Контакт

Македонија

Трајанов : Демократски сојуз за избори во периодот мај- јуни

Објавено пред

Претседателот на Демократскиот сојуз (ДС), Павле Трајанов денеска рече дека ДС е за одржување на предвремени избори во најкус временски рок, по можност во временскиот период од 15 мај до 15 јуни

„Ваквата состојба на развлекување на изборите нанесуваат огромни штети врз состојбите во државата во целина.Имаме вештачка политичка криза која има негативно влијание и на вкупните состојби , на имиџот на државата но исто така се одразува врз економскиот развој“, рече Трајанов.Трајанов рече дека неговата партија е за фер и демократски избори во скандинавски стил и дека сите политички партии ќе направат се што е во нивната моќ за да се одржат такви избори.Лидерот на ДС рече дека на изборите ќе одат со мотото „ Нови работни места за подобра иднина“ а за својата програма ќе вклучат домашни и странски експерти.

Македонија

Граѓански здруженија бараат темелна истрага за институционалните пропусти во случајот Мијалков

Објавено пред

Три граѓански здруженија бараат темелна и брза истрага за институционалните пропусти околу недостапноста на органите за прогон на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков.

„И покрај епилогот на овој случај, кој значеше обезбедено присуство пред судските органи на обвинетиот и сега веќе притворениот Мијалков, сметаме дека е неопходно итно утврдување на одговорност од страна на надлежните органи за настаните кои му претходеа на изрекувањето на пресудата“, се наведува во соопштението на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Коалицијата „Сите за правично судење“ и Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Тие сметаат дека бегството се случило токму поради отсуството на соодветна реакција за пропустите и неажурноста на институциите, што овозможиле бегство од земјата на Никола Груевски, кој беше осуден на двегодишна казна затвор со правосилна пресуда во случајот познат како „Тенк“, како и на други три лица од високо-профилираните кривични постапки.

„Истрагата и понесувањето одговорност е од исклучителна важност за градењето правна држава и владеење на правото, поради очигледните пропусти на македонскиот кривично-правен систем. Добиените сознанија за институционален пинг-понг и непотребни преписки од моментот кога се добиени индиции за бегство на обвинетиот Мијалков, до моментот кога му се губи трагата, ја потврдуваат неажурноста на надлежните органи во борбата против криминалот“, велат здруженијата.

Токму затоа, додаваат тие, инсистираме на истраги преку кои ќе се утврди одговорноста за пропустите во постапувањето на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на Министерството за внатрешни работи и на Агенцијата за национална безбедност.

Здруженијата, соодветно на резултатите од истрагата, бараат да бидат санкционирани сите раководни лица и службеници, кои не ги почитувале законските и подзаконските акти, со што помогнале во бегството на Мијалков.

„Сите контрадикторни тврдења, изјави во медиумите, целокупното однесување и постапување на ОЈОГОКК , фрлаат дамка на непристрасноста и стручноста во постапувањето на ОЈОГОКК, поради што бараме Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија да спроведе постапка за да се утврди одговорноста за пропустите во постапувањето. Сметаме дека само со сериозен пристап за утврдување на вистината и одговорноста во самите институции, може да се изгради функционален систем, кој обезбедува правда и во кој сите се еднакви пред законот“, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права, Коалицијата „Сите за правично судење“ и Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ноќеска пукање во Топанско Поле, мртви две лица

Објавено пред

Двајцата убиени во кои ноќеска беше пукано се од Скопје, на возраст од 24 и 28 години, велат од МВР за „Макфакс“. Тие биле пронајдени мртви, а пукањето било пријавено од лица кои случајно се затекнале на местото и слушнале пукање. На местото се пронајдени повеќе чаури од пиштол и автоматска пушка. Убиството се случи доцна ноќеска, пред три часот, на улицата „Македонско-косовска бригада“.

Убиените се превезувале со патничко моторно возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки. Итната медицинска помош констатирала само дека двете лица не давале знаци на живот. Остануваат непознати причините за двојното убиство, а од полицијата велат дека се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

Уште доцна ноќеска многубројни полициски екипи се излезени на терен за расчистување на убиството. Сведоци на крвавиот настан биле и соседи кои биле разбудени од гласните пукотници.
Увидот на терен и натаму трае, а неофицијално, на разговор веќе се повикуваат лица од кои може да се дознаат повеќе детали за тоа што се случувало ноќеска при убиствата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево со мала облачност и температури до 20 степени

Објавено пред

Времето денеска претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Молдавија прва во Европа доби вакцини преку „Ковакс“

Молдавија е прва европска земја што доби вакцини против коронавирус од глобалната програма Ковакс, објави претседателката Маја Санду. Таа на...

Свет1 час

(Видео) Во зоолошка во Сан Диего вакцинирани мајмуни против коронавирус

Девет мајмуни во зоолошката градина во Сан Диего – четири орангутани и пет бонобо – се вакцинирани против Ковид-19, со...

Македонија1 час

Ноќеска пукање во Топанско Поле, мртви две лица

Двајцата убиени во кои ноќеска беше пукано се од Скопје, на возраст од 24 и 28 години, велат од МВР...

Регион2 часа

Словенија ги заострува условите за влез во земјата поради новите видови коронавирус

Поради опасност од внесување нови варијанти на коронавирусот, Словенија ќе спроведе засилен надзор и ќе ги заостри условите за влез...

Свет2 часа

Папата ја почна историската посета на Ирак

Папата Франциско, утрово, на аеродромот во Рим полета со авион во историска посета на Ирак, пренесоа агенциите. Како што се...

Европа3 часа

Австралија бара од ЕК да ја преиспита одлуката за блокирање на вакцините од „Астра зенека“

Австралија бара од Европската комисија да ја преиспита одлуката за блокирање на испораката на вакцините на „Астра зенека“ во таа...

Свет3 часа

Во Мексико убиени над 60 политичари пред изборите во земјата

Најмалку 64 политичари се убиени во последните шест месеци во Мексико. Се претпоставува дека тоа има некаква врска со парламентарните...

Свет15 часа

90 проценти од Израелците примиле барем една доза вакцина или го прележале коронавирусот

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денес објави дека Израел, Австрија и Данска ќе формираат заедничка основа за истражување, развој и...

Македонија15 часа

Нов силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, а потресот беше почувствуван и во Македонија. Според...

Свет17 часа

Путин: Руските вакцини против коронавирусот се најбезбедни и најефикасни во светот

Претседателот на Русија, Владимир Путин, рече дека руските вакцини против коронавирусот се најбезбедни и најефикасни во светот. Путин на состанокот...

Свет19 часа

Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Нов Зеланд, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд. Според првичните проценки на emsc-csem.org, земјотресот бил со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата...

Македонија21 час

Девет починати и 721 новозаболен од Ковид-19 во Македонија

Во последните 24 часа се направени 3.323 тестирања, а регистрирани се 721 нов случај на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија21 час

„Фајзер-Бионтек“ ќе ни достави вкупно 800.280 вакцини, овој месец ќе пристигнат првите 21.000

Компанијата „Фајзер-Бионтек“ во 2021 година на Северна Македонија ќе ѝ испорача 800.280 дози вакцини, а испораката ќе се одвива во...

Македонија23 часа

МВР: Внимателно на социјалните мрежи, на „Тик-ток“ се шират повици опасни за малолетниците

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од страна на Интерпол е добиена информација дека на профили на социјалната...

Регион1 ден

(Видео) Грција ја проценува штетата по земјотресот, десетици жители ја поминаа ноќта надвор

Експертите денес ја проценуваат штетата по земјотресот со јачина од 6,3 степени, што го погоди централниот дел на Грција, кога...

Македонија1 ден

Иницијативата за конгрес: Мицкоски лажеше дека има мнозинство, партијата доби ладен туш

Сè уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски треба да ги стави интересите на државата и на партијата пред сопствените и да...

Македонија1 ден

Мнозинството е стабилно, велат од СДСМ по гласањето доверба на Владата

Мнозинството во Собранието е стабилно, Владата има силна поддршка, велат утрово од СДСМ, откако вчера 62 пратеници гласаа за доверба...

Европа1 ден

Секој граѓанин на Германија ќе добива по еден бесплатен тест неделно

Од следната недела секој германски граѓанин ќе има неделно по еден бесплатен тест на коронавирус, најави германската канцеларка Ангела Меркел....

Македонија1 ден

56 проценти зголемен бројот на заразени од коронавирус, Пановски советува брисевите да се земаат на отворено

Вчерашните 807 новозаразени и неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, кој покажува зголемување на новозабоените од 56 отсто во...

Свет2 дена

Во Јужна Африка запленета голема количина на лажни вакцини против Ковид-19

Околу 2.400 дози на фалсификувани вакцини се запленети во Јужна Африка, а во Кина е разбиена мрежа на шверцери на...

Досие