Македонија
Затворени прашањата кои беа во фокусот на координациите кај Вељаноски
Опозициската СДСМ треба да избере од петте пријавени кандидати за претседател на Државната изборна комисија (ДИК), а претседател на привремената собраниска комисија за утврдување на состојбите со избирачкиот список ќе биде координаторот на СДСМ, Цветанка Иванова
Измените на Изборниот законик прочистени од Владата и поминати на седница се очекува денеска да бидат доставени до СобраниетоОва се одлуките од денешната координација кај собранискиот спикер Трајко Вељаноски, на која како што информираше тој затворени се сите прашања кои беа во фокусот на координативните средби.„На овој начин започнува собраниската процедура за доаѓање до решенија и до закони и прописи кои се неопходни за одржување на предвремени парламентарни избори“, изјави Вељаноски по завршувањето на координацијата.Списокот со кандидати за претседател на ДИК ќе биде доставен до Комисијата за избори и именувања закажана за утре претпладне, која потоа ќе го достави до СДСМ. Опозициската партија, според најавите, одлуката кој од кандидатите ќе биде прв човек на ова највисоко изборно тело во земјата се очекува да ја донесе во следните два дена.Тања Алтанџиева и Борис Кондарко се предлозите од СДСМ за претседател на ДИК.Претходно кандидатури за претседател доставија и Розита Џартовска, адвокат и Милан Тоневски, дипломира правник, двајцата од Скопје.Кандидатура достави и адвокатот Арбен Гоља.За барањето на опозицијата повторно да се вратат старите решенија во Изборниот законик, односно партиски кадри да бидат членови на избирачките одбори, Вељановски коментираше дека не е коректно и додаде дека администрацијата има капацитет за спроведување на изборите.„Јас имам целосно доверба во администрацијата и сите политички субјекти треба да имаат доверба. Без разлика дали сме на власт или во опозиција треба да и веруваме на администрацијата“, рече Вељаноски.Вељаноски посочи дека дел од Изборниот законик се сите препораки на ОБСЕ и ОДИХР.Изборниот законик, предлогот за претседател на ДИК и формирањето на привремена комисија за утврдување на состојбите со избирачкиот список , како што информираше првиот парламентарец ќе бидат ставени на седница на 15 март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје
Денеска со почеток од 11:00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Владата на булеварот „Илинден“ и булеварот „Свети Климент Охридски“ и доколку се појави потреба од пренасочување, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме Јавното обвинителство темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово
„Сведоштвата на поранешната обвинителка Лејла Кадриу отвораат сериозни прашања за причините и одговорноста за трагичниот настан во модуларната болница во Тетово. Филипче ја составил, потпишал и одобрил техничката спецификација, но доколку постапувал согласно закон и доколку не го интересирале провизии, трагедијата можела да биде спречена“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Модуларната болница во Тетово била изградена без исполнување на минимум стандарди. Наместо овие објекти да служеле за безбедност на граѓаните, истите не биле во согласност со пропишаните стандарди за изградба на објекти од областа на здравството.
Зошто законите не се почитувале и се импровизирало при нивното спроведување?
Зошто не биле доследно применети Законот за градење и Законот за здравствена дејност?
Зошто профитот бил ставен пред јавното добро?
Филипче и СДС наместо безбедноста на граѓаните ги интересирале провизии, анекси и тендери.
Во време на Филипче се вршеле набавки на вакцини од фирма која продава манго и ананас. Дополнително, се делеле физиолошки раствори наместо хемотерапија на Онкологија.
Пожарот во модуларната болница во Тетово исто така се случил поради низа пропусти при изградбата на објектот.
Очекуваме Јавното обвинителство темелно и целосно да го расветли случајот со модуларната болница во Тетово“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Видео) Аврамовски: Потребни се искрена посветеност и сериозен ангажман од власта во надминувањето на кризата со транспортерите
„Додека нашите владини претставници уверуваа за брзо решение со транспортерите, претставникот на здружението ‘Меѓународен транспорт’, кое ги води преговорите со ЕУ за надминување на блокадите, изјави дека Унијата не прифатила ништо од нивните барања и дека се повторно се можни нови блокади“, изјави портпаролот на Либерално-демократската партија (ЛДП), Љубен Аврамовски.
ЛДП уште пред две недели алармираше дека додека нашите министри се враќаат од Брисел со „одлични вести“ за надминувањето на проблемот со транспортерите и ЕУ, босанскиот министер за транспорт Един Форто, изјави дека засега „нема решение за проблемот со транспортерите и ќе има дополнителна работна група“.
„Повторното нагласуваме, одложувањето на проблемот до септември не значи никакво решение, ниту одлична вест. Секој изминат ден за превозниците значи изгубено време и губење на заработката. Упатуваме апел до нашите државни претставници за искрена посветеност и сериозен ангажман во врска со надминување на моменталната криза со транспортерите. Возачите на камиони мора да бидат сметани за професионалци, а не за туристички патници“, вели Аврамовски во својата изјава за медиумите.

