Македонија
??????? ??????????? ????? ?? ?????? ?? ?????????
Четиричлена група е уапсена за кражби од банкомати. Скопјанец, штипјанец, тетовец и прилепчанец во февруари и март од повеќе банкомати прибавувале банкарски податоци и изработувале фалсификувани платежни картички со кои краделе пари од банкоматите
Четиричлена група е уапсена за кражби од банкомати. Скопјанец, штипјанец, тетовец и прилепчанец во февруари и март од повеќе банкомати прибавувале банкарски податоци и изработувале фалсификувани платежни картички со кои краделе пари од банкоматите. Откриена е и првата работилница за изработка на Скимери.
Тони Атанасов од Штип за изработка на платежните картички набавил опрема со која изработил скимер за снимање на податоците од магнетната лента заедно со видео камера за снимање на ПИН кодови од платежните картички.
Скимерот заедно со другите членови на групата неколкупати го монтирале на банкоматите во Скопје, Прилеп и Гостивар, со што добивала податоци од вистински платежни картички.
Со податоците изработувале лажни платежни картички, со тоа што на пластичните картички со магнетна лента ги вметнувале податоците од скимираните платежни картици и вршеле нелегални трансакции на повеќе банкомати.
„На овој начин пријавените извршиле скимирање на вкупно 83 податоци од платежни картички издадени од една македонска банка и во сопственост на македонски граѓани, од коишто злоупотребени биле вкупно 15 и со нив извршиле вкупно 23 успешни нелегални трансакции на сума од 482.500 денари притоа сторувајќи ги кривичните дела за кои се пријавени“ соопштуваат од МВР.Случајот го пријавила една од банките која во февруари и март примила неколку рекламации од клиентите за неовластено подигнување на пари од сметките на нивните картички.
При прегледување на видео записите биле забележани неколку непознати лица кои неколкупати подигнувале пари од банкоматите.
„По доставување на видео-записите од банката, од страна на Единицата за компјутерски криминал извршена е анализа на истите при што се идентификувани пријавените како можни сторители на ова кривично дело. Исто така лоциран е станот во Тетово што пријавените го користеле за вршење на нелегалните активности (изработување на опрема за скимирање на податоци од платежни картички и изработување на лажни платежни картички)“ велат од МВР.
При претрес на нивните домови, пронајдени се опрема, алати и електронски уреди, од што може да се заклучи дека станува збор за работилница комплетно опремена за изработка на уреди за снимање на ПИН кодови од банкарски картички. Сите четворица, од кои дел и се познати на полицијата и од претходно се изведени пред истражен судија и им е одреден 30 дневен притвор,
Ќе одговараат за правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување“, „изработка и употреба на лажна платежна картичка“ и „соизвршителство“, како и за „правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување“ и „соизвршителство“./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

