Контакт

Македонија

?????????: ????????? ????? ????? ?????? ???? ????? ?? ?????? ??? ?? ??

Објавено пред

Вицепремиерот за европски прашања, Васко Наумовски, евроамбасадорот Петер Соренсен и копретседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет меѓу Македонија и ЕУ,

Вицепремиерот за европски прашања, Васко Наумовски, евроамбасадорот Петер Соренсен и копретседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет меѓу Македонија и ЕУ, Александар Спасеновски денеска  ја претставија публикацијата „Да ја запознаеме Европа“ во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, која е продолжение на активностите за промоција на европските вредности.„Почнувајќи од најмладите денеска го посетуваме ова училиште со цел да ги запознаеме што е тоа Европа, каде се движи нашата држава, какви се придобивките од живеење во заедничкото европско семејство и во заедничкиот европски дом. Ние сме цврсто уверени дека граѓаните на Република Македонија имаат јасна визија дека треба да бидеме дел од ЕУ“, изјави Наумовски пред средбата со учениците.Според него  нема дилема дека исто онака како што сите држави од централна Источна Европа откако станаа држави членки на ЕУ поминаа низ еден процес на економски напредок, зголемување на странските инвестиции, намалување на невработеноста и подигнување на стандардот, таков ќе биде случајот и со Македонија. Како што рече Наумовски, тоа е и најголемата причина зошто македонските граѓани треба да бидат запознаени со европските вредности“, изјави вицепремиерот за европски прашања, Васко Наумовски.Публикацијата како што информираше Наумовски е адаптирана преку слики и цртежи на најмладите да им биде претставена Европската Унија и со тоа да можат да ги разберат поволностите што таа ги нуди.„Иднината на оваа земја е во најмладите и затоа е важно тие да бидат едуцирани“, рече Соренсен и додаде дека тој ќе ги истакне вредностите на ЕУ и оти  работи напорно за да може што побрзо на децата да им соопшти дека Македонија е дел од европското семејство./крај/бд



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

CREDISSIMO донира топол оброк на Клиниката за инфективни болести

Објавено пред

Пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, која трае веќе една година, со сигурност наметна нови предизвици и тешкотии во секојдневното функционирање, но сепак најголемиот товар го носат здравствените работници, а со тоа и здравствениот систем.

Во време на криза која е резултат од пандемијата, како знак на поддршка на здравствениот систем и на здравствените работници, финтек-компанијата Credissimo која применува општествено одговорни практики, во период од две недели ќе донира вкусен топол оброк за сите вработени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, под мотото „Топол оброк навреме“. Ваква иницијатива компанијата спроведе и во другите држави каде што е присутна: Бугарија, Полска и Колумбија.

На овој начин, компанијата сака да оддаде почит за трудот и работата на лицата кои и покрај директната изложеност на вирусот и големиот ризик за сопственото здравје и здравјето на своите блиски, безрезервно се борат за здравјето на своите граѓани. Со оваа иницијатива, Credissimo ќе даде свој удел во намалување на последиците од вирусот Kовид-19.

Денес на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, тимот од Credissimo лично се погрижи за ручекот на вработените, искажа благодарност за трудот што медицинскиот персонал несебично и секојдневно го вложува и им посака да продолжат со одличната работа.

Верувам дека со оваа наша постапка ќе му помогнеме на персоналот на Клиниката кој е на првата борбена линија со вирусот Ковид-19 и ќе ги мотивираме да продолжат неуморно и професионално да ја работат својата работа како и досега. Се надевам дека ќе ја почувствуваат нашата безрезервна поддршка, бидејќи во моментов, тоа е и најпотребно, изјави Георги Руков, директорот на ФД Кредисимо.

Credissimo е веќе 5 години присутен во Македонија и со оваа донација го означуваме почетокот на голем број на активности од општествена одоговорност, изјави Георги Руков, директорот на ФД Кредисимо.

Со цел одржување на оперативната одговорност и подготвеност на здравствениот систем во земјава, од 22 февруари, па сè до 7 март, вработените ќе бидат обезбедени навреме со топол оброк за својата пауза.

Голема благодарност до компанијата Credissimo кои покажаа голема хуманост како општествено одговорна компанија и дадоа свој придонес на нашата клиника. Со ваков потег со кој компанијата донираше топол оброк во период од 2 недели се укажува на едно признание кон работата на нашиот персонал кои цела година наназад напорно работи и се вложува, изјави директорката од Клиниката за инфективни болести -Др сци. Мирјана Пехчевска Поп Илиев.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Македонија

Мијалков со силно полициско обезбедување пристигна во судот

Објавено пред

Сашо Мијалков со засилено полициско обезбедување е спроведен во кривичниот суд во Скопје, каде што треба да биде соопштена пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“. Од домот на Водно, каде  што издржува куќен притвор, тој беше донесен со полициско комбе. Придружуван беше од десетина полицајци, кои го следеа комбето со три возила.

Мијалков молчешкум помина покрај новинарите, без да одговори дали очекува осудителна пресуда. Когa влезе во холот на судот, се поздрави со судската полиција, а во холот каде што стоеја бројни новинари и јавност која ќе го следи судењето настана молк.

Прикажи повеќе...

Македонија

Засилено полициско обезбедување околу кривичниот суд, се чека пресуда за „Таргет-Тврдина“

Објавено пред

Десетици полицајци се распоредени околу кривичниот суд, непосредно пред спроводот на обвинетиот Сашо Мијалков од куќен притвор. Речиси сите полицајци го обезбедуваат просторот позади судот, на улицата од каде поминуваат возилата со кои Мијалков ќе биде донесен. Освен униформирани полицајци, има и цивили. На Мијалков и на останатите 11 осомничени ќе треба да им биде изречена пресуда за предметот „Таргет-Тврдина”, поврзан со масовното нелегално прислушување.

Мијалков два дена беше недостапен за полицијата, која во неделата го бараше да му врачи решение за куќен притвор поради опасност од бегство издадено од кривичниот суд. Мерката беше побарана од Обвинителството, откако обвинителката Вилма Русковска доби информации дека тој ќе се даде во бегство. По него беше распишана меѓународна потерница. Во вторникот, Мијалков сам се појави пред Обвинителството, објаснувајќи дека имал висока температура па се изолирал поради сомневање дека е заразен од коронавирус. Никој не објасни каде се изолирал Мијалков. Обвинителката Русковска кажа дека не му верува на објаснувањето кое го даде и неговиот адвокат Петар Василев.

Судот по три години судење, ќе изрече пресуда за предметот „Таргет-Тврдина“, поврзан со масовното нелегално прислушкување од 2008 до 2015 година. Обвинети во процесот се ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков поради прислушувањето и уништувањето на системите, ексминистерката Гордана Јанкуловска за уништувањето на системите, началникот на петтата управа Горан Грујевски, кој учествувал во прислушувањето, и службеници во УБК. За уништувањето на опремата за да се прикрие дека УБК прислушувало му се суди и на Тони Јакимовски, шеф во кабинетот на Мијалков во УБК.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Мијалков со силно полициско обезбедување пристигна во судот

Сашо Мијалков со засилено полициско обезбедување е спроведен во кривичниот суд во Скопје, каде што треба да биде соопштена пресудата...

Свет56 минути

Кина одобри уште две вакцини против коронавирус

Кина одобри употреба на уште две вакцини против коронавирус. За вакцината„Кансино е потребна само една доза и, како што е...

Свет2 часа

Бразил не знае што да прави со мутациите, калифорнискиот вид е најопасен

Бразил се соочува со нова фаза на пандемијата со мутирани варијанти на Ковид-19, три пати позаразни, рече министерот за здравство....

Свет2 часа

Воздушни напади во Сирија по наредба на Бајден

Американската армија изврши воздушни напади во источна Сирија по наредба на претседателот eо Бајден врз објекти за кои Пентагон вели...

Македонија3 часа

Затворени повеќе улици во Скопје поради протест за „Монструм“

Во Скопје ќе важи посебен режим на сообраќај поради протест за пресудите во случајот „Монструм“. Роднини на осудените, во вторникот,...

Свет13 часа

Меркел најави дигитални сертификати за вакцинација во ЕУ

Германската канцеларка, Ангела Меркел, вели дека дигиталните сертификати за вакцинација, кои ќе им овозможат на луѓето да патуваат во Европа...

Македонија16 часа

Потврдени 582 нови случаја на коронавирус во Македонија, починаа 13 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.972 тестирања, а регистрирани се 582 нови случаи на...

Македонија17 часа

(Видео) Заев за случајот со Мијалков: Испратена е порака дека системот функционира

Испратена е пораката дека системот функционира. Треба да знаат граѓаните дека сме на добар пат во јакнењето на правниот систем,...

Македонија19 часа

Тројца кумановци формирале терористичка група по примерот на Исламската држава

Тројца кумановци се обвинети за тероризам и формирање ќелија по примерот на познатата терористичка организација Исламска држава. Во терористичката група...

Македонија24 часа

Денеска и утре состаноци на мешовитата комисија со Бугарија, ќе се разговара за Гоце Делчев

Учебниците за седмо одделение и прашањето за ликот и делото на Гоце Делчев се очекува да бидат ставени „на маса“...

Македонија24 часа

Почната постапката за набавка на 100.000 дози од руската вакцина

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека вчера Владата го овластила да потпише договор за набавка на руската вакцина. „Станува...

Македонија24 часа

Со британскиот вид се заразени 70 проценти од тестираните во „Жан Митрев“

Британскиот вид на коронавирусот е присутен во 70 отсто од случаите, покажале испитувањата на Клиничката болница „Жан Митрев’, кои денеска...

Македонија1 ден

Захариева: Нема да подлегнеме на притисок за Северна Македонија, ЕУ не е Југославија

Бугарија нема да подлегне на притисок за интеграциите на Северна Македонија, изјави за БТВ вицепремиерката и министерка за надворешни работи,...

Европа1 ден

ЕУ е поделена околу сертификатот за вакцинација

Европските лидери денес ќе одржат состанок со цел да се договорат за сертификатите за граѓаните на Европската Унија кои биле...

Регион1 ден

Бугарија ја критикувa „Астразенека“ за доцнењето со вакцините: „Ни ја зедовте надежта“

Бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов, ја критикуваше „Астразенека“ за неуспехот да ја испочитува договорената испорака на вакцини. Бугарија исто...

Европа2 дена

Истражување: Британскиот сој на вирусот 64 отсто ги зголемува шансите заразените да завршат во болница

Луѓето инфицирани со позаразната варијанта на коронавирусот, која првпат беше откриена во Велика Британија, имаат поголем ризик од хоспитализација, покажа...

Македонија2 дена

13 починати и 725 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на...

Македонија2 дена

Филипче: Немам информации дали Мијалков се тестирал и дали пријавил самоизолација

Министерот за здравство, Венко Филипче, нема информации за тоа дали поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков се тестирал за...

Топ2 дена

(Видео) Вработени во фабрика за канабис во Кочанско ја продавале дрогата нелегално

Тројца вработени во фабриката за канабис за медицински цели во кочанското село Уларци одгледувале марихуана за продажба на нелегалниот пазар....

Свет2 дена

Вакцината на „Синофарм“ е 72,51 процент ефикасна против коронавирусот

Подружницата на „Синофарм“ при Институтот за биолошки производи во Вухан денес објави дека нејзината вакцина против Ковид-19 покажала дека во...

Досие