Македонија
Жбогар: Обновата на политичкиот дијалог поважна и од спорот за името
Позначајно за Македонија, во овој момент од решавање на спорот со името, е да се обнови политичкиот дијалог во државата со цел опозицијата да се врати во парламентот и сите партии да излезат на изборите.
Позначајно за Македонија, во овој момент од решавање на спорот со името, е да се обнови политичкиот дијалог во државата со цел опозицијата да се врати во парламентот и сите партии да излезат на изборите.До ваков заклучок дојде шефот на словенечката дипломатија, Самуел Жбогар, за време на тридневната посета на Македонија.„Гледам дека во овој момент позначајно е како да се обнови политичкиот дијалог во Македонија и како да се обнови работата на парламентот. Би апелирал опозицијата и владата да се договорат како опозицијата да се врати во парламентот и како да се врати политичкиот дијалог таму каде што му е местото“, изјави Жбогар по средбата со неговиот македонски колега Антонио Милошоски.Жбогар укажа дека во Љубљана, но и во Брисел многу внимателно се следи како ќе се реши актуелната политичка криза во Македонија „Европската комисија (ЕК) даде свое мислење во врска со исполнување на критериумот за отпочнување на преговорите со Македонија. Сега многу внимателно се следи како ќе се реши политичка криза во Македонија. Мислам дека е потребен дијалог кој ќе овозможи опозицијата да се врати во парламентот“, рече Жбогар.Тој ја нагласи потребата сите политички партии да учествуваат на изборите, изразувајќи уверување дека политичките водачи се свесни дека луѓето се тие кои што ќе и дадат мандат на владата.Констатирајќи дека овој период пред предвремените избори не е поволен за решавање на прашање за името, Жбогар рече дека меѓу првите приоритети на новата влада е да го надмине тој спор, со што би се решиле и сите други проблеми поврзани со ЕУ и со НАТО.Жбогар повтори дека Словенија останува гласноговорник на Македонија во нејзините евроатлантски интеграции и оцени дека е дојдено време Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО.Министерот Милошоски се сложи со констатациите на Жбогар околу значењето на политичкиот дијалог и укажа дека постои опасност Македонија, поради бојкотот на опозицијата на парламентот, да го загуби својот имиџ во Европа.„Местото на политичкиот дијалог му е во Собранието. Функционирањето на македонското Собрание не е важно само за политичкиот дијалог туку и за угледот на државата во очите на економската јавност. Враќањето на опозицијата во парламентот ќе значи и зачувување на онаа репутација, која што досега сме ја имале како функционална држава во услови на едно мултиетничко општество“, рече Милошоски.Тој индиректно предупреди дека постои опасност Македонија дури да ја загуби препораката за почеток на преговорите со Европската унија, истакнувајќи дека таа препорака е добиена врз основа на исполнети политички критериуми.„Еден од основните политички критериуми е функционалност на легитимно избраните институции, во случајов се работи за Собранието кое што е една стожерна институција за парламентарната демократија. Нејзината функционалност во многу значи за критериумот исполнување политички услови за отпочнување на преговорите. Сметам дека бојкотот на опозицијата на македонското собрание не оди во прилог на нивото до кое бевме стигнале согласно извештаите на ЕК за 2009 и 2010 година“, рече Милошоски.Двајцата министри на денешната средба разговарале и за низа други прашања, при што доминирала економијата. Констатирано било дека постои голем простор за натамошно продлабочување на економската соработка. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска е Божик – денот на христовото раѓање
Православните христијани во светот, во Македонија и црквите кои се раководат по Јулијанскиот календар денеска го слават Рождеството Христово – Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква изутрината се одржуваат божикни литургии.
Божик е денот на Христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Денеска воедно завршува 40-дневниот пост и овој ден се прославува со богата трпеза со мрсни јадења.
Со Божик е поврзана и поговорката: „Пред Божик зад Божик кај да си, дома да си” што има двојно значење: за време на големиот празник треба да се биде во кругот на семејството и тука да се слушне и да се прослави радосната вест за раѓањето на Спасителот, но не е на одмет да се потсети дека во најстудениот период од годината, сепак најпријатно и најбезбедно е во сопствениот дом.
На Божик се оди во црква и се врши причестување со земање нафора и вино, кои ги симболизираат Исусовото тело и крв. По овој чин луѓето смеат да се омрсат. Се подготвува богата софра, на која скоро задолжително било свинското месо. На денот на Христовото раѓање, по одењето во црква луѓето се веселеле, играле и пееле среде село. Божик, според црковниот календар, се празнува три дена.
Вториот ден е Соборот на Света Богородица, а третиот е Свети Стефан првомаченик.Во некои краеви на овие празници, луѓето што го носат името Божидар, Божо, Бошко и сл. слават именден на Божик, а Стефан, Стојан, Стојче слават на Св.Стефан.
Од Божик почнуваат 12-те таканаречени некрстени или нечисти, погани денови, кои траат сè до пред Водици, денот кога Исус бил крстен. Се верува дека во овие денови се движат зли духови, караконџули, вампири, вештерки и сл. кои ги загрозуваат безбедноста и сигурноста на луѓето. Затоа од Божик до Водици, луѓето со себе носеле најразлични амајлии – апотропејски средства со кои се заштитувале од злите духови, како што се лук, пелин, сол.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.

