Македонија
Потпретседателот на ЕБОР во Македонија

Јан Фишер, потпретседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) од денеска ќе престојува во Македонија.
Јан Фишер, потпретседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) од денеска ќе престојува во Македонија.Во тридневната посета предвидено е Фишер да се сретне со претставници на Владата, цивилното општество, бизнис заедницата и дипломатскиот кор.Во соопштението од ЕБОР се вели дека на предвидените средби со претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски, Фишер ќе ја искористи можноста да ја изрази силната подршка на ЕБОР кон Македонија и нејзините залагања за влез во ЕУ.ЕБОР е активна во Македонија од 1993 година и досега има инвестирано над 715 милиони евра во 70 проекти. /крај/со/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Фајзер-Бионтек“ ќе ни достави 800.280 дози вакцини, овој месец ќе пристигнат првите 21.000

Компанијата „Фајзер-Бионтек“ во 2021 година на Северна Македонија ќе ѝ испорача 800.280 дози вакцини, а испораката ќе се одвива во 4 квартали, соопшти Министерството за здравство. Првата достава ќе биде овој месец, при што ќе бидат испорачани 21.060 дози вакцини.
„Компанијата „Фајзер-Бионтек“, производител на вакцини против Ковид-19, денеска до Министерството за здравство, го испрати договорот за купување вакцини. Компанијата во договорот ги соопшти деталите за испорака на вакцините во текот на цела 2021 година.
Вакцините на производителот „Фајзер-Бионтек“ се спакувани во повеќедозажни вијали, од една вијала се вадат 6 дози вакцини. Вакцината се чува и дистрибуира на -70 степени, во обичен фрижидер од 2 до 8 степени може да стои 5 дена, а растворена да се чува 6 часа. Нашиот здравствен систем е целосно подготвен за прием и спроведување на вакцинација. Со вакцината на производителот „Фајзер-Бионтек“, веќе неколку недели се врши имунизација на здравствените работници кои се во првата приоритетна група за вакцинација согласно Националната стратегија за ковид имунизација“ наведуваат од министерството.
Македонија
Царовска: За квалитетно образование, инвестираме во инклузивни училишта

По денешната посета на општината Ѓорче Петров министерката за образование и наука Мила Царовска истакна дека еден од приоритетите на министерството е вложување во образовната инфраструктура.
Според министерката, покрај квалитетот на наставата, образовната инфраструктура е еден од основните елементи во образовниот процес.
„За таа намена, во буџетот предвидовме средства од 1 милијарда денари, што е за два и пол пати повеќе од лани и истите ќе се распределат по општините во зависност од приоритетноста на потребите за интервенции кои ги имаат пријавено во МОН. Со тоа ќе се подобрат условите за образование на над 100 илјади ученици и студенти, но и условите за работа на наставниот кадар“, рече Царовска.
Инаку општината Ѓорче Петров е дел од инвестициската агенда на МОН.
Министерката за време на посетата ја разгледа реализацијата на веќе започнатата изградбата на ОУ „Димитар Поп Ѓеорѓиев – Беровски“ во населбата Хром.
Царовска додаде дека во општина Ѓорче Петров во моментов се реализира и друга поголема инвестиција – доградба на крило во ОУ „Тихомир Милошевски“ во Волково, а преку проектот за изградба на 145 сали во план е и изградба на спортска сала во ОУ „Јоаким Крчовски“ во вредност од 22,7 милиони денари, како и замена на кровната конструкција во ОУ „Ѓорче Петров“ во населбата Ѓорче 1.
Македонија
(Видео) Нова мотоциклистичка опрема за полицијата

Припадниците на Одделението за претходница и сообраќајно ескортно обезбедување во МВР, добија на користење нова мотоциклистичка опрема, при што за прв пат добиваат два вида на опрема зимска и летна – триесет комплети, информираат од МВР.
Според ресорното министерство, станува збор за обнова по цели дванаесет години, а опремата се состои од чизми, заштитни чевли, кациги, виндјакни, подјакни, пантолони, појаси, ракавици, рефлектирачки елеци, маици, чија што вкупна вредност изнесува 3.988.230 денари , односно по 132.931 денари за еден комплет.
На настанот присуствуваше и министерот Оливер Спасковски кој кажа дека во изминатите четири години се забележува континуитет и динамика во опремувањето на полицијата.
„Министерството за внатрешни работи од сопствени средства, од буџетот наменет за потребите на министерството, не само што го обновивме сето она што деценија и повеќе беше запоставено и недостасуваше за нормално работење на полицијата, туку уште повеќе – дел по дел, плански, генерално се подобри нивото и стандардите на материјално-техничката и инфраструктурна опременост“, посочи тој.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер