Македонија
??? ?? ??????? ?? ????????-????????? ???????

Управата за јавни приходи (УЈП) како и претходно така и сега не помислува да влезе во партиско-политички дијалог, бидејќи тоа не е работа на даночната администрација
Ова се вели во соопштението на УЈП упатено денеска до медиумите, како реакција на повиците на некои политички партии и јавни личности упатени на адреса на Управата.„Раководени од принципот на ’владеење на правото’, сите треба еднаш засекогаш да сфатат дека во Македонија постојат закони со кои јасно се уредува работата на институциите, а со тоа и местото и улогата на Управата за јавни приходи“, се вели во реакцијата од УЈП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Oрганизаторите на настани протестираа пред Владата: Наместо да пуштаме гласна музика, една година сме тивки

Под мотото „ПОМЕН – една година тишина“, со транспаренти во рацете “Спасете ја ивент индустријата”, вработените во продукциските компании за организирање настани се собраа пред Владата со поставени кутии за опрема и со едночасовен молк го изразија својот револт, бидејќи една година не се гласни и не си ја работат својата работа.
Велат тука се со порака дека без поддршка од државата, не ќе можат да опстанат и дека е можно над 20.000 луѓе од оваа индустрија да останат на улица .
Како што изјави Маја Бабиќ, претседател на Асоцијацијата на ивент индустријата (ИВАП) која го организира протестот, компаниите од оваа дејност бараат помош во неповратни грантови, како што добија ноќните клубови, за да може додека се затворени да опстанат бројните уметници, продуценти и останати работници кои ја опслужуваат оваа дејност.
“Проценките се дека падот на приходите во ивент индустријата се повеќе од 50 отсто, што значи дека во догледно време ќе значи дека ќе ставиме клуч на врата. Цела година не работиме и не сме препознаени од власта, односно препознаени сме на еден чуден начин. Треба да седнеме да разговараме веднаш за спас на ивент индустријата. Донесоа мерки кои не се разбирливи за нас, а ние треба да опстанеме. Преку 40 компании се загрижени, рентал фирми за опрема, видео и аудио продукции, компании за осветлување, бина, звучници и останати. Ние секогаш сме гласни во нашата работа, но, не сакаме овој пат да бидеме такви, сакаме на тивок начин да го решиме проблемот“, изјави Маја Бабиќ, од ИВАП.
Како што објасни таа, претставниците на оваа асоцијација разговарале со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи уште во јануари и тогаш му понудиле решение за нивната индустрија но, иако добиле ветување, нивното барање не било земено предвид.
Се донеле мерки кои според нив ниту се соодветни, ниту разбирливи. Затоа бараат повторна средба со претставник од Владата за да најдат заедничко прифатливо решение за двете страни.
Македонија
Георгиевски: Плукачи колку сакаш, а никој нема храброст да ме покани на јавна дебата

Лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, деновиве се најде во центарот на вниманието на политичката јавност, поради неговиот план во пет чекори за решавање на спорот со Бугарија.
Неговиот предлог наиде на критики oд многу страни, па долгогодишниот политичар и поранешен премиер денеска повторно упати порака преку социјалните мрежи, барајќи можност своите ставови да ги презенира преку јавна дебата.
„Чудна работа плукачи колку сакаш! А досега ниту еден патриотски новинар или тандем на новинари не ме покани да ме распарчи во јавна дебата. А со задоволство би прифатил и доктор на науки по историја. Па еве ви кукавици отворена понуда за дуел“, напиша Георгиевски.
Чудна работа плукачи колку сакаш! А досега ниту еден патриотски новинар или тандем на новинари не ме покани да ме…
Posted by Ljubco Georgievski on Понеделник, 01 март 2021
Лидерот на ВМРО-НП викендов изнесе план во пет чекори за решавање на спорот со Бугарија.
Тој предложи Македонија да даде гаранции дека нема претензии кон Источна Македонија и нема да го помага македонското малцинство во Бугарија.
Понатаму, бугарскиот парламент во декларација да изјави дека под поимот македонска нација и македонски јазик подразбира само нација и јазик кои се формирани после 1944 година.
Како четврта точка, Георгиевски се залага за промена на стратегијата на историските комисии, а последно тој предлага македонската страна да ја даде под концесија железничката пруга на бугарските железници со пресметан екстра профит да ја доградат.
Македонија
Од мај почнува реконструкцијата на Универзалната сала, идејното решение е донација од архитектот

Универзалната сала во Скопје ќе биде реконструирана во постојниот облик и габарит, задржувајќи го својот автентичен изглед со цел и понатаму да служи во колективната меморија, како симбол на солидарноста, изјави премиерот Зоран Заев на настанот по повод презентацијата на проектот за реконструкција на салата.
Премиерот Заев, заедно со скопскиот градоначалник Петре Шилегов, го најавија почетокот на реконструкцијата, со промоција на проектот изработен од архитектот Бујар Муча, нагласувајќи дека градежните работи треба да започнат во мај.
„Универзалната сала, во времето кога е изградена, ја пренесе пораката до постземјотресно Скопје дека животот мора да продолжи. Денес, во услови на светска пандемија, кога започнуваме со нејзината обнова, салата повторно ја носи истата порака дека животот мора да продолжи. И уште еднаш солидарноста доаѓа до израз. Архитектот Муча и неговото архитектонско биро ‘Мегарон’, на Град Скопје и на скопјани им го отстапија идејниот проект за реконструкција на Универзална сала како донација. Град Скопје ја прифати донацијата и откако ќе заврши тендерот за изведувачките работи се предвидува почеток на реконструкцијата на 1 мај“, изјави Заев.
Градоначалникот Шилегов искажа голема благодарност во Владата која, како што посочи, одвоила 120 милиони денари средства од Буџетот за реализација на овој проект.
„Универзална сала беше омилена културна институција на многу скопјани, а за многу деца, тоа е местото на првиот концерт или културен настан, а за мене тоа е доволна причина и мотив повторно да ги отвориме нејзините врати за посетителите“, рече Шилегов.
Согласно проектантските насоки, Универзална сала ќе ја задржи постоечката форма со внатрешна реорганизација на просторот со нови современи материјали за фасада, а самиот објект ќе биде енергетски ефикасен.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран