Македонија
??????????????? ?? ???????? ?? ??????? ?? ???????????
Постои хиперпродукција на студенти од областа на безбедноста кои по нивното дипломирање не се работно ангажирани во државните и приватните безбедносни институции и агенции со што се генерираат повеќе сериозни општествено – негативни последици, тврдат од Здружението Форум за безбедност
„Ваквата ситуација оневозможува оптимализација на оној дел од националниот систем на едукација кој се однесува на безбедносно-образовната област, при што се деформира и самиот процес на остварување на мисијата и глобалната цел на едукативните проекции во областа на безбедноста“, вели Гоце Аризанковски, претседател на „Форум за безбедност“.Од Форумот за безбедност сметаат дека во кое и да е општество во светот, без вработување на лица со високо безбедносно и криминалистичко-криминолошко образование и обука, ќе отсуствува постигнувањето на оптимално ниво на стратешки ориентирана и долгорочно ефикасна заштита од различните облици на безбедносни загрозувања, меѓу кои и заштитата изразена преку постигнување на оптимално ниво на превенција и сузбивање на различните облици на криминалитет. „Недавањето приоритет на овие лица при вработувањето во безбедносните институции и агенции создава општествено негативни последици и од социјално-психолошки и општествено-развоен аспект“, велат оттаму.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

