Македонија
Тарчуловски би можел да излезе од затвор во 2013-та

Здружението на граѓани за поддршка на Јохан Тарчуловски денеска во Соборниот храм одбележуваат шест години од како Јохан беше приведен и одведен во Хаг. За таа цел запалија свеќа и се помолија за здравјето на Јохан
„Секој од нас се цени според делата, а не според зборовите. Јохан докажа дека е вистински патриот, човек кој е бескомпромисен, човек кој не го интересираат богатства, ниту политички кариери, туку човек кој безусловно ја сака својата држава“, изјави Александар Колев од Здружението.Тие веруваат дека до 2013 г. Јохан би излегол од Хаг, односно по две третини од одлежувањето на казната може да се поднесе жалба за негово помилување. Најоптимистички период е 2013-та.Неговата сопруга Соња Тарчуловска им се заблагодари на граѓаните за поддршката што ја изразија. Според нејзини информации, Германија се понудила Јохан Тарчуловски таму да ја издржува остатокот од казната, но сепак вели дека тоа не е конечна одлука, бидејќи, како што рече, некогаш Хашкиот трибунал ја соопштува одлуката еден ден откако ќе ја донесе поради безбедносни причини
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожарот зафати само надворешен дел од дворот на Психијатриската болница Бардовци, нема причина за загриженост, велат од МЗ

По пожарот што вчера зафати дел од тревна површина во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, Министерството за здравство ја информира јавноста дека ситуацијата е целосно ставена под контрола и нема причина за загриженост.
Од безбедносни причини, во краток временски период беше спроведена превентивна евакуација на дел од пациентите и вработените. Навремената и координирана интервенција на надлежните служби спречи проширување на пожарот кон болничките објекти. Не е причинета никаква материјална штета врз објектите и не се регистрирани повредени меѓу пациентите и персоналот.
Пожарот зафати само надворешен дел од дворот, обраснат со сува трева и истиот е успешно локализиран.
Во објектите на болницата има присутен дежурен медицински и административен персонал и активно ќе ја следат состојбата.
Македонија
(Видео) Во седум налети хеликоптерот на МВР исфрли 10 тони вода

Вчера полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, а по претходно добиено барање од ЦУК за преземање активности во врска со гаснење на пожар во реонот на Блаце, се упатија со хеликоптерот Бел 412 за извршување на задачата.
Во седум налети хеликоптерот исфрли 10 тони вода, а потоа поради ноќните услови се врати во базата, извести МВР.
Македонија
Нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце

Ноќеска е нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце. Укината е забраната и за товарните моторни возила и за автобусите.
Претходно поради настанатиот пожар над магистралниот пат А4 Скопје – Блаце кај тунелот кој се прошири над магистралниот пат, сообраќајот беше пренасочен за патничките возила, а во прекин беше за товарните моторни возила.
МВР воспостави посебен режим на движење на возила од Граничен премин Блаце кон Скопје.
Сообраќајот за патнички моторни возила беше пренасочен кон село горно Блаце по стариот пат кон село Бањани, Глуво и Скопје.
Воспоставен беше посебен режим на движење на возила и во правец од Скопје кон Граничен премин Блаце.
Сообраќајот од Скопје кон граничниот премин беше пренасочен по регионален пат Р 22 39 кон село Бразда, Село Глуво Горно Блаце.