Македонија
??????????:???? ?? ?? ??????????, ?? ?? ????????? ? ??????? ?????? ?? „????????“
Полицијата постапува по судската наредба, досега беа реализирани услови за привремено одземање на пет патнички возила, кога ќе се создадат услови, односно кога ќе бидат пронајдени другите возила, веднаш ќе бидат одземени.
Ова е одговорот на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на прашањето околу заплената на возилата за случајот „Пајажина“, односно што е со останатите 11 возила и зошто два месеца од кога е издаден налогот токму вчера се барале возилата.„Полицијата постапува по судска наредба во моментот кога ќе се создадат услови за реализација на наредбата, таа се реализира веднаш. Досега беа создадени услови за реализација на судската наредба во смисла на привремено одземање на пет патнички возила. Во моментот кога ќе се создадат услови односно кога ќе бидат пронајдени другите, веднаш ќе бидат одземени“ рече Јанкулоска.Полицијата вчера заплени пет возила, од кои четири комбиња на фирмата „Плус продукција“, дел од судскиот случај „Пајажина“.Полицијата постапува по наредба на Обвинителството и налог даден пред 20 дена. Налогот е за 16 возила, но полицијата не успеала да ги пронајде. Возилата се запленети како мерка за обезбедување имот додека се работи предметот „Пајажина“.Јанкулоска не одговори дали има и други решенија од Основниот суд 1 за запленување на средства и имот од фирмите од случајот „Пајажина“.На отворањето на изложбата на плакати од кампањите против трговијата со луѓе реализирани во изминативе 10 години, освен министерката за внатрешни работи присуствуваше и нејзиниот заменик – министер, Џевад Бучи. За инцидентот во којшто беше вклучен Бучи, кога дел од министрите од ДУИ го уриваа објектот кој се гради на Кале, се уште нема ниту една кривична пријава.За овој случај министерката рече, „од сите настани постапуваме во моментот кога ќе имаме податоци за евентуално поднесување на пријавата, таа ќе биде поднесена како и секогаш досега како што тоа било случај за сите настани“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осмомартовски марш во Скопје со порака „Нема да нè снема“
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повика на традиционален марш за женски права што ќе се одржи во Скопје.
Според соопштението, маршот ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, како симболичен чин на протест против, како што се наведува, „фактичкото и фигуративното бришење на жените во општеството“.
Организаторите посочуваат дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за опстанок и безбедност во систем кој, според нив, често не ги штити од насилство и ги остава на маргините на општеството. Се наведува дека женската работа често е невидлива, помалку платена и недоволно заштитена, а особено ранливи се жените што работат хонорарно, кои често немаат здравствено, социјално и пензиско осигурување.
Платформата за родова еднаквост посочува и на зголемен број случаи на родово базирано насилство и фемициди, нагласувајќи дека институционалните пропусти оставаат многу жени без заштита и правда.
Со маршот на 8 март, организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да испратат порака дека жените ќе продолжат да се борат за еднаквост, безбедност и достоинство.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

