Македонија
Жртвите на семејно насилство добија советувалиште
Жртвите на семејно насилство добија ново советувалиште во просториите на основното училиште „Коле Неделковски“ во Скопје.
Жртвите на семејно насилство добија ново советувалиште во просториите на основното училиште „Коле Неделковски“ во Скопје.
Советувалиштето за децата и родителите, жртви, ќе работи секој работен ден од 16 до 20 часот, а со нив ќе работи тим од социјални работници , педагози и психијатри.
Предвидена е и групна терапија со 10 до 15 родители, а во посебна просторија ќе се работи со децата жртви на семејно насилство.
„Моменталниот капацитет на центрите не може да одговори на сите потреби на жртвите. Ние само во последната година по интензивирањето на кампањата за борбата против семејно насилство имаме 500 нови случаеви годишно “, рече заменик министерот за труд и социјална политика , Спиро Ристовски.
Ристовски рече дека прашањето за бројот на жртвите ќе доведе до негативна статистика.
„Повторувам дека тоа не е пораст на жртвите туку пораст на свеста кај лицата да пријавуваат дека се жртви на семејно насилство“, рече Спировски.
Тој додаде дека во план е отворање на нови прифатилишта, и дека добил ветување од повеќе градоначалници на општините дека ќе обезбедат простор, а МТСП ќе обезбеди кадар.
Советувалиштето се отвора во рамките на заедничката програма на ОН, Општината Центар и Министерството за труд и социјална политика.
Претставникот на УНИЦЕФ, Шелдон Јет на отварањето рече дека оваа програма им помогнала на стотици жртви на семејно насилство и дека 20 отсто од децата во светот се сведоци на истото./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

