувa „Астразенека“ за доцнењето со вакцините: „Ни ја зедовте надежта“

Бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов, ја критикуваше „Астразенека“ за неуспехот да ја испочитува договорената испорака на вакцини. Бугарија исто...

Европа1 ден

Истражување: Британскиот сој на вирусот 64 отсто ги зголемува шансите заразените да завршат во болница

Луѓето инфицирани со позаразната варијанта на коронавирусот, која првпат беше откриена во Велика Британија, имаат поголем ризик од хоспитализација, покажа...

Македонија2 дена

13 починати и 725 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на...

Македонија2 дена

Филипче: Немам информации дали Мијалков се тестирал и дали пријавил самоизолација

Министерот за здравство, Венко Филипче, нема информации за тоа дали поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков се тестирал за...

Топ2 дена

(Видео) Вработени во фабрика за канабис во Кочанско ја продавале дрогата нелегално

Тројца вработени во фабриката за канабис за медицински цели во кочанското село Уларци одгледувале марихуана за продажба на нелегалниот пазар....

Свет2 дена

Вакцината на „Синофарм“ е 72,51 процент ефикасна против коронавирусот

Подружницата на „Синофарм“ при Институтот за биолошки производи во Вухан денес објави дека нејзината вакцина против Ковид-19 покажала дека во...

Македонија2 дена

Свадбите остануваат забранети

За помош на угостителите може да се разговара, но олабавувањето на мерките и дозвола за организирање свадби, како што бараат,...

Македонија2 дена

Борел: Не се преправаме дека ве сакаме, ќе почнеме преговори со Скопје и Тирана

Европскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел изјави дека Европската Унија не се преправа дека го сака Западен Балкан во...

Свет2 дена

СЗО: Три нови видови коронавирус се шират низ светот од минатата година

Според податоците на СЗО, низ светот се шират три нови видови коронавирусот од минатата година. Од СЗО информираат дека новиот...

Македонија2 дена

СДСМ: Институциите покажаа капацитет за обезбедување на правдата

Христијан Мицкоски, бранителот на криминалот и потрчко на Никола Груевски и Сашо Мијалков, вчера доживеа нов пораз откако институциите покажаа...

Македонија2 дена

Денеска ќе пристигне втората пратка вакцини од Србија

Денеска треба да пристигне втората пратка од вакцините на „Фајзер“, што ќе ја достави Србија. Министерот за здравство, Венко Филипче,...

Свет2 дена

(Видео) Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа во Лос Анџелес

Најдобриот голфер Тајгер Вудс се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска во близина на Лос...

Досие