Македонија
Стојановски – прв странец прогласен за почесен член на НГ Вермонт

Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски денеска беше одликуван со признание за почесен член на Националната гарда на Вермонт
Признанието на генерал-потполковник Мирослав Стојановски му го додели командантот на гардата, генерал-мајор Мајкл Дуби, кој престојува во Македонија.„Навистина е чест да се биде член на Тримаунтин бојс од Бермонт. Ова не е само признание за моето долгогодишно ангажирање, ова е признание на сите припадници на армијата, кои во изминатитите 16 години дадоа голем придонес во оваа соработка, во рамките на партнерската програма да биде навистина успешна. Ќе ни треба многу време да ги истакнеме сите оние придобивки и достигнувања, кои ги имаме постигнато во билатерланата соработка со Вермонт. Во секој случај не е скромно или претерано да се каже дека заради оваа соработка армијата на Македонија денеска е подобро и поборбено оспособена отколку што тоа беше на почетокот на формирањето на армијата“ рече Стојановски.Генерал-мајор Мајкл Дуби истакна дека ова признание му се доделува на Стојановски за добрата соработка и водството, како и за неговата посветеност на задачите. Ова признание, како што вели Дуби значи чест, интегритет и лојалност, а Стојановски е прв странец кој го добива ова признание.„Во Ирак служевме кога служеа и многу припадници на Македонија, и неодамна бевме горди и почестени што македонските војници беа вклучени во нашата бригада во Авганистан“ рече ДубиОва високо признание се доделува по третпат, а Стојановски е првиот странец што го добива. Досега за почесни членови на гардата се прогласени поранешен гувернер на Вермонт и генерал од американската армија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сопругата на Пендаровски во посета на Центарот за жртви од семејно насилство во Струмица

Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска го посети Ценатрот за згрижување на жртви на семејно насилство во Струмица.
„Таа се запозна со лицата кои се жртви на семејно насилство, како и со дел од тимот кој им ја пружа неопходната помош“, информираат од Кабинетот на претседателот.
Додаваат, дека целта на посетата е да им се даде поддршка на жртвите на семејно и родово базирано насилство покажувајќи им дека сите заедно треба да работиме во подигање на свеста и унапредување на услугите за борба против насилството.
Од Центарот известуваат дека е забележано зголемување на бројот на случаи на семејно насилство поради пандемија со Ковид-19 и поради рестриктивните мерки во однос на движењето и финансиските ограничувања.
Токму затоа, велат од таму потребно е да се охрабрат жртвите на семејно и родово базирано насилство да го пријават истото и да ја добијат потребната заштита, згрижување, како и стручна советодавна помош за полесно справување со последиците од насилството.
Од Центарот информираат дека лицата-жртви од семејно и родово базирано насилство покрај згрижување, добиваат и заштита, психо-социјална помош и поддршка, третман за надминување на траума, правно советување, вклучување во активните мерки за вработување со цел учество во пазарот на трудот и постигнување на финансиска независност.
„Со овие активности им се овозможува за одреден период да бидат одвоени од средината во која се случило насилството, им се даваат услуги од стручната советодавна работа заради надминување на последиците од насилството и преку разновидни содржини се оспособуваат за различни социјални вештини“, велат надлежните од Центарот.
Македонија
Состанок на експертската група за правни лекови во борбата против трговијата со луѓе

Државната секретарка и национална координаторка за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, Магдалена Несторовска, го отвори регионалниот состанок на експертската група „Пристап до ефективни правни лекови за жртвите на трговија со луѓе во земјите на Југоисточна Европа“.
Според МВР, на состанокот присуствуваат повеќе од 100 учесници практичари од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Романија, Србија, како и Франција, Грција и од Словенија.
„По двајца претставници од сите земји ќе ги споделат добрите пракси во однос на национална пракса за процедурални права за пристап до правда и механизмите за помош и поддршка на жртви на трговија со луѓе“, додаваат од Министерството за внатрешни работи.
Состанокот е во организација на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал, во соработка и со поддршка и финансирање од Министерството за Европа и надворешни работи на Франција и Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција од РСМ и денеска и утре се одржува преку платформата КУДО, информираат од МВР.
Македонија
Нови 807 заболени од Ковид-19, починале петмина

Во последните 24 часа се направени 3.312 тестирања, а регистрирани се 807 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 359, Куманово и Охрид – по 38, Кавадарци, Струмица и Неготино – по 36, Гевгелија – 35, Тетово и Прилеп – по 34, Гостивар – 29, Битола – 25, Велес – 24, Крива Паланка – 12, Кочани и Крушево – по 11, Ресен – 6, Струга, Кичево и Валандово – по 5, Пробиштип и Богданци – по 4, Штип, Дебар, Берово и Демир Хисар – по 3, Делчево и Радовиш – по 2, Свети Николе, Виница, Кратово и Демир Капија – по 1.
Регистрирани се 314 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 135, Кавадарци – 61, Прилеп – 41, Неготино -16, Куманово – 12, Тетово – 11, Велес – 7, Гостивар и Кратово – по 5, Штип и Битола – по 4, Гевгелија – 3, Ресен и Пробиштип – по 2, Охрид, Кочани, Радовиш, Берово, Виница и Крушево – по 1.
Пријавени се вкупно 5 починати лица – 4 пациенти од Скопје (80, 74, 68, 65) и 1 пациент од Штип (81). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Направени се 3.312 теста преку: ИЈЗ – 755, ЦЈЗ Скопје – 87, „Авицена“ – 291, „Биотек“ – 248, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 170, „Систина“ – 273, лабораторија „Лаор“ – 265, МАНУ – 0, Судска медицина – 10, ЦЈЗ Битола – 103, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, ГАК – 0, „Синлаб“ – 66, „Ремедика“ – 32, лабораторија во болницата во Козле – 19, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 990, УК Пулмологија со алергологија – 3, ГОБ „8 Септември“ – 0, лаборатории од странство – 0.
Досега во земјата се направени вкупно 530.182 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 104.548, бројката на оздравени пациенти е 92.189, на починати е 3.156, а бројот на активни случаи изнесува 9.203.
Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (нови) Активни случаи (вкупно)
Скопје 359, активни 4.145
Куманово 38, активни 338
Тетово 34, активни 323
Прилеп 34, активни 643
Гостивар 29, активни 184
Штип 3, активни 121
Велес 24, активни 278
Битола 25, активни 209
Кавадарци 36, активни 604
Охрид 38, активни 475
Струмица 36, активни 220
Струга 5, активни 190
Кочани 11, активни 91
Кичево 5, активни 74
Неготино 36, активни 264
Гевгелија 35, активни 223
Свети Николе 1, активни 26
Крива Паланка 12, активни 114
Ресен 6, активни 65
Дебар 3, активни 43
Делчево 2, активни 184
Радовиш 2, активни 23
Берово 3, активни 32
Пробиштип 4, активни 32
Виница 1, активни 27
Валандово 5, активни 32
Крушево 11, активни 85
Кратово 1, активни 28
Богданци 4, активни 51
Демир Хисар 3, активни 23
Македонски Брод, активни 8
Демир Капија 1, активни 40
Македонска Каменица, активни 3
Пехчево, активни 4
Дојран, активен 1
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер