Македонија
??????: ?????????? ???? ?? ???????? ???? ?????????

Македонија само се преправа дека преговара, не е доволно Македонија да седне на преговарачка маса, туку треба да преговара со добра волја, за да постигне резултат.
Македонија само се преправа дека преговара, не е доволно Македонија да седне на преговарачка маса, туку треба да преговара со добра волја, за да постигне резултат.
Ова е дел од излагањето на Алан Пеле, професор по Меѓународно право кој ги образложуваше контрааргументите во врска со тужбата која ја поднесе Македонија против Грција, во Меѓународниот суд за правда во Хаг. Со тоа според него, Македонија ја прекршува Резолуцијата на ОН и Времената спогодба.
„Обврската за преговарање од членот пет на времената спогодба може да се окарактеризира на следниот начин. Мора да се преговара со добра волја, второ мора да доведе до резултат, за да дојде до решение, разликата се однесува на името на подносителот на тој случај. Има многу одлуки кои се однесуваат на обврската за преговарање меѓутоа тие може да се сумираат на следниот начин. Страните може да преговараат со добра волја со намера да успеат, не само со формално учество туку со суштински пристап кон преговорите“ рече професорот Алан Пеле, кој оддаде дека обврската на Македонија е уште поголема, таа имала обврска да постигне и договор.
Тој наведе изјавите на премиерот Никола Груевски, поранешните претседатели, Киро Глигоров и Бранко Црвенковски, со кои според него Македонија континуирано покажувала дека не сака да преговара.
По паузата се очекува во 15 часот да продолжи усната расправа. Според вчерашните искази, Грција посочува дека одлуката на самитот на НАТО во Букурешт во 2008-ма година во однос на Македонија е усогласена позиција на сите земји-членки и поради тоа евентуалната одлука на судот во корист на Македонија ќе биде вон неговата јурисдикција.
Целта на тужбеното барање е судот да утврди дека Грција на самитот на НАТО во Букурешт во 2008-ма година го прекршила членот 11 од привремената спогодба од 1995 година, односно дека приговорила на членството на земјата во Алијансата под привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“.
Од судот, исто така, се бара на Грција да и наложи понатаму да не ја прекршува спогодбата.
Вториот круг од усната расправа ќе се одржи следната недела. Се очекува конечната пресуда судот да ја донесе најдоцна наесен. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЦУК: Пожарот во Самоков веднаш изгаснат, објектите на фабриката не беа во опасност

Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на фабриката Самоков, соопшти Центарот за управување со кризи.
Од РЦУК Македонски Брод претходно стигна информација дека е настанат пожар во населбата Самоков, во фабриката „Сувенир“, а опожарен е магацин со хемикалии. Во информацијата беше наведено дека електричната енергија во фабриката е исклучена.
Македонија
„Седи Боби, кец!“, му рече Арсовска на Стефковски за проблемот со водата, па доби одговор

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук, му возврати на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кој претходно ги прозва Градот и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, за прекините во водоснабдувањето во неколку скопски населби. Тој побара итна интервенција од Градот, предупредувајќи на можни протести ако состојбата не се реши веднаш.
Арсовска му одговори на Стефковски дека и по три години на функција сè уште не прави разлика што е во надлежност на Градот, а што на Општина Гази Баба. Таа појасни дека жителите на Црешево и Смилковци не се корисници на ЈП „Водовод и канализација“, туку на ЈКП „Гази Баба“ – претпријатие под општинска надлежност.
„Ова по три години ќе го знаеше ако паузираше еден ден од сликање по фолклорни манифестации за да сработиш нешто“, напиша Арсовска, посочувајќи дека со средствата добиени од владите на Ковачевски и Мицкоски, Стефковски можел да изгради нова водоводна мрежа за тие населби.
Во продолжение, Арсовска рече дека Град Скопје во изминатите три години не добил ниту еден денар од централната власт, а дека Владата ѝ должи на ЈСП Скопје осум милиони евра.
Градоначалничката ја заврши објавата со саркастичен тон: „Седи Боби, кец!“
Ситуацијата дополнително ја заостри реториката меѓу градоначалниците на Скопје и Гази Баба, отворајќи нова рунда меѓусебни обвинувања. По објавата на Арсовска, повторно се огласи Стефковски кој и’ одговори дека надлежноста за Смилковци и Црешево ја знае многу добро, па ја повика да каже зошто жителите од Автокоманда, Железара, Триангла, Маџари и Ченто немаат вода? За крај по однос на делењето оценки, Стефковски на социјалните мрежи напиша дека граѓаните и’ дале оценка на парламентарните избори на Арсовска. Тогаш таа освои вкупно 3.438 гласови.
Македонија
Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес – пресек на состојбата со пожарите

На територијата на државата се евидентирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се четири, соопшти Центарот за управување со кризи.
Во Општина Прилеп, гори кај селото Бешиште. Се работи за приземен пожар во квалитетна мешана шума. Активен е пожарот и кај Општина Македонски Брод, с. Црешнево, м.в. Церо Поле – пожар во деградирана дабова шума и грмушки. Во Општина Чашка беснее шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (моментално нема активен пламен, само чад на карпест дел). Во Општина Велес пожарот избувна во ниска вегетација.
Изгаснати се 4 пожари: Општина Врапчиште, с. Врањовци – ниска вегетација, ѓубриште; Општина Липково, с. Лојане – ниска вегетација и стрниште; Општина Карбинци, с. Радање – блок (површина) посеана со жито и ниска вегетација и ОпштинаАрачиново, с. Орланци – ниска вегетација и отпаден материјал.