Македонија
Мелничари: Цената на лебот нема да оди нагоре
Цената на лебот не би требало да оди нагоре, мелничарите сметаат дека продажната цена од 25 до 27 денари е прифатлива и за произведувачите и за купувачите.
Цената на лебот не би требало да оди нагоре, мелничарите сметаат дека продажната цена од 25 до 27 денари е прифатлива и за произведувачите и за купувачите.
Ова е ставот на претседателот на групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија, Благој Стојчев, во однос на поскапувањето на цената на лебот и интервенирањето на Владата во стоковните резерви.
„Мислам дека цената на лебот нема да оди нагоре, но доколку другите инпути за производство на леб не се зголемат. Aко се одржи на оваа цена треба да бидеме задоволни со 25 денари, таа е цената која треба да одговара и за произведувачите и купувачите“, вели Стојчев.
Тој ја поздрави одлуката на Владата за отстапување на 40.000 тони пченица од стоковите резерви цена од 15,5 денари по килограм, но додаде дека Македонија во последните 30 години има недостиг на пченица од 50 отсто. /крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

