Контакт

Македонија

Управителите на фирмите од „Перо Наков“ во притвор одбиваат да примат акти на УЈП

Објавено пред

Изминативе две седмици во два наврата управителите на фирмите даночни обврзници со седиште на ул. „Перо Наков“ бб, одбивале да примат акти на Управата за јавни приходи, стои во реакцијата на УЈП

Изминативе две седмици во два наврата управителите на фирмите даночни обврзници со седиште на ул. „Перо Наков“ бб, одбивале да примат акти на Управата за јавни приходи, стои во реакцијата на УЈП Мистериозно е за А1, но не и за законите што се на сила во Република Македонија, се вели  во писмената реакција на  Управата за јавни приходи, од каде реагираат дека неколку дена медиумите А1 телевизија, и дневните весници „Време“ и „Шпиц“ пласирале еднострани информации, се вели меѓу другото  во реакцијата на УЈП на прилозите на медиумите од „Перо Наков“ бб.„Ценејќи ја моќта на медиумите а земајќи предвид дека неколку дена од страна на ’А14, ’Време“ и “Шпиц“ се пласираат исти еднострани информации кои се повикуваат на селективно вадени делови од акти на УЈП и на некакви “мистериозни посети и лица“, УЈП ја информира јавноста дека во текот на изминатите две седмици, по претходно добиено одобрение од истражниот судија и запазувајќи ја целокупната законска процедура, даночните инспектори се обидоа да достават акти на УЈП до управителите на обврзниците кои моментално се наоѓаат во притвор. Но и во двата обида, управителите одбија да ги примат актите на УЈП“, пишува во писмената изјава на портпаролот на УЈП, Весна Новаковиќ. Истовремено, во однос на цитирањето на делови од актите на УЈП, во изјавата се потсетува и дека „А1 телевизија“ според даночната евиденција е различна фирма од печатница „Мисирков“, и фирмите „Хедис“, „Астра Трејд“, „Стратус“, „Време Трејд“ и сите други фирми на „Перо Наков“.„ Не навлегувајќи во меѓусебните ’интимни’ релации на фирмите на ’Перо Наков’ и останатите, ’А1 телевизија’ како даночен обврзник не треба да се идентификува со контролите и да се препознава во дадените изјави за некои од другите фирми, освен ако за тоа нема причина, бидејќи како што е потенцирано уште од самиот почеток од страна на УЈП – станува збор за различни субјекти, различни сопственици“, се посочува во изјавата на Управата за јавни приходи./крај/со./сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Марш за женски права – „Држава што не постапува е држава што силува“

Објавено пред

Активистки и активисти денеска по повод Меѓународниот ден на жената, се собраа пред Министерството за внатрешни работи (МВР), го почнаа петтиот Марш за женски права, организиран од Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права.

Скандирајќи „Држава што не постапува е држава што силува“, активистките изразија поддршка на сите жртви на родово базирано насилство и потсетија дека нема да застанат сè додека институциите не се вклучат активно во разрешување на случаите и санкционирање на виновниците одговорни за родово базирано насилство.

„Виновни се за соучество во злосторство, сите кои имаат моќ, одговорност и ресурси да обезбедат достоинство, правда, безбедност и заштита на личната сигурност и животот на жените и девојките, а не го прават тоа; Сите, кои се овластени да ги откриваат, спречат, гонат и затворат насилниците, а не го прават тоа; Сите кои се должни и платени да обезбедат услуги и поддршка на жртвите да ја преземат контролата врз сопствените животи, а не го прават тоа; Сите кои помогнале во опстојување на криминалот и предизвикале штета, свесно или несвесно, со сторување или несторување, а не смееле да го прават тоа“, изјави Марија Савовска од Акција Здруженска и Платформата за родова еднаквост, во говорот кој го означи почетокот на маршот.

Таа нагласи дека е неопходно да се обезбедат поврзани институции, јасни правила и професионалци на кои ќе им поверуваме дека ќе му стават крај на насилството врз жените и родово базираното насилство, како и навремени, квалитетни услуги и поддршка за жените и девојките жртви на насилство.

Од Платформата за родова еднаквост побараа неодложно постапување од МВР и Јавното обвинителство по сите конкретни барања кои и овој пат ги повторија: јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое огромен број жени се жртви на родово засновано насилство, кривичен прогон на администраторите на групите, како и сите членови кои праќале и сѐ уште праќаат фотографии и објавуваат лични податоци на девојки и жени, сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик и професионално постапување, помош и поддршка на жртвите на родово засновано насилство од страна на сите надлежни институции.

„Тука сме, ве следиме, и нема да ве оставиме на раат“, заврши Савовска.

По обраќањето на активистките, присутните продолжија по рутата до Паркот Жена Борец, каде со завршни обраќања и краток перформанс за покревање на свеста за родово базираното насилство беше означен крајот на овогодинешниот марш за женски права.

Маршот е кулминација на неколку неделните реакции на Платформата за родова еднаквост во насока на бавната реакција на институциите во поглед на случаите на родово базирано насилство за што им дадоа рок на институциите да реагираат до 8 март.

Платформата за родова еднаквост е независна и неформална мрежа на македонски граѓански организации за женски права составена од 24 организации и мрежи кои здружено делуваат во насока на унапредување на родовата еднаквост во Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи во Рим на средба со секретарот за односи со државите на Ватикан

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во Рим се сретна со секретарот за односи со државите на Светата столица, монсињор Пол Ричард Галагер.

Од МНР соопштија дека централно место во разговорите била перспективата на меѓусебните релации и поактивната улога на нашата земја во промовирањето на меѓурелигискиот дијалог и почитувањето на верските слободи. Соговорниците се согласиле дека историското апостолско патување на папата Франциско во Република Северна Македонија во мај 2019 година донело нова димензија во речиси тридецениските односи исполнети со пријателство и заемна почит.

„Сите дипломатски напори и висок приоритет на нашата надворешна политика се насочени кон унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка во функција на обезбедување европска перспектива како за Северна Македонија така и за целиот регион. Темелите на нашето уредување, како мултиетничко и мултиконфесионално општество, претставуваат вредносен модел кој е дел од системот на вредност на западната цивилизација“, рекол Османи, при што биле поздравени нашите напори и била споделена надеж дека интеграцијата на Северна Македонија ќе се развие на начин што ќе биде од полза за целиот Западен Балкан.

Биле разгледани и можностите за интензивирање на секторската соработка меѓу двете земји, пред сè, во сферата на културата, заштитата на културно-историското наследство, образованието и здравството.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шахпаска: Родова еднаквост е еднакво вреднување за вложениот труд и еднакво учество на жените во сите сфери

Објавено пред

На тема „Последиците од кризите никогаш не се родово неутрални – како женското лидерство влијае за остварување родова еднаквост за време на Ковид-19?“, денеска зборуваше министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, како дел од учесниците на 12. издание на „Вечери на женските права“, во организација на Институт за човекови права.

„Кругот на жени се проширува, бројот на жени што се подготвени да го кренат својот глас и да испорачаат правда во општеството и во родовата еднаквост секој ден станува сè поголем и поголем“, истакна министерката Шахпаска. Притоа се осврна на веќе донесените закони, како Законот за прекин на бременоста, Законот за спречување и заштита од дискриминацијата, Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, последните донесени со силна поддршка и од опозицијата и власта.

Министерката Шахпаска информира дека Министерството за труд и социјална политика има подготвено нацрт-верзија на закон за родова еднаквост, која ќе биде испратена до Советот на Европа, Венециската комисија, ОБСЕ и делегацијата на Европската комисија во нашата земја за првични коментари, а конечната верзија ќе биде испратена до јавноста за широка дебата.

„Родовата еднаквост претставува еднаква видливост, еднакво вреднување за вложениот труд на жените кога имаат исти професионални квалификации и капацитет со мажите за истите работни места. Законот за родова еднаквост треба да испорача еднакво учество на жените во сите сфери на општествениот живот и рамноправно учество во семејството, креираањето политики и особено родово одговорно буџетирање“, потенцира Шахпаска.

Таа додаде дека останува и закон за мобинг, на кој работната група работи. Со тоа, додаде таа, се заокружува законската регулатива на прашањата што се однесуваат, пред сè, на жените.

Шахпаска ги посочи храброста и свесноста на жените и нивната подготвеност да одговорат на предизвиците што ги донесе пандемијата.

„74 отсто здравствени работници, жени, беа на фронтот со Ковид-19, но и исто така и текстилните работнички и жените што работат во трговијата. Сите тие свесни и одговорни за ризикот од пандемијата на кој се изложуваат, но храбри да се соочат и да се справат со неа“, истакна Шахпаска.

Таа порача дека борбата за родова еднаквост, за еднаква плата за еднакво вложен труд, за рамноправно учество на жените во општеството е високо на агендата на Министерството за труд и социјална политика и е нешто на кое интезивно ќе се работи во периодот што доаѓа.​

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Потврдени 316 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа 11 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 316 нови случаи на коронавирус, 681 оздравен пациент и 11 починати, соопшти...

Македонија8 часа

Јавно обвинителство: Од „Телеграм“ засега немаме добиено никакви податоци за случајот „Јавна соба 2“

Од Јавното обвинителство велат дека активно постапуваат за утврдување кривична одговорност во предметите поврзани со групите „Јавна соба“, во пресрет...

Македонија9 часа

Грција не ги отвора границите за Македонија, продолжена забраната за патници од трети земји

Грција ја продолжи забраната за пристигнување патници од околните земји по воздушен, копнен и морски пат, а тоа правило важи...

Македонија9 часа

Филипче: Предложивме од среда да се воведе полициски час, најмногу поради непочитувањето на мерките

Министерот за здравство, Венко Филипче, преку објава на својот фејсбук-профил ја објасни причината за барањето на ресорното министерство за воведување...

Европа9 часа

Европска агенција за лекови засега не одобрува користење на руската вакцина во ЕУ

Високата службеничка на Европската агенција за лекови (ЕМА), Криста Виртумер-Хохе, апелираше до членките на Европската Унија да не го одобрат...

Свет9 часа

Меган Маркл: Сакав да се самоубијам, а не смеев да побарам помош

Во интервјуто кое се емитуваше на „CBS“, војвотката од Сасекс, Меган Маркл изјави дека имала суицидни мисли додека била бремена....

Свет10 часа

Американците тврдат дека пронашле лек за коронавирусот, во употреба за шест месеци

Новиот антивирусен лек „молнупиравир“ може да го смени текот на епидемијата на коронавирусот, бидејќи за време на експерименталното истражување е...

Забава12 часа

Меган тврди монархијата одбила да го направи Арчи принц поради бојата на кожата

Меган, сопругата на принцот Хари, изјави дека пред раѓањето на нејзиниот син Арчи постоела загриженост дека неговата кожа ќе биде...

Македонија13 часа

„Држава што не постапува е држава што силува“ – марш за женските права по повод 8 Март

Денеска по повод Меѓународниот ден на жената, со почеток во 15 часот, од пред Министерство за внатрешни работи ќе започне...

Свет1 ден

Зошто е речиси невозможно да се заразите со коронавирус на отворено?

Аеросолите, ситни честички што лебдат во воздухот, се главниот виновник за пренесување на коронавирусот. Според наодите на научниците, ова особено...

Свет1 ден

Градоначалник во Италија даде оставка откако јавноста дозна дека се вакцинирал преку ред

Градоначалникот на сицилијанскиот град Корлеоне денес објави дека дава оставка откако преку ред се вакцинира против Ковид-19, а полицијата отвори...

Македонија1 ден

Во Македонија 333 нови случаи на коронавирус, починаа 10 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 333 нови случаи на коронавирус, 268 оздравени и 10 починати лица, соопшти...

Македонија1 ден

Филипче: Состојбата на Мицкоски е стабилна

Состојбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој се лекува од коронавирус е стабилна, кажа министерот за здравство, Венко Филипче....

Македонија1 ден

Пристигна првата пратка од руските вакцини во Македонија

На скопскиот аеродром попладнево пристигна првата пратка од руската вакцина „спутник В“. Министерот за здравство Венко Филипче заедно со рускиот...

Европа1 ден

Скандал во Бундестагот: Пратеници профитирале со трговија со маски за време на ковид-кризата

Скандал ја тресе Германија. Пратеници од Бундестагот оствариле профит од трговија со заштитини маски на самиот почеток на пандемијата на...

Свет1 ден

Семејства на починати од коронавирус го тужат британскиот премиер

Британскиот премиер Борис Џонсон, го тужат околу 2.000 семејства кои изгубиле еден или повеќе членови на семејството поради коронавирусот. Досега...

Македонија1 ден

Досега попишани 32.752 лица од дијаспората

Државниот завод за статистика соопшти дека досега се попишани 32752 лица од дијаспората. Оттаму велат дека бројот на попишани расте...

Македонија1 ден

Лекарска комора: Ковид може да предизвика сериозни стомачни крварења, да не се занемарат симптомите

Пациенти кои имаат инфекција со SARS-CoV-2 вирусот може да развијат сериозни компликации на гастроинтестиналниот систем кои во некои случаи се...

Македонија1 ден

(Видео) Пресечени меѓународни канали за транспорт на дрога

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.2021) во две одделни акции пресече два канала за меѓународен транспорт...

Европа1 ден

Нови ограничувања во цела Италија

Во Италија, во последните 24 часа, имало 307 смртни случаи од коронавирус и повеќе од 23.000 нови инфекции, пренесува агенцијата...

Досие