Македонија
ЛДП предлага вонреден надзор на буџетско трошење
Средствата што ќе бидат повлечени од кредитната линија со ММФ, 220 милиони евра за потребите на Буџетот, според ЛДП се обид за изборна корупција .
Средствата што ќе бидат повлечени од кредитната линија со ММФ, 220 милиони евра за потребите на Буџетот, според ЛДП се обид за изборна корупција .
Претседателот на ЛДП, Јован Манасијевски соопшти дека неговата партија предлага нов инструмент за вонреден надзор на буџетските трошења, на тековна основа во следните два месеца.
Од ЛДП предлагаат формирање на посебно тело составено од претседателот на Антикорупциската комисија, главниот државен ревизор, претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Стопанската комора на Македонија и претставник на највлијателната НВО што ги мониторира изборите.
„Ова тело ќе треба на дневна основа да врши надзор над буџетските трошења. На тој начин ќе видиме дали Владата навистина нема што да крие, дали е така како што говори вицепремиерот Зоран Ставрески или е обид за изборна корупција“, изјави Манасијевски.
Според него, ова прашање се наметнува како прашање број еден за фер избори.
Тој и забележува на Владата и дека континуирано се задолжува и на домашниот пазар и тврди дека во изминатите три месеци се задолжила за 150 милиони евра на домашниот пазар на обврзници.
Според него, до крајот на јуни ќе се задолжи за дополнителни 200 милиони евра. Таа сума, како што рече, е доволна за финансирање на тековните расходи од аспект на плати, пензии социјална помош итн./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

