Македонија
????? ?????????? ?? ????? ?? ????? ?? ?????? ??? ??????? ???

Судскиот совет на Република Македонија неделава ќе донесе одлука за објавување конкурс за избор на судии за новоформираниот Виш Управен суд.
Судскиот совет на Република Македонија неделава ќе донесе одлука за објавување конкурс за избор на судии за новоформираниот Виш Управен суд.
Одлуката се очекува да ја изгласа советот во вторник и да почне постапката за пријавување кандидати и нивни избор. Судскиот совет ќе треба да избере 15 нови судии.
Судскиот совет исто така ќе донесе одлука за нови места во Апелациониот суд каде ќе се бираат петмина судии. За овие места има најмногу интерес од судиите особено од основниот суд 1 во скопје.
Кандидатите кои поднеле кандидатури ја поминаа и најновата форма која е дел од изборот а тоа е анкета меѓу вработените во судот за нивниот интегритет. крај/км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Македонски Концепт: Бугарија со стопирање на Коридорот 8 ја загрозува безбедноста на НАТО во регионот

Македонски Концепт изразува длабока загриженост поради одлуката на бугарската влада да го стопира проектот за железничко поврзување со Македонија, како дел од Коридорот 8. Според информациите, средствата наменети за оваа инфраструктура се пренасочени кон завршување на домашни железнички проекти.
„Овој потег претставува сериозен удар врз регионалната соработка и интеграцијата на Западен Балкан во евроатлантските структури. Коридорот 8 е од стратешко значење за поврзување на Јадранското и Црното Море, а неговата реализација е клучна за економскиот развој и стабилност на регионот. Со запирање на проектот, Бугарија директно ги поткопува овие напори и ја загрозува безбедноста на НАТО во регионот“, велат од Македонски Концепт.
Потсетуваат дека во октомври 2024 година, Македонија и Бугарија во Брисел се согласија заеднички да продолжат со изградбата на железничката пруга на Коридорот 8.
„Оваа одлука на бугарската влада е во спротивност со тогашните заложби и ја доведува во прашање довербата меѓу двете земји. Ги повикуваме бугарските власти да ја преиспитаат оваа одлука и да се вратат на патот на соработката и исполнување на преземените обврски. Само преку заеднички напори можеме да обезбедиме стабилност, просперитет и безбедност за целиот регион, во согласност со интересите на НАТО и Европската унија. Македонски Концепт останува посветен на промовирање на добрососедските односи и интеграцијата на нашата земја во евроатлантските структури“, додаваат оттаму.
Македонија
Од понеделник ново депо на „Пајак“ службата на ПОЦ

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“- Скопје ги известува граѓаните дека од 17 март ќе биде отворено новото депо на пајак-службата на претпријатието, на новата локација до улица и мост Беласица под Железничката станица.
Новото депо ќе биде посветено на поддршка на процесот на управување со паркирање, одржување и чистење на јавните површини, како и за да обезбеди поголема ефикасност во секојдневното функционирање на паркинг услугите. Се очекува оваа нова локација да донесе значителни придобивки во контекст на зголемување на безбедноста и редот во урбаната средина. Ова е дел од пошироката стратегија на Општина Центар и ЈП ПОЦ за подобрување на инфраструктурата и услугите во градот.
„Во новата локација нудиме подобри услови за лежарина на возилата и полесен и побрз пристап. Површината на депото изнесува 2250 м2 и на истата се поставени нови куќарки за вработени и опслужување на корисниците. Изведена е водоводна и електрична мрежа за потребите на депото, потоа беше заградено со ограда, поставен е видео надзор на целата локација, обележана е сообраќајна сигнализација. Поставени се нови контролни рампи кои ќе бидат контролирани безжично. Со отворањето на новото депо, го подобруваме капацитетот и оперативната ефикасност на нашето претпријатие, што ќе овозможи побрзо реагирање и поголема флексибилност во нашето секојдневно работење“, изјави Душко Коцевски, директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар.
Веќе од 17 март (понеделник), сите возила кои ќе бидат подигнати од службата може да се преземат од новата локација.
Македонија
ДУИ: Секој обид за оспорување на Законот за употреба на јазиците е обид за оспорување на Охридскиот договор и уставниот поредок на Северна Македонија

„Денес ја одбележуваме четвртата годишнина од потпишувањето на Законот за употреба на јазиците – моментот кога беше заокружен легислативниот дел од Охридскиот рамковен договор, со што албанскиот јазик го доби заслуженото место во нашиот мултиетнички државен систем“, велат од ДУИ.
„Овој закон не беше само правна регулатива, туку историски чин што ја запечати еднаквоста и институционалната стабилност на земјата.
Но, четири години подоцна, анти-Охридските духови повторно се разбудија за да го нападнат најчувствителното прашање, токму таму каде што синџирот е најслаб – во прашањето на јазикот, најсилниот симбол на еднаквоста и меѓуетничката хармонија.
Обидите за доведување во прашање на уставноста на овој закон не се ништо друго освен напад врз самите темели на соживотот и евроатлантската ориентација на земјата.
ДУИ ја смета оваа политички мотивирана интервенција за регресивен чин кој не е насочен кон правда и институционален поредок, туку кон создавање тензии и отворање на старите рани од минатото.
Секој обид за оспорување на Законот за употреба на јазиците е обид за оспорување на Охридскиот договор и уставниот поредок на Северна Македонија.
Им упатуваме апел на сите државни институции и меѓународни фактори да не дозволат земјата да се лизне во патот на ревизионизмот, кој може да доведе до длабока политичка и институционална криза со непредвидливи последици.
ДУИ со сите демократски средства ќе го брани Законот за употреба на јазиците и нема да дозволи враќање назад. Јазичната еднаквост е неприкосновено право и ќе остане такво“, соопштуваат од ДУИ.