Македонија
Персоналот од градинките во Карпош и Куманово повторно излегоа на протести
Техничкиот персонал, воспитувачките и негувателките од градинките во Карпош и Куманово денеска повторно излегоа на протести пред Министерството за труд и социјална политика.
Техничкиот персонал, воспитувачките и негувателките од градинките во Карпош и Куманово денеска повторно излегоа на протести пред Министерството за труд и социјална политика.Тие се незадоволни поради, како што велат, фаворизирањето на некои општини и несразмерноста во однос на делењето решенија за вработување во градинките од страна на министерството.Јасмина Насковска која работи под договор на дело во градинка во општина Карпош тврди дека во општините Аеродром и Бутел во периодот пред и по Нова Година биле поделени по 30 решенија за вработување, а додека во нивната општина со четири градинки во овој период биле поделени само десет решенија„Денеска побаравме прием кај министерот, но не известија дека не бил тука. Дојдовме да го искажеме нашето незадоволство, бидејќи од министерството добивме официјална информација дека во општина Карпош ќе бидат пуштени само три согласности за вработување. Ние сме 39 вработени под договор на дело во Карпош, а три согласности е навистина ништо“ – рече Јасмина Насковска. Тие се незадоволни и од ставот на министерот Џељаљ Бајрами кој им го соопшти на минатонеделните протести, дека Министерството постепено до крајот на 2012 година ќе им го реши работниот однос на сите кои работат под договор на дело и бараат оваа година да бидат поделени повеќе решенија„Ние работиме со години наназад, сакаме сите да земеме решенија, зошто да чекаме уште една или две години“ – вели Слаѓана Петковска од Куманово.За министерот за труд и социјала Џељаљ Бајрами симптоматичен е периодот кога тие се одлучуваат да протестираат и вели дека ниту една општина не е фаворизирана во однос на делењето на решенијата за вработување во градинките.Тој истакна дека Министерството стои на она што било договорено минатата година кога протестираше техничкиот персонал, негувателките и воспитувачките од повеќе општини од државава.„Минатата година доделивме 100 согласности за вработување. Во постапка сме за оваа година, во текот на овој месец да доделиме дополнителни 100 согласности за решавање на статусот на вработените во градинките и последната бројка од 100 останува за следната година. Не биле фаворизирани одредени општини, туку во општините кои во минатите години не била поделена ниту една согласност, тие добија повеќе сега“ – вели Џељаљ Бајрами. Персоналот од градинките во Карпош и Куманово и понатаму ќе ја бојкотираат својата работа. крај/к.с
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Велеа решен проблем со транспортерите, а не е, ќе понесе ли Николоски одговорност
Вицепремиерот Николовски велеше не се секирајте проблемот на транспортерите е решен, разговаравме со Европската Унија, нема да има проблем, но еве не е решен, укажа претседателот на СДСМ, Венко Филипче на средбата со Општинската организација на СДСМ во Гевгелија. Филипче посочи дека дел од компаниите веќе се селат во Бугарија и во Хрватска.
„Гледате како излажа вицепремиерот Николовски за транспортерите. Што велеше, не се секирајте, завршен е проблемот, разговаравме со Европската Унија, нема да има проблем. Еве, не е така. Ќе понесе ли одговорност затоа што не ја зборел вистината? Зборувавме со неколку компании. Веќе се селат во Бугарија и во Хрватска. Таму ќе ги регистрираат транспортните компании“, рече Филипче.
Во обраќањето Филипче нагласи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно ја доведе државата до состојба на изолација и без јасен план за напредок, што носи сериозни последици врз економијата, компаниите, граѓаните.
„Целосно не изолираа, целосно не изолираа. Ќе го враќаа името, ќе обезбедеа подобра преговарачка позиција. Ништо од тоа. Ништо. Ние сме изолирани, слепо црево на Балканот. Нема план како напред, кажува премиерот, што не кажуваше пред изборите 2024 дека ќе го запре целосно европскиот пат и нема да има уставни измени. Тој велеше и ветуваше, ќе има подобра преговарачка позиција за земјата. Затоа му дадоа поддршка луѓето, не за да го запре европскиот пат на земјата којшто трае од 1991 прва година“, рече Филипче.
Тој додаде дека премиерот Мицкоски нема право да ја држи изолирана државата и да ја загрозува иднината на граѓаните.
„Тој нема право да го прави тоа, тој нема никакво право, ни морално, ни политичко, да ја запре земјата, да ја изолира, да не стави целосно на страна, под силно влијание на српско-унгарски интереси, на медиумска мрежа којашто не ја кажавме ние, ја анализираа независни истражувачки новинари.Кажаа дека таква мрежа, која што шири антиевропски наратив, проруски наратив е контролирана од Орбан. 40% од медиумите кај нас се под контрола на Орбановата мрежа на медиуми“, рече Филипче.
Македонија
Воена вежба на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро, надлежните апелираат на внимателност до месното население
СВР Охрид известува дека, утре (17.02.2026 година) од 04 до 09 часот, на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро кај караулата во струшкото село Радожда, воена вежба ќе реализираат припадниците на македонската и белгиската армија.
„При извршување на вежбовните активности, ќе биде употребена маневарска муниција поради што, апелираме до месното население на адаптирање на своите обврски и внимателност при нивното извршување како и придржување до насоките на униформираните службени лица задолжени за безбедноста на подрачјето“.
Македонија
Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати
„Гледаме како се луксузирал премиерот, како го користел владиниот авион да оди на одмор без никаков срам. Треба да одговори на прашањето кој бил со него во авионот? Треба да одговори на прашањето зошто најавуваат купување на нов владин авион, за повторно да го користи во приватни цели за приватни патувања?“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на попладневната средба со партиското членство од општинската организација на СДСМ Гевгелија, во рамки на теренските активности на партијата.
Филипче ја критикуваше власта за луксузирањето и што велат од партијата, негрижата за животниот стандард на граѓаните. Тој нагласи дека во време кога граѓаните се соочуваат со постојани поскапувања и ниски примања, власта се луксузира на грбот на народот.
„Тоа ли е целта? Во време кога не сака да им зголеми плати на работниците, прават такви трошоци, луксузирање на сметка на сите граѓани. Сите граѓани го плаќаат керозинот за тој авион“, истакна Филипче.
Се осврна на животниот стандард и одбивањето на власта да ја зголеми минималната плата.
„Ние ги премоливме, дававме закони два пати, ова е втор пат како го даваме законот за минималната плата. Луѓето не можат крај со крај да врзат. 600 евра плата не е луксуз, минимална плата. Основни потреби не може да задоволува луѓето. Колку е сметка за струја, колку е потрошувачка кошничка, не може да преживеат. Нема слух, нема слух“, порача Филипче.
Тој заклучи дека Владата нема визија и нема план за подобрување на животниот стандард, туку само задолжувања и луксузирање, додека граѓаните едвај преживуваат.

