Македонија
Пацоли следната недела во Македонија
Новоизбраниот косовски претседател Беџет Пацоли следната недела ќе престојува во посета на Македонија. Неговото доаѓање денеска во Тирана го најави претседателот Ѓорге Иванов, говорејќи за пријателството меѓу Македонците и Албанците пред пратениците во албанското собрание.
Новоизбраниот косовски претседател Беџет Пацоли следната недела ќе престојува во посета на Македонија.Неговото доаѓање денеска во Тирана го најави претседателот Ѓорге Иванов, говорејќи за пријателството меѓу Македонците и Албанците пред пратениците во албанското собрание. „Сакам да знаете дека македонскиот народ, вековното пријателство и соживотот со Албанците не го изразува само преку почитта и правата кои албанската заедница ги ужива во Република Македонија. Република Македонија исто така му подаде рака на Косово, признавајќи ја најмладата држава во Европа, воспоставувајќи при тоа најблиски и најконструктивни односи по сите прашања. Впрочем, минатата година, токму со Република Косово имавме најголема трговска размена. И, не само тоа. Република Македонија активно помага и во интегрирањето на Република Косово во регионалните иницијативи. Веќе следната недела ќе бидам домаќин на првата официјална посета на новиот косовски претседател Беџет Пацоли, како уште една потврда на пријателството меѓу граѓаните на Македонија и Косово“, рече Иванов.Говорот на претседателот Иванов пред албанските пратеници е во рамки на дводневната посета на западниот сосед. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Стефковски: Зимските екипи од ноќва го чистат снегот
Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски преку социјалните мрежи инфоримраше дека поради снегот службите на локалната самоуправа делуваат на терен.
„Ноќва во 03:00 часот ме информираа дека на делови во општината има врнежи од снег по што ги задолжив екипите да излезат и да делуваат на терен. Веќе три часа во тек се активности за расчистување на снегот од улиците во планинскиот дел на општина Гази Баба. Сол и ризла се фрлени на пристапните улици до Раштак, Булачани, Црешево, Смилковци, Виниче, Страчинци и Брњарци. Едноставно, сите утврдени кризни точки се опфатени! Безбедноста на граѓаните е наш приоритет! Кризниот штаб ќе продолжи да делува на терен се додека тоа е потребно“, напиша Стефковски.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, стопирано движењето кај Башино Село
Од утринава, забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Гостивар – крак Маврово – Дебар и Гостивар – Стража се укинати, информираат од Авто мото сојузот на Македонија.
Оттаму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, а на одредени делови на патиштата се присутни влажни коловози.
Исто така, од Авто мото сојузот потсетуваат дека од вчера сообраќајот е во целосен прекин во близина на Башино Село, кај мостот, и дека овој прекин ќе трае подолг временски период.
Македонија
Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
Утрово според податоците од УХРМ најстудено беше на Попова Шапка со измерени -6 степени, потоа во Маврови Анови -4, -1 Скопје Петровец, Куманово, Лазарополе, 0 Скопје-Зајчев Рид, Дебар, Тетово, Крушево, Крива Паланка, Прилеп, Виница, 1 Штип, Велес, Берово, 2 Струмица, Демир Капија, Кавадарци, 3 Битола, Охрид, 4 Гевгелија, 5 Претор.
Висината на снежна покривка во 07 часот изнесувала 54 сантиметри на Попова Шапка, 45 Маврови Анови, 14 Крушево, 5 Лазарополе, 2 Тетово.
Времето во текот на ноќта и изутринава
Облачно со врнежи од дожд и снег во пониските места, а на повисоките и на планините со врнежи од снег, пообилни во западните делови. На планините снежната покривка се зголеми, а помала снежна покривка има и во некои пониски места. Дуваше умерен, долж Повардарието засилен северен ветер (наместа над 55 км/час).
Времето денеска
Во претпладневните часови ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег во пониските, а на повисоките места и планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе достигне од 4 до 10 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд, а во повисоките делови од котлината со слаб снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.