Македонија
Парламентот треба да гласа за претседател на ДИК
Собранието денеска треба да гласа за претседател на Државната изборна комисија (ДИК).
Собранието денеска треба да гласа за претседател на Државната изборна комисија (ДИК). Иако оваа точка беше ставена на дневен ред на седница во средата, поради неприсуството на пратениците од ДУИ, не се гласаше по истата. За избор на претседател на ДИК потребно е двотретинско мнозинство, односно 81 глас.Пратениците од ДУИ и вчера не се појавија во собраниската сала.Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека го почитуваат ставот на коалициониот партнер и најавија дека ќе седнат на заедничка маса и ќе разговараат за актуелните случувања.За претседател на ДИК, опозициската СДСМ го предложи Борис Кондарко.Меѓудругото денеска треба да се гласа и за уставниот амандман 32, односно за екстрадицијата на македонски граѓани од и во државата, за чие донесување исто е потребно двотретинско мнозинство./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Роберт Шоповски го фати богојавленскиот крст во Елшани
Жителите на Елшани и годинава традиционално во раните утрински часови го одбележаа големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Во 5 часот започна утринската богослужба во селото, на која присуствуваа повеќе стотини жители. По осветувањето на леб и вода, на сред село, во изворските води беше извршен чинот на фрлање на светиот крст.
Среќниот фаќач на богојавленскиот крст годинава беше Роберт Шоповски.
Како спомен на настанот, Шоповски доби пригодни подароци од страна на месната заедница и црквата „Свети пророк Илија“.
Одбележувањето на Богојавление во Елшани продолжи со народен собир и оро на сред село, каде старите и новите кумови послужуваа топла ракија и бонбони. Празнувањата продолжија и во текот на денот со традиционални светојонски трпези кај старите кумови, проследени со песна и игра.
Македонија
Пивтијада на плоштадот во Автокоманда
Денес 19.01.2026 година (понеделник) со почеток во 13:00 часот на плоштадот во Автокоманда ќе се оддржи традиционалната манифестација Пивтијада која општина Гази Баба ја организира 16. година по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици.
Оваа манифестација во себе соддржи музички, хуманитарен и натпреварувачки карактер. Преку купување на пивтии граѓаните ќе донираат за Клиниката за детски болести, а преку декоративно украсени пивтии ќе имаат можност да се натпреваруваат за награда.
Македонија
Министерот Минчев со честитка за христијанскиот празник Богојавление – Водици
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, испрати честитка по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици.
„Во мое лично име и во име на Министерството за јавна администрација, Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Нека овој празник донесе мир, здравје и благосостојба во Вашите домови и биде поттик за заедништво, солидарност и меѓусебно почитување.
Во духот на празникот, со заедничка посветеност, да продолжиме да придонесуваме кон унапредување на јавната администрација, во интерес на сите граѓани“, пишува во честитката.

