Македонија
???????? ?? ?? ??????? ????????? ?? ???????????
За премиерот на Република Македонија и претседател на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски не е прифатлив последниот предлог на претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски.
За премиерот на Република Македонија и претседател на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски не е прифатлив последниот предлог на претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски. Најновиот предлог го оцени како уште една манипулација и уцена на СДСМ.
„Ние не можеме да прифатиме уцени со коишто институциите на системот нема да рабoтата или ќе се однесуваат селективно кон правните и физичките лица во Македонија“ рече Груевски.
Тој ја повика опозициската партија да се откаже од како што рече, незаконските и нелегитимните барања.
„СДСМ да се откаже од барањата кои не се во надлежност на Владата и да биде задоволен што Владата ги прифати сите преостанати барања и да оди на избори оваа година што побрзо, ден порано да се врати во парламентот и во најбрз можен рок да се распушти парламентот и да се оди на предвремени парламентарни избори“ рече Груевски
Според него, СДСМ на почетокот барал да се оди на предвремени избори, што подоцна се претворило во барање за исполнување на одредени услови, па и уцени.
„Барањето за исполнување на одредени услови се претвори во разно разни уцени и манипулации што укажуваат дека СДСМ по секоја цена се обидува да ги одложи изборите, затоа што ќе ги загуби, затоа што нема поддршка од граѓаните“ додаде Груевски.
Пред неколку дена, Црвенковски се откажа од барањето да се одблокира сметката на медиумите од „Перо Наков“ па да се оди на избори, но побара од Груевски гаранција дека УЈП нема да ги блокира сметките на А1 и трите дневни весници со нови барања и одлуки до завршувањето на предвремените избори. Тој тогаш предложи да се оди на избори на 26 јуни.
Груевски го оцени како добро и за ДПА и за сегашната ситуација нивното враќање во Собранието. Во Брисел, според Груевски било разговарано за изборите, но во смисла на тоа дека на државата моментално и се потребни избори и дека тие ќе бидат фер и демократски.
Тој повтори дека владата има европска агенда која ја исполнува./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Капиштец повеќе од шест часа без вода, дефект кај Цветен пазар ја поплавува улицата Народен фронт
Жителите на делови од скопски Капиштец повеќе од шест часа останаа без вода за пиење.
Кај Цветен пазар вечерва е забележан багер и ископана е голема дупка, додека во близина тече вода по коловозот.
Засега е познато дека станува збор за уличен дефект, но не е соопштено кога состојбата ќе биде целосно нормализирана.
„Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф100мм на улица Народен Фронт 5 до цветен пазар, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Васил Ѓоргов и Народен Фронт од бр.5 до бр.21“, велат од ЈП Водовод и канализација.
Од претпријатието попладнево известија дека водата кај корисниците е сопрена во 13.30 часот и ќе остане така се’ до поправка на дефектот. Жители на Капиштец за „Макфакс“ велат дека кога прашале кога ќе биде пуштена водата, од службата за известување во „Водовод“ им кажале дека нема изгледи оти ќе го поправат дефектот денес.
Македонија
Во подготовка закон за високите раководители во управата – професионализација наместо партизација
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Петер Ваги, виш советник во OECD/SIGMA, на која беа разгледани клучните реформски процеси во областа на јавната администрација, со посебен акцент на подготовката на Законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите, како и на Закон за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ).
На средбата се дискутираше за принципите на професионализација, мерит систем, транспарентност и отчетност во именувањето и управувањето со високите раководни структури во државната управа, како и за потребата од јасно разграничување на надлежностите, унапредување на координацијата и зголемување на ефикасноста во функционирањето на институциите преку новото законско решение за организација и работа на органите на државната управа.
Министерот ја истакна важноста од континуираната експертска поддршка од страна на OECD/SIGMA во процесот на подготовка и усогласување на законските решенија со европските стандарди и добри практики.
„Реформата на јавната администрација претставува еден од нашите врвни приоритети. Со Законот за високите раководители поставуваме јасни, транспарентни и професионални критериуми за избор и одговорност на раководниот кадар. Нашата цел е администрација која работи во служба на граѓаните, заснована на знаење, интегритет и резултати“ истакна министерот.
Од страна на претставникот на OECD/SIGMA беше изразена подготвеност за натамошна поддршка, со цел обезбедување усогласеност со принципите на добро управување и европските административни стандарди.
Министерството за јавна администрација останува посветено на спроведување сеопфатни и одржливи реформи, насочени кон јакнење на институционалниот капацитет, департизација и зголемување на довербата на граѓаните во јавните институции.
Македонија
Забрана за камиони кај Стража поради снег
Од 17:00 часот е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Стража-Кичево и обратно.
Од АМСМ информираат дека забраната е поради обилни врнежи од снег и задржување на коловозот.

