Македонија
Средба Груевски – Црвенковски
Лидерите на најголемите партии, ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Бранко Црвенковски денеска треба да остварат средба на која e предвидено да се разговара за условите кои ги постави опозицијата за одржување на предвремени парламентарни избори.
Лидерите на најголемите партии, ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Бранко Црвенковски денеска треба да остварат средба на која e предвидено да се разговара за условите кои ги постави опозицијата за одржување на предвремени парламентарни избори.Средбата е закажана за 13 часот во Клуб на пратеници во Скопје.Минатата недела Груевски му испрати отворено писмо на Црвенковски за средба со цел надминување на состојбите за распишување на предвремени избори. Црвенковски ја прифати, но побара и лидерска средба на која ќе присуствуваат лидерите на сите политички партии.
Лидерот на СДСМ во петокот изјави дека од барањето за одмрзнување на сметките на А1, Време, Шпиц и Коха е ре партијата не отстапува, но тоа сега веќе не е услов за почеток на меѓупартиските разговори, туку социјалдемократите бараат тоа да биде тема на разговорите. Тој посочи дека остануваат и другите услови какви што се изборниот закон, законот за медиуми и прочистувањето на избирачкиот список, услови кои според опозицијата се за одржување на фер и демократски избори.Груевски постојано во изминатиов период изјавуваше дека не може да го прифати условот за одблокирањето на сметките на медиумите, со образложение дека извршната власт нема право да се меша во одлуките на судската власт.За законот за медиуми, Груевски посочуваше дека никаде не постои таков закон.За денеска беше закажана и собраниска седница на чиј дневен ред се точките за Изборен законик, избор на претседател на ДИК и формирање на повремена комисија за утврдување на состојбата со избирачките списоци, но истата е презакажана за утре.Седницата е одложена бидејќи денеска во Собранието треба да се одржи комеморативна седница за починатиот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Владо Стефановски.Се очекува на седницата во среда да присуствуваат и пратениците од опозицијата./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Вештачката интелигенција треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните: Во Собранието се одржа јавна расправа
Вештачката интелигенција треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните
Во Собранието се одржа јавна расправа по конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за извршената ревизија на успешност на тема: ,,Можност за употреба на вештачка интелигенција во јавниот сектор”.
Настанот го отвори координаторката на Клубот на младински прашања и политики, Драгана Бојковска, која истакна дека мора да се биде во тек со современите држави кои ги користат ВИ алатките, и во тој контекст информира дека во работата на Собранието е вклучена вештачката интелигенција.
Советникот во ДЗР, Сашо Јаковчевски, кој го презентираше Извештајот, рече дека е потребна сеопфатна дигитална инфраструктура бидејќи имаме растечка база на знаење која може да се вклучи во спроведувањето на вештачката интелигенција во јавниот сектор.
Според државниот ревизор Максим Ацевски, институцијата е лидер по примената на дигитализацијата бидејќи посетеноста на веб-страницата за кусо време пораснала за 6,34 проценти.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, посочи дека Министерството веќе има проекти со кој се очекува да се спроведе вештачката интелигенција во јавниот сектор, која треба да биде технолошка трансформација во служба на граѓаните.
Учесниците во јавната расправа посочија дека без правна регулатива може да направи повеќе штета отколку корист. Затоа е потребна национална стратегија, заштита на личните податоци, институционален капацитет и правна заштита.
Македонија
Утре со врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни, на повисоките места дожд и снег
Времето утре, ќе има врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег.
Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен повремено силен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во среда и четврток времето ќе биде стабилно, а во четврток ноќта и во петок ќе има нови пообилни врнежи. Утре ќе дува засилен повремено силен јужен ветер кој во попладневните часови ќе го смени правецот во северен и ќе продолжи да дува и во среда.
Македонија
Полицајци спасија жител на Македонска Каменица кој останал заглавен на тераса во пожар во неговата куќа
Полициски службеници спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа, соопшти МВР.
Вчера попладне во 13:23 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица настанал пожар во куќа, сопственост на Љ.Ѓ.(80).
Полициски службеници од СВР Штип – Полициско одделение Македонска Каменица излегле на местото и го затекнале сопственикот заглавен на тераса на вториот кат, по што се преземени мерки и со помош на скали безбедно го спуштиле.
Нему му е укажана помош во Клиничка болница Штип поради вдишување чад, по што е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.
Пожарот е изгаснат од Територијалната протипожарната едница Македонска Каменица. Увид е извршен.

